Ветерски манастир
Ветерски манастир наречен „Св. Јован Ветерски“ или „Св. Јован Крстител“ — православен манастир кај селото Ветерско, Општина Велес. Му припаѓа на Велешкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.
Поглед на манастирската црква „Св. Јован Ветерски“ | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Манастир „Св. Јован Крстител“ |
Други имиња | Манастир „Св. Јован Ветерски“ |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Основан | византиско време 1670 (обнова) |
Посветен на | Јован Крстител |
Епархија | Повардарска |
Цркви | „Св. Јован Ветерски“ |
Личности | |
Место | |
Место | Ветерско, Општина Велес, Македонија |
Координати | 41°49′42″N 21°41′21″E / 41.82833° СГШ; 21.68917° ИГД |
Други информации | (Башиноселска парохија) |
Местоположба
уредиМанастирот се наоѓа северозападно од селото, на подножјето на ридестата месност Осој, на стотина метри од патот Велес - Скопје (магистралата А1). Преку автопатот и реката Пчиња, на запад се наоѓа Кожленскиот манастир („Рождество на пресв. Богородица“).
Историја
уредиЗасега не се пронајдени писмени извори за настанокот на манастирот. Се претпоставува дека византиско време поради архитектонските одлики на манастирската црква „Св. Јован Крстител“. Според натписот над црковниот влез, храмот е „изграден“ во 1670 г. под водство на епископот Јосиф Велешки. Натписот е на црковнословенски, што покажува дека владиката, иако бил Грк, дозволувал да се пишува на словенски. Веројатно е дека година храмот бил само обновен, бидејќи во тоа време турските власти ретко дозволувале подигање на нови христијански храмови.[1][2]
Црква
уредиМанстирската е мала и е темна. Околу црквата има конак, камбанарија и други придружни градби.
Слики
уреди-
Порта
-
Страничен поглед на црквата
-
Камбанаријата
-
Поглед во црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Манастир Јован Крстител - Ветерско“. Повардарска епархија. 20 ноември 2007. Посетено на 14 февруари 2014.
- ↑ Снегаровъ, Иванъ (1932). История на Охридската архиепископия-патриаршия, Tом 2. Отъ падането ѝ подъ турцитѣ до нейното унищожение (1394–1767 г.). София – Печатница П. Глушковъ: Македонски наученъ институтъ. стр. 214–215.
Надворешни врски
уреди- Ветерски манастир на Ризницата ?