Велики Преслав
Велики Преслав (бугарски: Велики Преслав) е град во источна Бугарија и претставува административен центар на општина Велики Преслав. До 1993 година се вика Преслав и во историјата е познат како втора престолнина на Бугарија меѓу 893-972 г. Во градот се наоѓа археолошки музеј и тврдина. Особено голем процвет достигнува во времето на ханот Омуртаг како воен лагер со гарнизон.
Велики Преслав Велики Преслав | |
---|---|
Држава | Бугарија |
Област | Шумен |
Надм. вис. | 92 м |
Население (2009-12-31)[1][2][3] | |
• Градско | 8,951 |
• Градскo | 14.960 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Поштенски број | 9850 |
Повик. бр. | 0538 |
Денес градот брои околу 9.000 жители.
Историја
уредиЦарот Симеон Велики ја преместил престолнината од Плиска во Преслав. Во градот настанал т.н. „златен век“ на бугарската култура. Се развиле најмногу литературата, архитектурата и уметноста. Биле изградени голем број христијански храмови, а престолнината била направена по урнек на Цариград. Од Плиска во Преслав била преместена и Преславската книжевна школа.
Личности поврзани со Преслав
уреди- цар Симеон I (893-927)
- цар Петар I (927-969)
- цар Борис II (969-971)
- цар Роман (978-991)
- цар Пресијан II 1018
- цар Петар II (1040-1041)
- цар Петар III (1072)
- Наум Охридски
- Константин Преславски
- Црноризец Храбар
- Јован Егзарх
- Презвитер Козма
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ (англиски) Bulgarian National Statistical Institute – Bulgarian towns in 2009 Архивирано на 13 ноември 2010 г.
- ↑ (англиски) „WorldCityPopulation“
- ↑ „„pop-stat.mashke.org"“.
Надворешни врски
уреди- Музеј Велики Преслав Архивирано на 17 јули 2012 г.
- „Велики Преслав - Златниот главен град“, Велиана Христова Архивирано на 26 мај 2007 г.