Куќа на Ајри Доко

куќа во Охрид

Куќа на Ајри Доко — стара куќа во Охрид, претставник на староградската архитектура, прогласена за значајно културно наследство на Македонија[1][2] заведена под називот Куќа на ул. „Цар Самоил“ бр. 50.[3]

Куќа на Ајри Доко
Поглед на куќата
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилстароградски
Адресаул. „Цар Самоил“ бр. 32
ул. „Цар Самоил“ бр. 50 (стара адреса)
ГрадОхрид
Земја Македонија
ЗавршенаXIX век /
2016
Технички податоци
Катови3

Историја

уреди

Куќата е сместена во стариот дел на градот, на улицата „Цар Самоил“ бр. 32. Претставуава дел од комплексот на т.н. „болнички куќи“ сместени спроти цеквата „Св. Богородица Болничка“. На исток се граничи со Куќата на Стружанови, а на запад е Куќата на Скопаковци. Изградена е од непознати мајстори во XIX век и му припаѓала на Ајри Доко.[1] Поради проблеми со темелите, во првата половина на 2010-тите била сосема урната, но во 2016 г. е факсимилно обновена со современи материјали.[4][5]

Архитектура

уреди

Градбата е имала сутерен, подоцна покриен, камено приземје и кат со чардак со бондручна конструкција. Станбените простории се наоѓале на приземјето.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Куќа на ул.Цар Самоил бр.32“. Управа за заштита на културното наследство. Посетено на 31 август 2017.[мртва врска]
  2. Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 31.
  3. „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 2021-08-09. Посетено на 4 август 2022.
  4. „Конзервација на Куќата на Ајри Доко во Охрид“. Web Ohrid. 7 август 2015. Архивирано од изворникот на 2017-09-05. Посетено на 5 септември 2017.
  5. „Во Охрид се заштитени 14 објекти со староградска архитектура“. Нова Македонија. 25 јули 2016. Архивирано од изворникот на 2017-09-05. Посетено на 5 септември 2017.