Куќа на Караѓулеви

куќа во Охрид

Куќа на Караѓулеви — стара куќа во градот Охрид, изградена во втората половина на XIX век. Прогласена е за културно наследство на Македонија како редок пример за зачувана староградска градба од тој вид.[1][2]

Куќа на Караѓулеви
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилстароградски
ГрадОхрид
Земја Македонија
ЗавршенаXIX век
Технички податоци
Катови2

Архитектура

уреди

Куќата е сместена во стариот дел на градот, на улица „Кузман Капидан“ бр. 28 (старо име „Страшо Пинџур“). Им припаѓала на браќата Караѓулеви. Слободно е поставена во сопствен двор на стрмен терен. Се состои од приземје и кат. Начинот на изградба е својствен за архитектурата на Стариот Град на Охрид — приземјето е направено од фугиран камен, а катот е делумно од дрвена бондручна, а делумно и од камен. Меѓукатната и покривната конструкција се дрвени, а покривот е од стари турски ќерамиди. Поради големата теренска разлика, домот има два влеза — еден за приземјето и еден за првиот кат. Од истата причина приземјето е делумно вкопано во земја, и тука имало стопански простории. Во него има централен трем, од кој скалилата водат кон катот. На катот има средиштен чардак со две меѓусебно поврзани соби од секоја страна. Подоцна градбата е разделена на четири независни делови (по два на секое ниво). Фасадата има еркерно издаден кат, издаден оџак, одвени ошивки по аглите и околу прозорците, како и богато профилирана стреа.[1][2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Куќа на ул.Кузман Капидан бр.28“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 2022-03-02. Занемарен непознатиот параметар |access-dat5e= (help)
  2. 2,0 2,1 Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 58.