АТП Умаг
АТП Умаг познат уште како Отвореното тениско првенство на Хрватска (моментално спонзориран од Сина лагуна) е тениски турнир во машка конкуренција кој се одржува во Умаг, Хрватска. Турнирот се игра на земјена подлога а на распоред е во текот на летото, најчесто кон крајот на јули и е дел од АТП серијата 250 на АТП турнејата.
АТП Умаг | |
---|---|
Информации за турнирот | |
Место | Умаг Хрватска |
Одржувалиште | Стела Марис |
Категорија | АТП Светска серија (1990–1997) АТП Меѓународна серија (1998–2008) АТП серија 250 (2009–сè уште) |
Подлога | Земја |
Жреб | 32П/32К/16Д |
Награден фонд | 482,060 евра |
Веб-сајт | croatiaopen.hr |
Моментални победници (2024) | |
Поединечно | Франсиско Серундоло |
Двојки | Гвидо Андреоци Мигел Рејес-Варела |
Турнирот започнал да се одржува во 1990 година под името Отворено тениско првенство на Југославија и оттогаш се одржува секоја година. Карлос Моја бил победник на турнирот рекордни пет пати; тој, исто така, го освоил турнирот трипати последователно, а последен пат триумфирал во 2007 година. Во 2016 година, централниот терен бил наречен по хрватскиот тенисер Горан Иванишевиќ.
Резултати
уредиПоединечно
уредиДвојки
уредиНадворешни врски
уреди„АТП Умаг“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место на турнирот Архивирано на 16 мај 2017 г.
- Профил на турнирот на АТП