Вентотене (латински: Pandataria или Pandateria од старогрчки: Πανδατερία translit. Pandatería или Πανδατωρία translit. Pandatoría[1], локално: Vientutene) - еден од Понцијанските Острови во Тиренското Море, 46 километри во близина на брегот на Гаета, веднаш на границата помеѓу Лацио и Кампанија, Италија. Општината Вентотене во провинцијата Латина (Лацио) имала 708 постојани жители на пописот од 2008 година.

Вентотене
Ventotene
општина
Општина Вентотене
Вентотене во провинцијата Латина
Вентотене во провинцијата Латина
ЗемјаИталија
РегионЛацио
ПокраинаЛатина (LT)
Површина
 • Вкупна1,54 км2 (59 ми2)
Надм. вис.&1000000000000001800000018 м
Население (30 април 2008)
 • Вкупно708
 • Густина4,6/км2 (12/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.04020
Повик. бр.0771
Светец-заштитникСвета Кандида
Слава19 септември
Мреж. местоМатична страница

Географија

уреди

На островот има остатоци од стар вулкан[2] Неговата должина изнесува 3 километри и максимална ширина од околу 800 метри.

Општината го вклучува и малиот остров Санто Стефано, кој се наоѓа 2 километри на исток, каде се наоѓа еден голем затвор, сега затворен. Подалечниот остров, Понца се наоѓа 40 километри на запад.

Историја

уреди
 
Мапа со приказ на Вентотене и Санто Стефано

Римското Царство

уреди

Пандатарија е најдобро познат како остров на кој на царот Август ја протерал својата ќерка Јулија Постарата во 2 година п.н.е., како реакција на нејзината прекумерна прељуба. Подоцна, во 29 година, царот Тибериј ја протерал внуката на Август, Агрипина Постарата,[3] кој умрела веројатно од неисхранетост, на 18 октомври 33 година. Откако синот на Агрипина Постарата, Гај, (попознат како Калигула), станал император во 37 година, тој отишол на Пандатарија да ги собере нејзините посмртни останки и да ги донесе назад во Рим. Најмалата ќерка на Агрипина Постарата, Јулија Ливила, била протерана на Пандатарија двапати: првпат од страна на нејзиниот брат Калигула за заговор против него, а вториот пат од страна на нејзиниот чичко, царот Клаудиј, на иницијатива на неговата сопруга, Месалина, во 41 година.

Некаде подоцна, Јулија Ливила била дискретно изгладнувана до смрт и нејзините останки веројатно биле донесени назад во Рим, кога нејзината постара сестра Агрипина Помладата станала влијателна како сопруга на Клаудиј. Уште една истакната дама на династијата Јулиј-Клаудиј, Клаудија Октавија, која била првата жена на царот Нерон, била протерана аа Пандатерија во 62 година и потоа погубена по наредба на нејзиниот сопруг.[4]

Ова исто така е островот на кој била протерана Св. Флавија Домитила, внуката на царот Веспазијан.

Дваесетти Век

уреди

Затворски камп бил создаден под Бурбонците и преструктуиран под Бенито Мусолини на соседниот остров Санто Стефано. Таму имало до 700 затвореници, вклучувајќи 400 комунисти, помеѓу 1939 и 1943 година. Еден од нив бил Алтиеро Спинели кој таму го напишал текстот сега познат како "Вентотенски манифест", промовирајќи ја идејата за федерална Европа по војната.

За време на Втората светска војна, островот служел како дом на германски гарнизон со 114 луѓе, кој бранел клучна радарска станица. Ноќта на 8 декември[5], 1943, Американски патролен чамец (PT boat) неприметено стигнал на пристаништето во Вентотене заедно со 46 американски падобранци од 509-ти падобрански пешадиски баталјон, предводен од американскиот поморски поручник (и глумец) Даглас Фербенкс Џуниор, кој бил тактички командант на обучени командоси. Вентотене бил ослободен во акција изведена во 3 часот изутрина без ниту еден испукан куршум. Приказната е раскажана од страна на Џон Штајнбек во Еднаш си беше една војна.[5]

Во август 2016 година, италијанскиот Премиер Матео Ренци се сретнал со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд на Вентотене, за положување венец на гробот на Алтиеро Спинели и ревидирање на политиката на Европската Унија во однос на претстојното британско повлекување од ЕУ (познато како Брегзит).[6]

 
Римското пристаниште во Вентотене, Понцијански Острови, Италија

Сообраќај

уреди

Островот е поврзан со ферибот и хидрофоил услуга за Формиа и Анџио. Ова е дополнето со летните услуги од и кон Искја.

Главни знаменитости

уреди

Пристаништето зачувало туф на стари римски структура. На островот исто така останале и вили и голем површинскисистем на канали за собирање дождовница, бидејќи на островот нема природни извори питка вода, која денес се носи со танкер.

Во јули 2009 година, археолозите го објавиле откривањето на пет одамна потонати римски бродови во длабоките води околу Вентотене, со нивниот товар маслиново масло, гарум и метални инготи.[7][8] Еден брод бил товарен со вид сад кој се нарекува мортариум, во кој храната се ставала во земја.[8]. Некои од најдените предмети веднаш биле поставени да се видат во Вентотене.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. W. Pape; Gustav Eduard Benseler (1884). Wörterbuch der griechischen Eigennamen (германски). F. Vieweg. стр. 1121.
  2. Annamaria Perrotta; Claudio Scarpati; Lisetta Giacomelli; Anna Rita Capozzi (1996). „Proximal facies of a caldera forming eruption: the Parata Grande Tuff at Ventotene Island (Italy)“. Journal of Volcanology and Geothermal Research. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на 2010-12-18.
  3. Tacitus. The Annals. 1.53 .
  4. Tacitus. The Annals. 14.63-64 .
  5. 5,0 5,1 John Steinbeck (1958). Once There Was a War.
  6. Nick Squires; Peter Foster (22 August 2016). „Renzi, Hollande and Merkel head to birthplace of European project to map out post-Brexit future“. The Telegraph. Посетено на 23 August 2016.
  7. „Ancient Roman shipwrecks found“. BBC News. 24 July 2009. Посетено на 2010-11-19.
  8. 8,0 8,1 "Lost Ships of Rome". Secrets of the Dead. Archived from the original on 2010-11-14. Retrieved on 2010-11-19. Архивирано на 14 ноември 2010 г. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-11-14. Посетено на 2018-12-27.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски

уреди