Андреј Рубљов (тенисер)
Андреј Андреевич Рубљов (руски: Андре́й Андре́евич Рублёв [1]; 20 октомври 1997) — руски професионален тенисер. Неговото највисоко рангирање на АТП листата било осмото место и го достигнал во октомври 2020 година. Рубљов влегол во топ 10 на АТП-турнејата во октомври 2020 година, каде има освоено седум титули во сингл категоријата и стигнал до девет финалиња.
Во својата јуниорска кариера, Рубљов ја освоил титулата во сингл на Отвореното тениско првенство на Франција 2014 година, победувајќи го во финалето шпанецот Мунар.[2] Тој освоил бронзен медал во сингл и сребро во двојки на Летните младински олимписки игри 2014 во Нанџинг. Рубљов остварил седум победи над топ 10 играчи меѓу кои и Роџер Федерер, Доминик Тием и Стефанос Циципас. Тој се пласирал во четврт-финалето на Отвореното тениско првенство на САД и Отвореното тениско првенство на Франција и во полуфиналето на Дејвис купот со репрезентацијата на Русија. Тој ја освоил единствената титула во двојки на Кремлин Купот во 2015 година заедно со Дмитриј Турсунов, а меѓу неговите титули во сингл се и победите на домашен терен во Москва и Санкт Петербург.
Личен живот
уредиРубљов е роден во Москва од татко Андреј Рубљов Постариот, поранешен професионален боксер,[3] и тенискиот тренер Марина Маренко[4] која работела со тенисери како Ана Курникова. Негов тренер, сепак, бил белорусинот Сергеј Тарасевич. Негови идоли од неговото детство се Роџер Федерер, Рафаел Надал, Григор Димитров и Милош Раониќ, чии натпревари редовно ги проучувал Рубљов; на пример, го проучувал сервисот на Раониќ, стилот на игра и стасот на стапалото на Надал и волејот и форхендот на Федерер.[5] Надвор од тенисот, Рубљов тренира бокс и кошарка, а особено е заинтересиран за Мајк Тајсон.[6] Негови омилени бендови се Металика, Уан Дирекшн, АЦ / ДЦ и Наутилус Помпилиус, и исто така тој сака акциони спакувани филмови со борби.[7][8]
Наводи
уреди- ↑ „Russian – BGN/PCGN transliteration system“. transliteration.com. Посетено на 27 November 2020.
- ↑ Russians Kasatkina, Rublev win French Open junior titles[мртва врска]
- ↑ „Rublev's menu is varied in food, but steady in tennis“. ITF. 5 June 2014. Посетено на 3 October 2016.
- ↑ „Tennis is family affair for Rublev“. Sarasota Herald-Tribune. 3 December 2013. Архивирано од изворникот на 2020-02-18. Посетено на 3 October 2016.
- ↑ „Поколение Next: Андрей Рубљов“ [Generation Next: Andrey Rublev] (руски). SportBox. 9 June 2014. Посетено на 3 July 2014.
- ↑ Yakov Chudakov (23 July 2012). Чемпионат Европы. Андрей Рублёв: Играть в теннис помогает бокс [European Championships. Andrey Rublev: Boxing helps me playing tennis] (руски). GoTennis. Посетено на 3 July 2014.
- ↑ Evgeny Fedyakov (30 June 2014). Андрей Рубљов: "Что я должен делать?" – спросил меня Макинрой" [Andrey Rublev: "What Should I Do?", asked me McEnroe] (руски). Sport-Express. Архивирано од изворникот на 10 July 2014. Посетено на 3 July 2014.
- ↑ Fitzpatrick, Cody (February 13, 2020). „Baseline: Rublev Talks Cats, Hair, One Direction in Reddit AMA“. baseline.tennis.com. Tennis. Архивирано од изворникот на 2020-02-15. Посетено на 24 November 2020.
Надворешни врски
уреди- Андреј Рубљов Профил на мрежното место на АТП (англиски)
- Андреј Рубљов (тенисер) на официјалното мрежно место на Дејвис купот
Награди и достигнувања | ||
---|---|---|
Претходник Александар Зверев |
Јуниорски светски шампион 2014 |
Наследник Тејлор Фриц |