Куќа на Скопаковци
Куќа на Скопаковци — стара куќа во Охрид, претставник на староградската архитектура, прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[1]
Куќа на Скопаковци | |
---|---|
Источната фасада на куќата | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | куќа |
Стил | староградски |
Град | Охрид |
Земја | Македонија |
Завршена | XVIII век / 2010 |
Технички податоци | |
Катови | 3 |
Историја
уредиКуќата е сместена во стариот дел на градот, на улица „Цар Самоил“ бр. 40. Претставуава дел од комплексот на т.н. „болнички куќи“ сместени спроти цеквата „Св. Богородица Болничка“. Изградена е во втората половина на XVIII век. Му припаѓала на семејството Скопаковци. Поп Никола Скопаков се спомнува како истакнат граѓанин околу 1750 година. Во XIX век во неа живееле видните охридски просветни дејци Јаким и Миле Скопакови, како и учителката Елена Скопакова, чиј сопруг Коста Дедов (Косте Дедо) имал чевларска работилница на приземјето. Чевларскиот дуќан работел сè до Втората светска војна, кога бил претворен во кујна со трпезарија.[1]
За време на митрополитот Синесиј Охридски (1890 - 1891) куќата станала седиште на митрополијата. Подоцна во неа женското учителско друштво „Успение Богородично“ организирало болница за ранети и болни четници на МРО.[2][3]
Поради неможноста да се сочува бондручната конструкција, во 2009 г. куќата е срушена и обновена со истата фасада, но со современи материјали.[1]
Архитектура
уредиКуќата имала камено приземје и два ката со бондручна конструкција. На првиот кат била приемната соба, порано зимска кујна, а на вториот биле станбените простории. Вториот кат е еркерно издаден, потпрен со дрвени косници. Покривот бил од дрвена конструкција со стари турски ќерамиди. Оваа куќа е одличен пример за максимална искористеност на ограничениот простор.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Куќа на ул. Цар Самуил бр.40“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 31 август 2017.
- ↑ Църнушанов, Коста (1995). „Ролята на българката в македонското освободително движение“. Македонски преглед. 3: 115–148. Посетено на 8 јуни 2016.
- ↑ Илинден-Преображение 1903. София: Български писател. 1968. стр. 291.
Надворешни врски
уреди- Куќа на Скопаковци на Ризницата ?