Куќа на Патчеви

стара куќа во Охрид

Куќа на Патчеви — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[1][2]

Куќа на Патчеви
Куќата во 2021 година
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилстароградски
Адресаул. „Цар Самоил“ бр. 60
ул. „Цар Самоил“ бр. 59 (стара адреса)
ГрадОхрид
Земја Македонија
Завршенасредина на XIX век
Технички податоци
Катови3

Архитектура

уреди

Куќата е сместена на улица „Цар Самоил“ бр. 60. Му припаѓала на семејството Патчеви, чиј наијстакнат претставник е револуционерот Методи Патчев. Изградена е во средината на XIX век, најверојатно во исто истиот период како Куќата на Робевци, со која дели заеднички ѕид на запад. Другите три страни се слободни и имаат развиени фасади — јужната кон улицата е најпретставителна, источната кон сокакот е делумно обработена на спојот со јужната фасада, а северната гледа кон дворот. Дворот е тесен и долг, до вертикалното карпесто издигнување каде се наоѓа помошен објект со капатило и летна кујна со огниште. Во првата половина на XX век е направена реконструкција, при што се скусени еркерните греди на предната фасада и таа е повлечена наназад. Куќата првично била предвидена за една семејство, а потоа е разделена на два дела со посебни влезови и скалишта за катовите. Подоцна одново е споена во едно. Приземјето од камен, со еден дел од него вкопан во теренот. Има два влеза. Скалиштето нагоре е отстарнето и така тоа е изолирано од просториите за живеење. Катовете, како и меѓукатната конструкција, се од бондрук со дрвени греди. Скалиштата исто така се дрвени. Покривот е дрвен, со ќерамидни каналици. Фасадата е типична за охридската градска архитектура — бело обоена со еркерно издадени катови и богато профилирани венци. Еркерите и челата од венците се опшиени со даски, прозорците се карактеристични, со вертикално поместување и дрвени опшиви.[1]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Куќа на ул. Цар Самуил бр.60“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 30 август 2017.
  2. Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид. стр. 37.

Надворешни врски

уреди