Куќа на Рилковци
Куќа на Рилковци — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија како претставник на македонската староградска архитектура.[1]
Куќа на Рилковци | |
---|---|
Поглед на куќата (лево) | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | куќа |
Стил | староградски |
Град | Охрид |
Земја | Македонија |
Завршена | XIX век |
Технички податоци | |
Катови | 3 |
Историја
уредиКуќата е сместена во стариот дел на градот, на улица „Цар Самоил“ бр. 33. Му припаѓала на семејството Рилковци и е дел е од комплексот на т.н. Болнички куќи спроти „Св. Богородица Болничка“, кон која гледа главната источна фасада на куќата. На север, преку улицата „Цар Самоил“ граничи со Куќата на Ламбески.[1] Денес му припаѓа на семејството Маринови.[1]
Архитектура
уредиГрадбата има голем број добро зачувани елементи. Се состои од приземје и два ката. Конструкцијата е традиционална, карактеристичка својот период — камено приземје и катови од дрвена бондручна конструкција и благи еркерни испусти на катовите. Фасадата е бојадисана со розово има дрвени опшивки околу прозорците и карактеристични истакнати дрвени стреи.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 31.