Бавна неправилна променлива ѕвезда
Бавна неправилна променлива ѕвезда (типови L, LB и LC) — променлива ѕвезда чии сајносни колебања се слабо одредени, или воопшто неодредени. Ваквите ѕвезди честопати се слабо проучени и претрпуваат прекласификација кога ќе се дознае повеќе за нив. Неретко одат во класата на полуправилни променливи.
Номенклатура
уредиНеправилните променливи ѕвезди првично добиле ознаки со буквата „I“: Ia, Ib и Ic.[1] Овие подоцна се изменети, така што буквата I почнала да означува маглински или брзонеправилни променливи ѕвезди како T Бик и орионските променливи. Останатите неправилни ѕвезди, студените бавнопменувачки џинови и суперџинови од доготашниот тип Ib или Ic ги добиле назнаките Lb и Lc.[2] Кога Општиот каталог на променливи ѕвезди (ОКПЗ) го вовел правилото за користење на големи букви, ознаките станале LB и LC.[3]
Тип Lb
уредиБавни непраивлни променливи од доцните спектралните типови K, M, C, S); по правило, овие се џинови[3]
Во ОКПЗ се вели дека овој тип им се дава и на бавните неправилни црвени променливи чиишто сјајност или спектрален тип се непознати, иако впрочем за ваквите ѕвезди во каталогот ја среќаваме и буквата L. Како претставителен пример е дадена K5-ѕвездата CO Лебед.[3]
Тип Lc
уредиНеправилни променливи суперџинови од доцни спектрални типови со замав од околу 1 mag во V[3]
Претставителен пример е M2-суперџинот TZ Касиопеја.[3]
Список
уредиИме | Соѕвездие | Привидна величина (најг)[5] | Привидна величина (најм)[5] | Величински опсег | Спектрален тип | Поттип |
---|---|---|---|---|---|---|
U Пумпа | Пумпа | 8св,1 (p) | 9св,7 (p) | 1,6 | N:v | Lb |
Бета Пегаз | Пегаз | 2св,31 | 2св,74 | 0,43 | M2.3 II-III | Lb |
Епсилон Пегаз (Ениф) | Пегаз | 0св,7 | 3св,5 | 2,8 | K2 Ib | Lc |
TX Риби | Риби | 4св,79 | 5св,20 | 0,42 | C5 III | Lb |
Алфа Скорпија (Антарес) | Скорпија | 0св,88 | 1св,16 | 0,28 | M1.5 Iab-b | Lc |
Алфа Бик (Алдебаран) | Бик | 0св,75 | 0св,95 | 0,20 | K5 III | Lb |
Ми Близнаци | Близнаци | 2св,75 | 3св,02 | 0,28 | M3 III | Lb |
BE Жирафа | Жирафа | 4св,35 | 4св,48 | 0,13 | M2 II | Lc |
Тау4 Еридан | Еридан | 3св,57 | 3св,72 | 0,15 | M3 III | Lb |
13 Воловар | Воловар | 5св,29 | 5св,38 | 0,09 | M2 IIIab | Lb |
Пси Девица | Девица | 4св,73 | 4св,96 | 0,23 | M3 III | Lb |
V854 Олтар | Олтар | 5св,84 | 5св,99 | 0,12 | M1.5 III | Lb |
62 Стрелец | Стрелец | 4св,45 | 4св,62 | 0,17 | M4 III | Lb |
CQ Жирафа | Жирафа | 5св,15 | 5св,27 | 0,12 | M0 II | Lc |
Пи Кочијаш | Кочијаш | 4св,24 | 4св,34 | 0,10 | M3.5 II | Lc |
NO Кочијаш | Кочијаш | 6св,06 | 6св,44 | 0,58 | M2 Iab | Lc |
Омикрон1 Големо Куче | Големо Куче | 3св,78 | 3св,99 | 0,21 | M2.5 Iab | Lc |
Сигма Големо Куче | Големо Куче | 3св,43 | 3св,51 | 0,08 | M1.5 Iab | Lc |
NS Крма | Крма | 4св,4 | 4св,5 | 0,1 | K3 Ib | Lc |
Ламбда Едро | Едро | 2св,14 | 2св,30 | 0,16 | K4 Ib-IIa | Lc |
V337 Кобилица | Кобилица | 3св,36 | 3св,44 | 0,08 | K3 II | Lc |
GZ Едро | Едро | 3св,43 | 3св,81 | 0,38 | K3 II | Lc |
RX Телескоп | Телескоп | 6св,6 | 7св,4 | 0,8 | M3 Iab | Lc |
Други неправилни променливи
уредиИма и ред други видови на променливи ѕвезди кои немат јасно одредливи периоди, и понекогаш се нарекуваат неправилни променливи:[4]
- променливи од типот на γ Касиопеја, избувни обвивни ѕвезди
- Орионски променливи, ѕвезди пред главната низа, вкл. ѕвездите од типот на T Бик и од типот на YY Орион
- Брзи неправилни променливи, веројатно слични на орионските, но со пократок период
- Слабо одредени неправилни променливи ѕвезди, од непознат тип
Покрај тоа, голема непредвидливост покажуваат и многу видови на избувни и катаклизмични променливи.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Kholopov, P. N. (1959). „A Revised List of T-Associations and Their Members“. Soviet Astronomy. 3: 291. Bibcode:1959SvA.....3..291K.
- ↑ Mayall, Margaret W. (1964). „Variable Star Notes- from the XII General Assembly, I.A.U.; 043274 X Camelopardalis“. Journal of the Royal Astronomical Society of Canada. 58: 283. Bibcode:1964JRASC..58..283M.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „GCVS Variability Types“. Посетено на 2016-09-04.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Samus, N. N.; Durlevich, O. V.; и др. (2009). „VizieR Online Data Catalog: General Catalogue of Variable Stars (Samus+ 2007-2013)“. VizieR On-line Data Catalog: B/GCVS. Originally Published in: 2009yCat....102025S. 1: 02025. Bibcode:2009yCat....102025S.
- ↑ 5,0 5,1 (видлива величина, освен ако не е означено со (С) (= сино) или (ф) (= фотографски))
Надворешни врски
уреди- Класификување на променливите ѕвезди — Астрономско друштво на Јужна Австралија (англиски)
- Зошто набљудуваме променливи ѕвезди? — Британско астрономско здружение (англиски)