Куќа на Петруш Вангелов

куќа во Охрид

Куќа на Петруш Вангелов — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија под називот Куќа на ул. „Коста Рацин“ бр. 31.[1][2][3]

Куќа на Петруш Вангелов
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилстароградски
Адресаул. „Коста Рацин“ бр. 45
ул. „Коста Рацин“ бр. 49 (стара адреса)
ул. „Коста Рацин“ бр. 31 (стара адреса)
ГрадОхрид
Земја Македонија
ЗавршенаXIX век
Технички податоци
Катови3

Местоположба

уреди

Куќата е сместена во маалото Канео, на улица „Коста Рацин“ бр. 45 (стар бр. 31).

Архитектура

уреди

Куќата е сместена во маалото Канео, на улица „Коста Рацин“ бр. 45 (стар бр. 31). Изградена е во XIX век и претставува единствената преостаната староградска куќа во маалото. Се состои од приземје и два ката. Приземјето и дел од првиот кат се камени, а остатокот е бондручен. Катовите се еркерно издадени, потпрени на дрвени косници. Фасадата има дрвени опшиви на аглите, скромни стреи и ритмично распоредени отвори.[1] Била во сопственост на Петруш Вангелов.[2]

Галерија

уреди


Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Куќата на ул.Коста Рацин бр.45“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 10 ноември 2017.
  2. 2,0 2,1 Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 46.
  3. „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 2021-08-09. Посетено на 30 август 2022.