Куќа на Стружанови

спомен-куќа во Охрид

Куќа на Стружанови — стара куќа во Охрид, претставник на староградската архитектура и прогласена е за значајно културно наследство на Македонија под називот Куќа на ул. „Цар Самоил“ бр. 30.[1][2]

Куќа на Стружанови
Куќата во 2022 година
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилстароградски
Адресаул. „Цар Самоил“ бр. 30
ГрадОхрид
Земја Македонија
Завршена1855
Технички податоци
Катови3

Местоположба

уреди
 
Северната кула на Долната порта со куќата зад неа.

Куќата е сместена во стариот дел на градот, на улица „Цар Самоил“ бр. 30. На источната страна е потпрена на Северната кула на Долната порта, а на запад граничи со Куќата на Ајри Доко.

Историја

уреди

Изградена е во 1855 година и прв сопственик бил Никола Кочин.[1] Подоцна станала сопственост на Јонче Стружан.[3] Познато е дека извесно време куќата била во сопственост на Турци; за ова говорат дрвените капаци (мушараби) на прозорците, единствени во Охрид, отстранети во 1992 година.[1]

Приземјето е претворено во национален ресторан.[1]

Архитектура

уреди
 
Катовите на градбата.

Градбата се состои од приземје, мезанин и два ката. Високото приземје имало стопанска функција, а експонираните катови биле станбени површини. Куќата е делумно вкопана во кулата. Приземјето е камено, а катовите се бондручни. Внатрешноста е богата, со многубројни тавани, чичеклаци, долапи, украсни ниши итн. Од првиот кат се излегува на дворот, кој граничи со кулата, дел од бедемот и завршува со друга аголна кула и со напречен ѕид кој оди од аголната кула во правец запад - исток. Во дворот имало домашен амам — втор пример во градот, заедно со оној во Куќата на Робевци. Амамот подоцна е претворен во станбен простор.[1]

Галерија

уреди


Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Куќа на ул. Цар Самуил бр.30“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-03-21. Посетено на 30 август 2017.
  2. „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 2021-08-09. Посетено на 30 август 2022.
  3. Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 31.