Лерте
Лерте (германски: Lehrte) — град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 17 километри источно од покраинскиот главен град Хановер. Во XIX век, Лерте бил најважна железничка крстосница во поранешното Кралство Хановер.
Лерте
Lehrte | |
Поглед на Градското собрание | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Хановер |
Градоначалник | Франк Присе (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 127,07 км2 |
Надм. височина | 62 м |
Население | 44.154 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 347 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | H |
Пошт. бр. | 31275 |
Повик. бр. | 05132 |
Портал | www.lehrte.de |
Местоположба на градот Лерте во рамките на округот Хановер | |
Координати | 52°22′0″N 9°58′0″E / 52.36667° СГШ; 9.96667° ИГД |
Географија
уредиГрадски единици
уредиМесто | км² | Жители |
---|---|---|
Алтен | 19,68 | 5.493 |
Алигзе | 5,75 | 1.696 |
Арпке | 10,69 | 2.879 |
Хемелервалд | 18,45 | 4.622 |
Имензен | 19,40 | 2.412 |
Колсхорн | 6,40 | 368 |
Лерте | 20,46 | 23.493 |
Редензен | 4,62 | 238 |
Зиферсхаузен | 6,54 | 2.375 |
Штајнведел | 13,24 | 1.799 |
Алтвармбихенер Мор | 1,83 | – |
(Извор: Површина [состојба: 31.12.2016] и жители [состојба: 31.12.2015][2])
Историја
уредиГрадот првпат бил споменат во документираната историја на областа во 1147 година како релативно мало фармерско село. До 1352 година, кога била изградена црквата „Св. Никола“; месните жители оделе на црковни служби во селото Штајнведел.
Во тоа време, Лерте се наоѓал во историската област позната како Гросен Фрајен, што буквално означува „голема празнина“ и лежел далеку од поголемите сообраќајни правци.
Стопанство
уредиДо 1843 година, Лерте бил скриен од поважните текови, кога започнале работите на пругата Хановер-Брауншвајг, со што Лерте бил поврзан со обата града. Следната година, започнале работите на линиите до Целе (1845), Хилдесхајм (1846) и Берлин (1871).
Кога работите на железничката линија започнале, Лерте имал 755 жители, но 60 години подоцна населението десеткратно се зголемило. Во 1898 година, Лерте добил градски права.
Со железницата започнала да се развива и индустријата, вклучувајќи фабрики за тули, минерални ѓубрива, цемент, конзервирани добра и шеќер. Шеќераната до 2002 година преовладувала во самото средиште на градот.
Во 1910 година, цементарницата била затворена. ВО 1911 година бил основан сточен пазар и Лерте станал најважно место за стока во Северна Германија. Во 1912 година започнало откопување на руда. Во Берлин постои железничка станица „Лерте“, која била отворена во 1871 година како крајна станица на линијата помеѓу Берлин со Лерте и Хановер.
Познати луѓе
уреди- Хајнрих Бокемајер (1679-1751) — музиколог и композитор
- Курт Хиршфелд (1902-1964) — театарски режисер и драматург
- Рајнхард Мај (р. 1942) — пејач и текстописец
- Герхард Шредер (р. 1944) — политичар
- Вернер Лампе (р. 1950) — пливач
- Урсула фон дер Лајен (р. 1958) — политичарка
- Лукас Ригер (р. 1999) — пејач и текстописец
Галерија
уреди-
Водена кула
-
Фестивал во градскиот парк (2012)
-
Црквата во Лерте
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
- ↑ Einwohnerzahlen und Flächen. Архивирано на 19 јуни 2018 г. In: Internetseite der Stadt Lehrte. 31. Dezember 2016, 20. April 2019.
Надворешни врски
уреди- Лерте на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)