Агалар
Агалар (грчки: Κρήνη, Крини) — село во Општина Места во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Агалар Κρήνη | |
---|---|
Координати: 41°03′N 24°44′E / 41.050° СГШ; 24.733° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Кавалски округ |
Општина | Места |
Општ. единица | Саришабан |
Надм. вис. | 70 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 34 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 67 километри западно од градот Кавала и на 13 километри северно од Саришабан.
Селото се наоѓа на надморска височина од 70 метри.
Историја
уредиСелото во текот на XIX век се наоѓало во составот на Отоманското Царство. Селото било населено со турско население.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Демографија
уредиВо 1928 година бројот на населението бил 108 лица, додека во 1940 година селото броело 95 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 78 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 81 жител, во 1971 година имало 72 жители, во 1981 година имало 67 жители, додека во 1991 година имало 52 жители[3]. Денеска, населението на селото е 34 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 95 | 78 | 81 | 72 | 67 | 52 | — | 34 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја.