Висок Рид (Букри)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Висок Рид

Карта

Местоположба 40°56′51″N 21°30′21″E / 40.94750° СГШ; 21.50583° ИГД / 40.94750; 21.50583
Основни податоци
Место Букри
Општина Битола
Тип

 населба


Период бакарно време
бронзено време
раноантичко време
Портал „Археологија“

Висок Ридархеолошко наоѓалиште во битолското историско село Букри. Претставува населба од бакарно, бронзено и раноантичко време. Се наоѓа на околу 600 м од јужната страна на селото, на десниот брег на Црна Река, каде има тумба со пречник во основата од 70 м и височина од 3 м. Поголем дел од источната половина на тумбата е оштетен со ерозија од реката. Во 1980 година е извршено сондажно ископување при што во културниот слој се утврдени две фази на живеење, како и неколку нивни интерни потфази, проследени со многубројни фрагменти од керамички садови и орудија од камен, кремен и коска. Постарата е енеолитска, а помладата од бронзеното време. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]

Во најновите истражувања откриени се културни слоеви од раната антика и се смета дека тука се наоѓа древниот македонски град Линк, кој бил родното место на Евридика, мајката на големиот војсководец Филип II Македонски, а односно баба на Александар Македонски. Овој град постоел од 6 до 2 век пред нашата ера. Во 1954 година археологот Олга Дурацу од Битола ископала грнчарија од црно и црвено фигурално сликарство од 5 и 6 век пред нашата ера. Тука е пронајдена и ваза бел лекит, која му припаѓала на народот од Атина. Овие наоди денес се чуваат во битолскиот Завод и музеј. Според бугарскиот археолог Васил Лахтов, за време на Првата светска војна, поточно во 1917 година, криејќи се по рововите, војници пронашле археолошки надои кои потоа биле однесени надвор од земјава, а до денес не се знае точно каде.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски

уреди