Санто Стефано
Санто Стефано (италијански: Isola di Santo Stefano) — остров во Тиренскоро Море во близина на западниот брег на Италија и дел од Понцијанските Острови. Тој има кружна форма и е помал од 400 метри во пречник. Островот се наоѓа 2 километри источно од соседниот остров Вентотене.
Isola di Santo Stefano | |
---|---|
Санто Стефано и Понцијанскиот архипелаг | |
Географија | |
Место | Тиренско Море (Средоземно Море) |
Координати | 40°47′22″N 13°27′15″E / 40.78944° СГШ; 13.45417° ИГД |
Архипелаг | Понцијански Острови |
Површина | 2,7 км2 |
Држава | |
Регион | Лацио |
Провинција | Латина |
Демографија | |
Население | 0 |
Дополнителни податоци | |
Часовен појас |
Географија
уредиКако и остатокот од архипелагот, на островот бил создаден од вулканска активност.
Историја
уредиНа него се наоѓа еден стар затвор изграден од страна на Бурбонците, завршен во 1797 година и пуштен во употреба до 1965 година. Затворот има 99 ќелии околу една централна кула. Изграден за 600 затвореници, имал во 1817 година тој имал 800 затвореници (и 400 на Вентотене). Помеѓу затворениците биле Кармине Кроко, најважниот одметник за време на италијанското обединување и анархистот Гаетано Брески, кој го убил кралот Умберто I во 1900 година. Тој бил затворен таму една година пред да биде пронајден обесен во неговата ќелија.
За време на фашистичкиот режим, затвореници на островот биле идниот претседател на Италија Сандро Пертини, Умберто Терачини, Џорџо Амендола, Лелио Басо, Мауро Скочимаро, Џузепе Ромита, Алтиеро Спинели и Ернесто Роси.
Во октомври 1860 година, дел од бурбонските војници го напуштиле островот заради опсадата на Гаета. За време на некој бунт, некои Камора затвореници прогласиле Република Санто Стефано. Затворениците донеле статут и останале автономни до јануари 1861 година кога морнарицата го преземала островот.
Демографија
уредиНа островот има неколку имиња, како што се Пантенопе, Палмоза, Домо Стефане и Борка од римско време.
Ненаселен е од затворањето на затворот, освен за туристите кои го посетуваат со брод во текот на денот.
Островот бил ставен на продажба во 2012 година за цена од €20,000,000.[1] Во продажбата не е вклучен затворот.
Див свет
уредиНа овој остров порано живеел ендемски гуштер, сантостефанов гуштер (Podarcis sicula sanctistephani). Тој станал изумрен во 1965 година, веројатно поради дивите мачки и видовите змии.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Rightmove.co.uk“. www.rightmove.co.uk. Архивирано од изворникот на 2015-05-01. Посетено на 2018-12-26.
- ↑ David Day, 1981, The Doomsday Book of Animals, Ebury Press, London.
Надворешни врски
уреди- Санто Стефано на Ризницата ?