Џорџ Вокер Буш (англиски: George Walker Bush) - 43. претседател на САД. Неговиот прв мандат започнал на 20 јануари 2001.

Џорџ В. Буш
George W. Bush
43. Претседател на САД
На должноста
20 јануари 2001 – 20 јануари 2009
Потпретседател Дик Чејни
Претходник Бил Клинтон
Наследник Барак Обама
46. Гувернер на Тексас
На должноста
17 јануари 1995 – 21 декември 2000
Намесен управник Боб Булок
Рик Пери
Претходник Ен Ричардс
Наследник Рик Пери
Лични податоци
Роден(а) George Walker Bush
6 јули 1946(1946-07-06)(78 г.)
Њу Хевен,Конектикат, САД
Партија Републиканска партија
Сопружник Лора Велч (в. 1977)
Родители Џорџ Х. В. Буш
Барбара Пирс
Вероисповед Протестански Христијанин
Потпис
Воена служба
Род
Траење 1968–1974
Чин Прв поручник
Единица

Животопис

уреди

Џорџ Буш е роден на 6 јули 1946 во Њу Хејвн, Конектикат.[1] Тој е син на бившиот претседател Џорџ Херберт Вокер Буш. Братот на Џорџ Буш - Џеб Буш бил избран за гувернер на Флорида во 1999 година . Младиот Џорџ Буш растел во тексашките градови Мидленд и Хјустон, заедно со Џеб, Нил, Марвин и Дороти Буш. Учел во академијата „Филипс“ во државата Масачусетс, а потоа завршил историја на универзитетот „Јеил“ во 1968 година. Во универзитетот, тој бил член на студентското братство „Делта Капа Епсилон“, како и на тајното друштво „Череп и коски“. Џорџ Буш бил избран за гувернер на Тексас во 1995 година и таа должност ја извршувал до 2000 година.[2] Џорџ Буш е оженет со Лора Буш и има две ќерки близначки - Барбара и Џена.

Претседателски мандат

уреди

Буш првично ја претстави амбициозната домашна агенда, но неговите приоритети беа значително променети по нападите на 11 септември .  Војните беа започнати во Авганистан и Ирак, и имаше значителни домашни дебати во врска со имиграцијата, здравството, социјалното осигурување, економската политика и третманот на затворениците терористи. Во период од осум години, некогаш високиот рејтинг на Буш  постојано се намалуваше, додека бројките на неговото неодобрување значително се зголемуваа.  Во 2007 година, Соединетите Држави влегоа во најдолгата рецесија по Втората светска војна .

Одликувања

уреди

Во септември 2015 година, Џорџ Буш бил одликуван со Орден на Република Македонија од страна на претседателот Ѓорге Иванов, за големиот придонес во градењето на пријателските односи помеѓу Македонија и Соединети Американски Држави. Орденот му го врачил премиерот Никола Груевски на посебна вечера организирана од фондацијата „Macedonia 2025“, организирана на 20 септември 2015 година во хотелотХилтон Колумбус“.[3][4]

Извори

уреди
  1. Ахлес, Дик (24 декември 2000). „Bush's Birthplace? It's Deep in the Heart of... New Haven“. The New York Times. Архивирано од изворникот 26 октомври 2010. Посетено на 26 јануари 2021.
  2. „George W. Bush#Governor of Texas“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 26 јануари 2021.
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-09-28. Посетено на 2015-09-27.
  4. „Груевски му врачи орден на Република Македонија на Џорџ Буш помладиот!“, Фокус, број 1044, 9 октомври 2015, стр. 22.