Ресул Шабани

македонски поет, писател и преведувач
(Пренасочено од Азем Шабани)

Ресул Шабани (целосно име: Азем Ресул Шабани; албански: Resul Shabani; р. 14 октомври 1944 во Калишта) — македонски поет, романописец, драмски писател и преведувач со албанско потекло.[1]

Ресул Шабани
Роден Азем Ресул Шабани
14 октомври 1944(1944-10-14)(80 г.)
Калишта, Струшко, Македонија во Втората светска војна
Националност Албанец
Занимање поет, романописец, драмски писател, преведувач

Животопис

уреди

Шабани е роден на 14 октомври 1944 година во селото Калишта, Струшко, каде завршил основно образование. Со средно образование се стекнал во градот Струга. Дипломирал на Педагошката академија во Скопје на групата за албански јазик и книжевност,[2] како и албанска литература на Универзитетот во Приштина.[3]

Бил наставник по албански јазик, а потоа новинар и уредник на културната рубрика во Флака, одговорен уредник на списанието Јехона. Бил одговорен уредник на списанието за деца Гзими и член на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, како и надворешен советник за издавачка дејност во Министерството за култура.[2] За време и по неговиот ангажман во министерството, Шабани и неговата издавачка куќа Серембе се обвинети од страна на повеќе албански издавачи за наводна привилегирана положба при доделувањето на средства за издавачка дејност.[4]

Шабани е член на македонскиот ПЕН центар (учествува и во Надзорната комисија) и на Друштвото на писателите на Македонија (од 1976). Исто така, тој учествувал во повеќе жири-комисии за доделување на книжевни награди за детска литература.

Книжевно творештво

уреди

Шабани е еден од поистакнатите претставници на албанскиот творечки литературен корпус, застапен во повеќе антологии кои ја презентираат македонската поезија и литература. Тој пишува на македонски и на албански јазик, и преведува од двата јазика. Негови позначајни дела се:

  • Езеро (Liqeni, раскази, 1974)
  • Риба (поезија, 1975)
  • Свето (раскази, 1978)
  • Хамлет со црно кече (Hamleti me plis të zi, поезија, 1978)
  • Стариот брод (Anija e vjetër, драма, 1978)
  • Дожд во Уертомонто (драма, 1979, премиера во 1986, Театар на народностите - Скопје, режија: Владимир Милчин)
  • Езерска самовила (Ora e liqenit, поезија, 1983)
  • Љубовта на капетанот (Dashuria e Kapitenit, роман, 1983)
  • Кумова слама (драма, 1983)
  • Сол и вода (драма, 1983)
  • Фани доаѓа сам (Fani vjen vetëm, драма, 1984, премиера во 1988, повторна изведба 2005, Албански театар - Скопје )
  • Млечниот Пат (драма, 1985)
  • Водениот ракопис на полето[се бара извор] (поезија, 1987)
  • Монотонија (драма, 1987)
  • Ох, Америка (Oh, Amerika, поезија, 1989)
  • Влажна трепка (раскази, 1994)
  • Измислен грев (Mëkat i trilluar, поезија, 1996)
  • Мис на дуња (1998)
  • Седум драми (1999)
  • Nuse Vale: Tregime (2001)
  • Повторно за жалната врба (Përsëri për shelgun vajtues, поезија, 2004)
  • Мост од вода (2007)

Пет од неговите драми се изведувани на сцената, а неговите дела се преведувани на повеќе европски јазици: англиски, италијански, романски, француски, руски, шпански, српски итн. Од друга страна, пак, Шабани е значаен и како преведувач - на албански јазик има преведувано дела од Блаже Конески, Владо Малески, Димитар Солев, Кочо Рацин, Ефтим Клетников, итн.

Награди

уреди

На 6 ноември 2014 година, во Друштвото на писателите на Македонија била организирана средба по повод 50 години од товрештвото на Шабани. За неговиот опус зборувале академикот Али Алиу и писателот Бранко Цветкоски.[6]

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шакири“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1643. Text "series " ignored (help)
  2. 2,0 2,1 Македонски ПЕН Центар: Био-библиографски белешки за членовите - Ресул Шабани' Архивирано на 20 март 2011 г. посетено на 8 март 2008.
  3. Voix de la Méditerranée - Resul Shabani' Архивирано на 20 мај 2007 г. посетено на 8 март 2008.
  4. ЗАИ - Јавно писмо до министерството за култура' Архивирано на 30 мај 2009 г. посетено на 8 март 2008.
  5. „МТВ: Врачени наградите 11 октомври“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2011-10-11.
  6. „Портрет на Ресул Шабани во ДПМ“, Дневник, година XVIII, број 5610, четврток, 6 ноември 2014, стр. 20.

Надворешни врски

уреди