Куќа на Димзови

стара куќа во Охрид

Куќа на Димзови — стара куќа во градот Охрид прогласена за културно наследство на Македонија.[1][2]

Куќа на Димзови
Поглед на куќата
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилстароградски
ГрадОхрид
Земја Македонија
ЗавршенаXIX век
Технички податоци
Катови3

Местоположба уреди

Куќата се наоѓа во маалото Варош, на улица „Илинденска“ бр. 41 (стара адреса: „Маршал Жуков“ бр. 38), северно од црквата „Св. Варвара“. На југ е залепена за Куќата на Бојаџиеви, која исто така е споменик на културата.[1]

Архитектура уреди

Градбата е слободно поставена во сопствен двор. Изградена е од богат сопственик за време на економскиот расцут на градот во XIX век. Се состои од приземје, релативно низок прв кат и претставителен втор кат. Претставува братска куќа со изразена симетрија по вертикалата. Фасадите се богато украсени со карактеристични еркерни издатоци на катовите, потпрени со косници и вути, богато профилирана стреа, хармоничен ритам на прозорците, дрвени опшиви на фасадата и околу прозорците. Попретставителна е фасадата кон улицата „Илинденска“. Приземјето е од фугиран камен, а катовите се бондручни. Меѓукатната и покривната конструкција се дрвени, а покривот е од турски ќерамиди.[1][2]

За разлика од Куќата на Бојаџиеви, внатрешноста на оваа куќа не е зачувана поради многуте преправки од поголем број сопственици. Иако се правени разни промени на надворешноста, внатрешниот изглед сепак е релативно добро зачуван.[1][3]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Куќа на ул. Илинденска бр.41“. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 12 ноември 2017. Занемарен непознатиот параметар |publish= (help)
  2. 2,0 2,1 Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 55.
  3. Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 56.