Ангел Димовски Чауш

Ангел Димовски Чауш е роден на 5.11.1952 година, во с.Крнино, Велес тој е истакнат македонски ликовен уметник и академски вајар сликар и графичар.

Ангел Димовски Чауш
Портрет на Ангел Димовски Чауш
Роден(а)Ангел Димовски
5.11.1952 година
НационалностМакедонец
ОбразованиеФакултет за ликовна уметност Скопје
Значајни деласкулптор, сликар, графичар

Животопис

уреди

Ангел Димовски Чауш е роден на 5.11.1952 година, во с.Крнино, Велес. Потекнува од скромно семејство од татко Галеб и мајка Деница. Своето образование кон најубавата професија ја надоградувал на Факултет за применета уметност, отсек вајарство и завршил во 1973 во класата на професор Димо Тодоровски. Во следните четири години студирал Историја со археологија на Филозофскиот факултет, за да со отворањето на Факултетот за ликовна уметност во 1980 година се префрлил на оваа високошколска институција на отсекот за вајарство со театарска , филмска и телевизиска сценографија. Дипломирал во класата на професорот Петар Хаџи Бошков во 1984 година.

Творештво

уреди

Уметник[1] кој и во својата седма деценија од животот е во постојано движење и кој не страда од недостиг на инспирација во своето творештво.[2] Самостојно изложувал во многу градови[3] во земјава[4] и во странство, а остварил и повеќе студиски патувања во земји како Франција, Италија, Шпанија, Германија, Грција, Египет, Турција, САД... Голем број на негови деласе наоѓаат во приватните колекции на познавачи на уметноста од Америка, Европа и од Африка... а од 1984 година член е на ДЛУМ[5] и од 2002 и на Француското друштво на ликовни уметници КУЌАТА НА УМЕТНИЦИТЕ (LA MAISON DES ARTISTES). Живее и работи како слободен уметник во Македонија и во Франција, а многу години наназад и на Азурниот брег. Реализирал 15 самостојни изложби,[6] над 50 групни изложби, добил 14 награди, изработил 5 монументални скулптури. Димовски е учесник на повеќе ликовни колонии.

Самостојни изложби

уреди
  • 1987 - Центар за култура и информирање - Скопје
  • 1990- KURGASTEHAUS- MURNAU – Германија заедно со Мило Коксоман
  • 1993- Ликовен салон при ДЛУМ - Скопје
  • 1998 - Културно-информативен центар - Скопје
  • 2000- Продажен салон на КИЦ - Скопје
  • 2003 - Културно-информативен центар - Скопје
  • 2004- Центар за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово
  • 2004- Спомен на Вангел Коксоман - Струга
  • 2017- Центар за култура  Ц.К „Марко Цепенков” Прилеп[9]
  • 2018 – World ART Дубаи – заедно со Трајче Чатмов и Стефан Димовски
  • 2023 –Дом на култура „Иван Мазов – Климе” – Кавадарци – 50 години творештво[11]
  • 2024 - Народен музеј Велес – Ликовен салон,  50 години творештво[13]

Групни изложби

уреди
  • 1980 - Дом за млади уметници „25 Мај“ - Скопје
  • Од 1985 година до денес, сите годишни изложби на ДЛУМ се изложени во сите зимски салони на ДЛУМ во Скопје.
  • Од 1985 до 1993 година, изложен на сите биенални изложби на пластика ДЛУМ
  • 1997 - Универзитетска библиотека ДЛУМ–„Цртежи“, Скопје
  • 1997- Културно-информативен центар - Скопје „Сликарство од мал формат“
  • 1998 - Уметничка галерија - Скопје „Од ризница на уметничка галерија“
  • 1998- Културно-информативен центар - Скопје „Сликарство од мал формат“
  • 1998- Македонски Коликоновнотере{ство „Мал формат“ салон при ДЛУМ - Скопје
  • 1998 - Универзитетска библиотека - Скопје ДЛУМ - „Цртежи“
  • 1999- Македонски Коликоновнотерество салон „Мал формат“ при ДЛУМ – Скопје
  • 2000 - Македонско ликовно творештво Салон „Мал формат“ при ДЛУМ - Скопје
  • 2000- Република Македонија Дом на култура „Марко Цепенков“ - Прилеп
  • 2002 - Македонско ликовно творештво Салон „Мал формат“ при ДЛУМ - Скопје
  • 2003 - Македонско ликовно творештво Салон „Мал формат“ при ДЛУМ - Скопје
  • 2004 - Македонско ликовно творештво Салон „Мал формат“ при ДЛУМ - Скопје
  • 2005 - Македонско ликовно творештво Салон „Мал формат“ при ДЛУМ - Скопје
  • 2006- Македонско колективно творештво „Мал формат“ - Културно-информативен центар - Скопје
  • 2007 - Македонско колективно творештво „Мал формат“ - Културно-информативен центар - Скопје
  • 2008- Македонско колективно творештво „Мал формат“ - Културно-информативен центар - Скопје
  • 2008- „107 македонска уметност Париз“
  • 2008 - „Современи скулптури“ – Центар за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово
  • 2009- Македонско ликовно дело „Минијатура“ - Дом на АРМ- Скопје
  • 2009 - „Современи скулптури“ – Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово
  • 2009 – Македонски уметници – Галерија НДК во Софија
  • 2010– Ликовно творештво мал формат- Културно информативен центар- Скопје
  • 2010 - Македонско ликовно творештво “Минијатура” – Дом на АРМ- Скопје
  • 2010 -  Цртеж и графика – Дом на АРМ Скопје
  • 2010 – Уметноста може - Културно информативен центар - Скопје
  • 2011 – Скулптури на новото време, центар за култура, „Трајко Прокопиев“, Куманово
  • 2011 – Ликовно творештво мал формат – ДЛУМ – КИЦ Скопје
  • 2011 -  12eme Foire aux Croutes des peintres et des aquarellistes- Свети Рафаел - Франција
  • 2013 – 7 македонски уметници – „Лична архива“, ”, GalleryMobius, Кембриџ, МА, САД
  • 2013 – Експериментален цртеж – салон на ДЛУМ Скопје
  • 2013 – Минијатура – ДЛУМ – НЛБ Тутунска Банка Скопје
  • 2013 – Ликовно творештво мал формат – ДЛУМ – КИ Ц Скопје
  • 2013– Годишна изложба на ДЛУМ –Музеј на град Скопје
  • 2014 – Експериментален цртеж – ДЛУМ – Палата Луцерна, Прага, Р.Чешка
  • 2014 – Ликовно творештво мал формат – ДЛУМ – КИЦ Скопје
  • 2014 – Годишна ревијална изложба на ДЛУМ – Мала станица Скопје
  • 2015 – Годишна изложба на ДЛУМ, Национална галерија, Мала станица, Скопје
  • 2015 – Во слава на уметноста, КИЦ
  • 2015 – изложба со поетска вечер во чест на Кирил и Методиј – Кафе Ли
  • 2015 – МиниАРТура – НЛБ Галерија Скопје
  • 2015 – Ликовно творештво мал формат – ДЛУМ – КИЦ Скопје
  • 2015 – Екологирање за Еколобирање, галерија ДЛУМ, Дом на АРМ Скопје
  • 2016 – Експериментален цртеж – Галерија КО-РА Скопје
  • 2016 – Експериментален цртеж – Дом на култура, Иван Мазов –Климе, Кавадарци
  • 2016 – Годишна изложба на ДЛУМ Скопје
  • 2016 – МиниАРТура – НЛБ Галерија Скопје
  • 2018 – Годишна изложба на ДЛУМ Скопје
  • 2017 – Годишна изложба на ДЛУМ Скопје
  • 2017 – Изложба на Управен одбор и Уметнички совет на ДЛУМ (УО-УС), галерија ДЛУМ, Дом на АРМ Скопје
  • 2018 – Годишна изложба на ДЛУМ Скопје
  • 2018 – изложба на ДЛУМ - Мал формат, КИЦ, Скопје
  • 2018 – изложба на ДЛУМ - МиниАРТура, галерија Сингидунум, Белград
  • 2019 - МиниАРТура – НЛБ Галерија
  • 2019 – Современа скулптура - Младински Културен Центар МКЦ, Скопје
  • 2019 - Мал Формат – КИЦ Скопје
  • 2019 - Годишна изложба на ДЛУМ Скопје
  • 2020 - Годишна изложба на ДЛУМ Скопје
  • 2020 – Експериментален цртеж, уметнички центар АРТ ХАБ, Скопје
  • 2020 – Современа скулптура – Уметнички центар АРТ ХАБ, Скопје
  • 2021 – Годишна изложба на ДЛУМ Скопје
  • 2021 – Современа скулптура – Уметнички центар АРТ ХАБ, Скопје
  • 2022 – 19ти Зимски салон, биенале, Чифте Амам, Скопје
  • 2022 – Годишна изложба на ДЛУМ Скопје[14]
  • 2022 – Современа скулптура – Уметнички центар АРТ ХАБ, Скопје
  • 2023 – Современа скулптура – Уметнички центар АРТ ХАБ, Скопје
  • 2023 – Годишна изложба на ДЛУМ
  • 2023 - Мал Формат и МиниАРТура– КИЦ
  • 2024 – Експериментален цртеж, Спомен куќа „Борко Лазески”, Скопје

Учество на конкурси за споменици

уреди
  • 2004 - Меѓународен конкурс за скулптура и фонтана на плоштад „Македонија“ Скопје.
  • 2007- Меѓународен конкурс за ковани~ка скулптура на Александар Македонски и фонтана за плоштад „Македонија“ Скопје.
  • 2008-Кованичка скулптурана Никола Карев.
  • 2008- Кованички скулптурина Даме Груеви и Гоце Делчев.
  • 2008 – Скулптура на Методија Андонов-Ченто.
  • 2008 – Конкурс на Министерство за култура 30 скулптурно централно градско подрачје на Скопје
  • 2008- Конкурс за скулптура на Св.Кирил и Методиј.
  • 2008- Конкурс за скулптура на Св.Климент I Наум.

Споменички склуптури

уреди
  • 2010  „Две форми” – скулптура во алуминиум поставена пред гимназија „Јосип Броз Тито”- Скопје
  • 2011  - Скулптура на Фридтјоф Нансен (од Норвешка) излеана   во лесен бетон - Министерство за надворешни работи на Република Македонија
  • 2011- Скулптура на девојка со традиционална носија од Монако , излеанa во лесен бетон - Министерство за надворешни работи на Република Македонија
  • 2012  Монументален релјеф во мермер, над влезот на Јавното обвинителство на Репблика Македонија

Галерија

уреди


Награди

уреди
  • 1980- Награда на Претседателството на РК-ССММ за скулптура
  • 1985 - Награда „ЛИКУМ“ на Агенцијата на автори на Македонија за скулптура
  • 1989 година - Награда за портрет од градот и здружението на трговци на градот Свети Рафаел - Франција
  • 1993- Прва награда на биенале за ситна пластика
  • 1994- Награда „Јордан Грабул“ за скулптура на Третиот зимски салон на ДЛУМ.
  • 1998- Награден „Димо Тодоровски“ за скулптура на Изложбата „Македонско ликовно творештво - мал формат“
  • 2000- Награда „Вангел Коксоман“ за најуспешна изложба во Културно-информативниот центар – Скопје
  • 2006- Награда“ Јордан Грабул“ заваарство на годишнатаизложба на ДЛУМ
  • 2007 - Купување на статуата на Александар Македонски и Фонтана (заеднички со архитект Слободан Живковски)
  • 2007- Највисока награда на ДЛУМ за долгогодишно творештво „Нерески мајстори“ за кулптура
  • 2008- Трета награда на конкурост за споменик на Методија Андонов-Ченто. [15]
  • 2008- Откуп награда на конкурсот за кованички скулптури на Гоце Делчев и Даме Груев.
  • 2008- Награда од Министерството за култура на Република Македонија (реализација на монументалната скулптура „ДВЕ ФОРМИ“ во Централно градско подрачје на Град Скопје.
  • 2008- Откуп награда на конкурсото за споменик на Св.Климент и Наум.[16]
  • 2014 – Награда НЛБ миниАРТ на изложбата  ДЛУМ минијатура
  • 2015 – Награда „Остенов уметник “за 2014 година
  • 2022 – Награда „Боро Митриќески” за Современа скулптура – Уметнички центар АРТ ХАБ, Скопје[17]

Надворешни врски

уреди



Наводи

уреди
  1. https://dekorama.design/made-in-macedonia-caus/
  2. https://novamakedonija.com.mk/tag/angel-dimovski-chaush/
  3. https://m.makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=458958
  4. https://kanal5.com.mk/zdravo-makedonijo-12-02-2024-angel-dimovski-chaush-umetnik/a625469
  5. https://www.slobodnaevropa.mk/a/%D0%B0%D0%BD%D0%B3%D0%B5%D0%BB-%D0%B4%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%87%D0%B0%D1%83%D1%88-%D1%81%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%B3%D0%B0%D1%88-%D1%81%D1%83%D0%BC-%D1%81%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BB-%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%9C%D0%B5-%D0%B4%D0%B0-%D0%B4%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D0%BC-%D0%BE%D1%82%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%BA%D1%83-%D0%B4%D0%B0-%D0%B7%D0%B5%D0%BC%D0%B0%D0%BC-%D0%BE%D0%B4-%D1%83%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0/31958640.html
  6. https://nationalgallery.mk/event/angel-dimovski-chaush-50-godini-tvoreshtvo/
  7. „Изложба на Ангел Димовски Чауш во Њујорк“. COOLTURA.mk. 2013-09-15. Посетено на 2024-06-01.
  8. „Изложба на скулпторот Димовски и на сликарот Димовски“. Радио Слободна Европа. 2014-05-18. Посетено на 2024-06-01.
  9. „ДЕЛА НА АНЃЕЛ ДИМОВСКИ – ЧАУШ“. неделник ЗЕНИТ. Посетено на 2024-06-01.
  10. „Ангел Димовски-Чауш | Meta.mk“. 2022-03-03. Посетено на 2024-06-01.
  11. Умно.мк, од (2023-06-12). „Изложба на Ангел Димовски-Чауш во Кавадарци - УМНО.МК“. Посетено на 2024-06-01.
  12. „Изложба на Ангел Димовски – Чауш „50 години творештво" – Nationalgallery.mk“. Посетено на 2024-06-01.
  13. Вечер (2024-03-05). „Ангел Димовски-Чауш со своето творештво и во Велес | Вечер ...1963 | Vecer MK“. Посетено на 2024-06-01.
  14. Nena (2022-03-04). „Вечерва во МАНУ се отвора „Танчерките на Дионис"-самостојна изложба на Ангел Димовски Чауш“. Република. Посетено на 2024-06-01.
  15. „Приказ на резултати :: Скопје 2014 под лупа“. skopje2014.prizma.mk. Посетено на 2024-06-01.
  16. „Св.Климент и Наум :: Скопје 2014 под лупа“. skopje2014.prizma.mk. Посетено на 2024-06-01.
  17. „Ангел Димовски Чауш: Секогаш сум сакал повеќе да дадам отколку да земам од уметноста“. Радио Слободна Европа. 2022-07-26. Посетено на 2024-06-01.