Изернхаген (германски: Isernhagen) — општина во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа североисточно од покраинскиот главен град Хановер.

Изернхаген
Воздушен поглед на Изернхаген
Воздушен поглед на Изернхаген
Грб на Изернхаген
Изернхаген во рамките на Германија
Изернхаген
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Хановер
Месни единици 7
Градоначалник Арпад Богја (ДХС)
Основни податоци
Површина 59,72 км2
Надм. височина 58 м
Население 24.279 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 407 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. H
Пошт. бр. 30916
Повик. бр. 0511, 05136, 05139
Портал www.isernhagen.de
Местоположба на Изернхаген во рамките на округот Хановер
Карта
Координати 52°26′3″N 9°51′26″E / 52.43417° СГШ; 9.85722° ИГД / 52.43417; 9.85722Координати: 52°26′3″N 9°51′26″E / 52.43417° СГШ; 9.85722° ИГД / 52.43417; 9.85722

ЕтимологијаУреди

Првиот дел на името потекнува од зборот Изер или Изерне, што означува „железо“. Во средниот век, железна руда била откопувана долж реката Вице. Била топена на местото и користена како градежен материјал. Вториот дел од името Хагене или Хаген опишува дел од низина или обработлива површина, вообичаена за оградување од животни на фармите.

ГеографијаУреди

Изернхаген се граничи со Бургведел, Бургдорф (Хановер), Лерте, Хановер, Лангенхаген и Ведемарк (од север, надесно). Изернхаген се наоѓа на јужниот раб од Линебуршкото Поле.

Општински единициУреди

Изернхаген се состои од следниве места:

  • Нидернхегенер Бауершафт
  • Кирхер Бауершафт
  • Фарстер Бауершафт
  • Хоенхорстер Бауершафт
  • Алтвармбихен
  • Нојвармбихен
  • Кирхорст

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)

Надворешни врскиУреди