Киша (Вешала)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Киша

Карта

Местоположба 42°3′38″N 20°50′48″E / 42.06056° СГШ; 20.84667° ИГД / 42.06056; 20.84667
Основни податоци
Место Вешала
Општина Тетово
Тип

 некропола


Период непознат период
Портал „Археологија“

Киша — археолошко наоѓалиште, т.е. некропола во тетовското село Вешала. Наоѓалиштето е сместено во близина на селото на истоименото место.[1] Името доаѓа од албанскиот збор Kisha, што значи црква. За првпат ова наоѓалиште било отркриено во 1982 година при изградбата на локалниот пат ВешалаБозовце[2]. Тогаш биле откриени гробови со камени плочи со дебелина од 8 до 10 сантиметри. Бидејќи на нив немало никакви натписи, без претходно да се направат археолошки и антрополошки истражувања не можело да се потврди од кога потекнуваат и кој ги направил. При повторно проширување на истиот пат, во 2007 година, багерите на градежната фирма наишле на камени плочи и скелети. Поради немање на финансиски средства, Музејот на тетовскиот крај не бил во можност да врши понатамошни испитувања[2]. Камените гробови се од типот циста и се направени од неклесани камени плочи кои се наредени во редови.[2]

Наводи

уреди
  1. Trifunovski, Jovan F. (1976). Polog (Etudes Anthropogeographiques) (1. изд.). Belgrad: Academie Serbe des Sciences et des Art.
  2. 2,0 2,1 2,2 И.Ц. (24 август 2007). „ПО ОТКОПУВАЊЕТО НА ГРОБНИЦА ВО ТЕТОВСКО -Гробовите во Вешала се' уште мистерија“. Дневник. Посетено на 2010-11-06.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди