Куќа на Ламбески

куќа во Охрид

Куќа на Ламбески — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[1][2]

Куќа на Ламбески
Куќата во 2021 година
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилстароградски
АдресаКуќа на ул. „Цар Самоил“ бр. 42 (стара адреса)
ГрадОхрид
Земја Македонија
ЗавршенаXIX век
Технички податоци
Катови3

Историја

уреди

Куќата е сместена во стариот дел на Охрид, на улица „Цар Самоил“ бр. 42. Изградена е во XIX век и се вбројува меѓу значајните староградски куќи во Охрид.[1] Била во сопственост на Борис Ламбески.[2]

Архитектура

уреди

Куќата е последна од низата куќи во Болничкото Маало и има карактеристичен влез преку премин од видот „темница“. Западната фасада гледа кон дворното место. Градбата се состои од високо камено приземје и два ката со дрвена бондручна конструкција. На приземјето се стопанските простории – визбата, летната кујна, санитарниот јаз и единичните дрвени скалила нагоре. На пвиот кат била зимската кујна, чардакот и една соба, а на вториот имало само една соба и мал чардак. На приземјето и првиот кат имало ѕидани огништа, а на првиот кат има и вграден долап. Првично катовите на куќата се издавале еркерно, но тоа подоцна е отстрането.[1]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Куќа на ул.Цар Самуил бр.42“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 28 септември 2017.
  2. 2,0 2,1 Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 32.

Надворешни врски

уреди