Нова Чешма (Бурилчево)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Нова Чешма“
| |
Местоположба | 41°50′33″N 22°17′45″E / 41.84250° СГШ; 22.29583° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Бурилчево |
Општина | Чешиново-Облешево |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Нова Чешма — археолошко наоѓалиште во кочанското село Бурилчево. Претставува населба и некропола од римското време. На влезот во селото, лево од денешната чешма има рамнина што благо се спушта кон долината на Брегалница. Во нивата на еден селанец, со земјоделските работи биле откривани темели од објекти ѕидани од камен и варов малтер. Оттука потекнуваат дел од стебло на столб, мермерен блок со релјефна претстава на коњаник (Тракиски коњаник) и капак од детски саркофаг од мермер. Релјефот е соѕидан во куЌата на сопственикот на нивата, а капакот подоцна го откупил Музејот од Штип.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 174. ISBN 9989649286.
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |