Бургведел
Бургведел (германски: Burgwedel) — град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 15 километри североисточно од покраинскиот главен град Хановер.
Бургведел
Burgwedel | |
Поглед на Градското собрание на градот Бургведел | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Хановер |
Градски единици | 7 |
Градоначалник | Аксел Дикер (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 151,96 км2 |
Надм. височина | 53 м |
Население | 20.506 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 135 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | H |
Пошт. бр. | 30938 |
Повик. бр. | 05139, 05135 (Фурберг) |
Портал | www.burgwedel.de |
Местоположба на градот Бургведел во рамките на округот Хановер | |
Координати | 52°29′36″N 9°51′31″E / 52.49333° СГШ; 9.85861° ИГД |
Географија
уредиВодни површини
уредиПриродни водотеци се реката Вице, која тече во западниот дел на градот, како и потоците Вулбек и Хенгстбеке.[2]
Во близина на градот се наоѓаат две мали вештачки езера, кои денес се користат за туристички цели: Вирмско Езеро и Шпрингхорстско Езеро. Вирмското Езеро во текот на 2014 година целосно се исушило.[3] На почетокот на 2016 година поголема површина била покриена со вода, со што отпочнал процесот за спас на езерото.[4]
Соседни општини
уредиБургведел се граничи на запад со општината Ведемарк, на југ со општината Изернхаген, на исток со градот Бургдорф и на север со округот Целе.
Градски единици
уредиБургведел се состои од седум градски единици:
- Енгензен (околу 1.440 жит.), со местото Лаберг
- Фурберг (околу 2.127 жит.)
- Гросбургведел (административно седиште, 9.594 жит.)
- Клајнбургведел (околу 2.492 жит.), со населбите Миленберг, Хајдевинкел, Вице и Вирмзе
- Олдхорст (околу 115 жит.)
- Тензе (околу 1.548 жит.)
- Ветмар (околу 3.507 жит.), со населбите Тексас и Вулфсхорст
Меѓународни односи
уредиЗбратимени градови
уредиБарзингхаузен е збратимен со следниве градови:
Познати луѓе
уреди- Карл фон Алтен (1764-1840) — генерал и државник
- Ото Велер (1894-1987) — генерал и воен злосторник
- Валмир Сулејмани (р. 1996) — фудбалер
- Карстен Фридрих Хопенштет (р. 1937) — политичар
- Вили Рајман (р. 1949) — фудбалер и тренер
- Гундис Замбо (р. 1966) — глумица
- Мике Ханке (р. 1983) — фудбалер
- Кристијан Вулф (р. 1959) — политичар и поранешен претседател на Германија
- Бетина Вулф (р. 1973) — сопруга на Кристијан Вулф
- Гералд Азамоа (р. 1978) — фудбалер
- Дитер Шацшнајдер (р. 1958) — фудбалер
- Херман Балзен (1927-2014) — стопанственик
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Gemeindekarte Burgwedel. Kartographische Anstalt Hannover. 1987-05-01.
- ↑ Martin Lauber (2014-12-11). „Wo ist das Wasser im Würmsee?“. Hannoversche Allgemeine Zeitung (германски). Архивирано од изворникот на 2017-09-28. Посетено на 2018-07-13.
- ↑ Birgit Schröder (2016-01-16). „2016: Ein neuer Anlauf für die Rettung des Würmsees?“. Marktspiegel Verlag (германски). Архивирано од изворникот на 2018-07-13. Посетено на 2018-07-13.
Надворешни врски
уреди„Бургведел“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)