Алдебаран
Алдебаран (α Tau, α Tauri, Алфа Таури) е најсјајната ѕвезда во соѕвездието Бик и една од најсјајните ѕвезди воопшто на ноќното небо. Сместена е на главата на бикот, па низ историјата е нарекувана Окото на Бикот. Алдебаран е најсјајната ѕвезда член од расеаната група ѕвезди Хијади, кои се најблиската група ѕвезди до Земјата. Вселенскиот брод на НАСА Пионир 10, кој помина крај Јупитер во 1973 година, крај Алдебаран ќе помине за околу два милиони години.
Податоци од набљудување Епоха J2000,0 Рамноденица J2000,0 | |
---|---|
Соѕвездие | Бик |
Ректасцензија | 04ч 35м 55.2с |
Деклинација | +16° 30' 33" |
Прив. величина (V) | +0.85 / +13.50 |
Особености | |
Спектрален тип | K5III / M2V |
U−B Боен показател | 1.90 / ? |
B−V Боен показател | 1.54 / ? |
Променлив тип | Suspected / ? |
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | +53.8 км/с |
Сопствено движење (μ) | Рект: 62.78 млс/г Дек.: −189.36 млс/г |
Паралакса (π) | 50.09 ± 0.95 млс |
Оддалеченост | 65 ± 1 сг (20,0 ± 0,4 пс) |
Апсолутна величина (MV) | −0.63 / 11.98 |
Податоци | |
Маса | 2.5 / 0.15 M☉ |
Полупречник | 44.2[1] / 0.04 R☉ |
Сјајност | 350 [2] / 0.00014 L☉ |
Температура | 4,100 / 3,050 K |
Металичност | 70% Sun / ? |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
Во 1997 година, виден е објект ѕвезден придружник на Алдебаран, со маса најмалку 11 пати поголема од масата на Јупитер и со период на орбита од околу 2 години. Но сепак, овој податок не е потврден.
Народни верувања во Македонија
уредиСјајната ѕвезда Алдебаран во македонскиот народ е позната под повеќе имиња. Црвената боја на оваа ѕвезда и близината на многу познатото соѕвездие Квачка, ги инспирирала жителите на селата Негорци и Стојаково да ја наречат Лисица.[3]
Наводи
уреди- ↑ Richichi, A.; Roccatagliata, V. Aldebaran's angular diameter: How well do we know it?. Astronomy and Astrophysics, Volume 433, Issue 1, April I 2005, pp.305-312. "We derive an average value of 19.96±0.03 milliarcsec for the uniform disk diameter. The corresponding limb-darkened value is 20.58±0.03 milliarcsec, or 44.2±0.9 Rȯ."
- ↑ ALDEBARAN (Alpha Tauri).
- ↑ Ѓоре Ценев, „Небото над Македонија“, МКЦ Скопје, 2004, стр. 60.