Ватенфал Класик 2013
Ватенфал Класик 2013 било 18. издание на еднодневната велосипедска трка Ватенфал Класик. Била одржана во и околу Хамбург, Германија, на 25 август на растојание од 246 километри и била дваесет и трета трка во сезоната на Светската турнеја.
Светска турнеја на UCI 2013, трка 23 од 28 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Date | 25 август 2013 | ||
Растојание | 246 км | ||
Време | 5ч 45' 16" ( км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Џон Дегенколб (Германија) | (Аргос-Шимано) | |
Втор | Андре Грајпел (Германија) | (Лото-Белисол) | |
Трет | Александер Кристоф (Норвешка) | (Катјуша) | |
Во масовна спринтерска завршница, трката била освоена од возачот на Аргос-Шимано Џон Дегенколб, Дегенколб завршил пред возачот на Лото-Белисол Андре Грајпел и возачот на Катјуша Александер Кристоф, кој го заокружил подиумот.
Екипи
уредиБидејќи Ватенфал Класик бил настан од Светската турнеја на UCI, сите 19 UCI World Tour екипи биле автоматски повикани и се обврзани да испратат екипа. Две други екипи, Тим НетАп-Ендура и МТН Кубека, биле поканети со специјални покани на трката и со тоа била создадена групата од 21 екипа.
Екипите кои настапиле на трката биле:
† = Поканети професионални континентални екипи.
Резултати
уредиВелосипедист | Екипа | Време | Бодови за Светската турнеја | |
---|---|---|---|---|
1 | Џон Дегенколб (ГЕР) | Аргос-Шимано | 5ч 45' 16" | 80 |
2 | Андре Грајпел (ГЕР) | Лото-Белисол | и.в. | 60 |
3 | Александер Кристоф (НОР) | Катјуша | + 1" | 50 |
4 | Хосе Хоакин Рохас (ШПА) | Мовистар Тим | + 1" | 40 |
5 | Елија Вивијани (ИТА) | Канондејл | + 1" | 30 |
6 | Бој ван Попел (ХОЛ) | Вакансолел-ДКМ | + 1" | 22 |
7 | Николас Мес (БЕЛ) | Омега Парма-Квик Степ | + 1" | 14 |
8 | Тор Хушовд (НОР) | Аксент Џобс-Ванти | + 1" | 10 |
9 | Мати Брешел (ДАН) | Тим Саксо-Тинкоф | + 1" | 6 |
10 | Арно Демар (ФРА) | FDJ.fr | + 1" | 2 |