Понцијански Острови

Понцијанските Острови (италијански: Isole Ponziane) се архипелаг во Тиренското Море во близина на западниот брег на Италија. Островите биле колективно именувани по најголемиот остров во групата, Понца. На другите острови во архипелагот се Палмарола, Ѕаноне и Гави на северозапад, Вентотене и Санто Стефано на југоисток. Највисока точка е Монте Гвардија, 283 м., надморска височина.[1]

Понцијански Острови
Isole Ponziane
Авионски поглед на островите
Островите во Туренското Море
Географија
МестоТиренско Море
Координати40°53′5″N 13°9′15″E / 40.88472° СГШ; 13.15417° ИГД / 40.88472; 13.15417
Вкупно острови6
Поголеми островиПонца - Вентотене
Највисоко место280 м
Држава
Италија
Демографија
Население4066 (2009)
Јазицииталијански јазик

Архипелагот е вулкански и бил ненаселен со илјадници години. Неолитски артефакти и бронзеновременски опсидијани биле откопани на бреговите на островите. На островите живееле порано Етрурците кои оставиле траги на "сините пештери".[2] Најраната пишана историја на островите била кога Римјаните ги победиле Волските во 338 година п.н.е. Според локалната легенда, тука некогаш било изгубеното Кралство Тиренија кое потонало во тесниот појас поврзан со копното на Италија.

Во римско време Октавијан Август, поттикнал населување на островите била поттикната и луѓе се населиле од Понца до Вентоне. Рим ги користел двата острова како места за повлекување по битка и како место за егзил на политички неподобните граѓани. Две илјади години подоцна, островите биле користени за истата причина од страна на фашистичкиот режим. Агрипина Помладата, мајката на идниот римски цар Нерон, била протеран на Понцијанските Острови од страна на нејзиниот брат, подоцна и Римскиот цар Калигула, во 39 година. Папата Свети Силвериј бил протеран тука во 537 каде што наскоро и умрел.

Понцијанските Острови биле напуштени во Средниот Век, поради постојаните напади од страна на Сарацените и пиратите. Во текот на 18 век, Кралството Неапол одново ги населил островите и тие подоцна станале дел од Кралството на Италија.

Островите Понца и Вентотене се населени, додека помалите острови остануваат ненаселени. Копното и морето на Вентатоне и Санто Стефано се заштитени области и под надзор на италијанската држава.

Во моментов, мали лозја, диви билки и цвеќиња, скриени плажи и пештери ги прават островите популарно туристичко одредиште.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Ponza Islands | islands, Italy“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2018-12-23.
  2. Lillie, Barry (2014-07-23). „The Pontine Islands“. ITALY Magazine (англиски). Посетено на 2018-12-23.

Надворешни врски

уреди