Валерија Месалина

Валерија Месалина,[1] понекогаш наречена само Месалина, (околу 17/20–48) била трета сопруга на царот Клавдиј. Таа била роднина по таткова страна со царот Нерон, втора братучетка на царот Калигула, и пра-правнука на царот Август. Била моќна и влијателна жена, јавно промискуитетна, наводно во завера против својот сопруг, заради што била погубена. Нејзиниот озлогласена репутација може да е резултат на политиката, но уметничките дела и литературата ја овековечиле до денес.

Валерија Месалина
На престол24 јануари 41 – 48
Роден(а)25 јануари 17 или 20 година
Рим, Римско Царство
Починал(а)48 (старост 31 или 28)
Рим, Римско Царство
СопружникКлавдиј
ДецаКлавдија Октавија
Британик
ДинастијаЈулијанско-клаудиска династија (според бракот)
Валерија (според раѓање)
ТаткоМаркус Валериј Месала Барбатус
МајкаДомитија Лепида помладата

Потекло

уреди
 
Месалина го држи во рацете својот син Британик, Лувр

Месалина била ќерка на Домитија Лепида помладата и нејзиниот роднина Маркус Валериј Месала Барбатус.[2][3] Мајка ѝ била најмладо дете на конзулот Луциј Домитиј Ахенобарбус и Антонија. Татко ѝ бил првиот сопруг на Агрипина Помладата и биолошки татко на идниот цар Нерон, поради што Месалина и Нерон биле во најблиско сродство и покрај разликата од 17 години.

Малку се знае за животот на Месалина пред бракот со Клавдиј, во 38 година, кој тогаш бил на околу 48 годишна возраст. Во тој брак се родени две деца: ќерка Клавдија Октавија (роден во 39 или 40 година), идна царица, полусестра и прва сопруга на царот Нерон; и синот Британик. Кога во 41 година е убиен царот калигула, преторијанците го прогласиле Клавдиј за нов император. Така Месалина станала царица.

Угледот на Месалина

уреди

Како се здобила со моќ, Месалина влегла во историјата како немилосрдна, граблива и сексуално ненаситна. Нејзиниот сопруг е претставен како таа лесно го води, и е несвесен на нејзините прељуби. Во 48 година од нашата ера, тој заминал на пат, и бил известен кога се вратил дека Месалина отишла дотаму, што се венчала со својот љубовник, сенаторот Гај Силиј. Царот ѝ дал уште една шанса. Сметајќи го ова за слабост, главниот на неговите офицери наредил Месалина да биде убиена. Откако царот чул за ова, не рекол ништо, туку едноставно побарал уште еден пехар вино. Сенатот наредил името на Месалина да се отстрани од сите јавни и приватни места, како и сите нејзини статуи.

 
Месалина во бордел, од Агостино Карачи, крај на 16 век.

Историчарите кои ги пренесле приказните за Месалина, посебно Такит и Светониј, ги пишувале 70 години после настаните. Такит тврдел дека го пренесува она што го чуле и напишале постарите, без да именува извор, освен сеќавањата на Агрипина Помладата.[4] Сè уште е тема за дебатирање дали она што се пренесува како историја е всушност резултат на политичките казни по нејзината смрт.[5]

Обвинувања за сексуално претерување биле испробан политички рецепт.[6] Две приказни се посебно злобни. Едната приказна зборува за дено-ноќен натпревар меѓу Месалина и една проститутка, кој траел 24 часа, и во кој Месалина победила со резултат од „секс со 25 партнери“.[7] Поетот Јувенал запишал уште една популарна приказна за Месалина во неговите Сатири, во која се вели дека царицата ноќе работела во бордел под името Волчица.[8] Тој исто така кажува дека таа го прислувала Гај Силиј да се разведе од својата сопруга и да се ожени со неа.[9]

Наводи

уреди
  1. Prosopographia Imperii Romani V 161
  2. Prosopographia Imperii Romani V 88
  3. Suetonius, Vita Claudii, 26.29
  4. K.A.Hosack, “Can One Believe the Ancient Sources That Describe Messalina?“
  5. Harriet I. Flower, The Art of Forgetting: Disgrace and Oblivion in Roman Political Culture, University of North Carolina 2011
  6. Thomas A. J. McGinn, Prostitution, Sexuality, and the Law in Ancient Rome, Oxford University 1998
  7. Online translation, X ch.83
  8. Poetry in translation, VI.114-135
  9. Translation by A. S. Kline, lines 329-336