Димче Ѓошев Мирчев (Велес, 13 ноември 1913Кавадарци, 7 април 1944) — македонски комунист, учесник во НОВ и организатор на НОВ во Велес. Прогласен е за Народен херој на Југославија на 2 август 1949 година.[1]

Димче Мирчев
Роден 13 ноември 1913
Велес
Починал 7 април 1944
Кавадарци

Животопис

уреди

Димче Мирчев е роден во Велес, на 13 ноември 1913 година. По завршување на основното училиште, бил пратен да учи занает.[2]

Станал член на СКОЈ во 1933 и на КПЈ во 1935 година. Во периодот од 1936 до 1941 година организирал повеќе штрајкови во Македонија и во Србија. Во 1940 година, бил приморан да се врати од Белград во Велес, каде веднаш бил избран во Месниот комитет на КПЈ.[3] Повеќепати бил затворан.

Учество во НОВ

уреди

Во 1941 година активно се вклучил во подготовките за вооруженото востание. Бил член на Воениот комитет при Месниот комитет на КПЈ за Велес, организатор за формирањето на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ во април 1942, и заменик-командант на Одредот од септември истата година.

По разбивањето на Одредот во 1943 година, преминал во илегалност, а од февруари 1944 година заминал на работа во Кавадарци, како секретар на Обласниот комитет на КПМ за Кавадарци. Во Кавадарци заедно со Киро Крстев подготвувале поголема група да замине во партизани. При една блокада во градот, двајцата борци наишле на бугарска полиција. Започнало пукање, а двајцата борци се нашле опколени во една куќа, на периферијата на градот. Поради тоа што одлучиле да не се предадат, пружале отпор на непријателите седум часа додека имале муниција, а потоа извршиле самоубиство.[1][4]

Во негова чест и во чест на Киро Атанасовски е испеана песната „Димче и Киро Налбатот“.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 239
  2. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 236
  3. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 237
  4. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 961 стр.

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди