Ѓерѓ Лукач

(Пренасочено од Џерџ Лукач)

Ѓерѓ Лукач (унгарски: György Lukács; 13 април 18854 јуни 1971) — унгарски марксистички филозоф и книжевен критичар. Тој бил една од клучните фигури на т.н. западниот марксизам и основач на будимпештанската школа на марксизмот. Лукач исто така се смета за еден од најважните претставници на марксистичката литературна наука.[1]

Ѓерѓ Лукач
Ѓерѓ Лукач
Роден(а)13 април 1885
Будимпешта, Австроунгарија
Починал(а)4 јуни 1971(1971-06-04) (возр. 86)
Будимпешта, Унгарија
ПериодФилозофија на XX век
ПодрачјеЗападна филозофија
Школамарксизам
Претежна дејност
политичка филозофија, социјална теорија, политика, теорија на книжевноста, естетика
Значајни идеи
осуштествување, класна свест

Лукач создал систем на марксистичка естетика, којашто ја демантирала неопходноста на политичката контрола за уметничкото самоизразување и ги негирала хуманистичките принципи.[2] Тој продолжил да ја развива марксистичката теорија за отуѓувањето на поединецот во индустриското општество.[2].

Животопис

уреди

Лукач се родил во блaгородничко еврејско семејство. Татко му, банкарот Јожеф Левингер (József Löwinger, од 1891 година — Szegedi Lukács József, од 1901 година (се стекнал со наследно дворјанство) — József von Lukács, 1855—1928), бил родум од Сегед; мајка му, Адел Вертхајмер (Wertheimer Adél, 1860—1917), е родена во Виена. Разговорен јазик во семејството бил германскиот, додека мајката Адел воопшто и не зборувала унгарски.[3][4]. Во 1907 година, семејството го прифатило лутеранството.[5]

Лукач во текот на своето образование ги посетувал социјалистичките кругови и се запознал со социјалистичките идеи. Во прво време неговите идеи не биле на линија на марксизмот, но по избувнувањето на Руската револуција од 1917, тој станал марксист и во 1918 се зачленил во Комунистичката партија на Унгарија.

Во 1919 активно учествувал во Унгарската советска република како комесар за образование и култура. По задушувањето на револуцијата во Унгарија, Лукач побегнал во Виена. Таму, тој пишувал есеи кои во 1923 ги издал во книга насловена „Историјата и класната свест“.

Од 1929 до 1933 живеел во Берлин, но по доаѓањето на власт на нацистите пребегал во СССР, каде што останал до крајот на Втората светска војна. По завршувањето на војната, се вратил во Унгарија и учествувал во формирањето на новата влада под водство на комунистите.

Во текот на Унгарската револуција од 1956 станал министер за култура во владата на Имре Наѓ, која му се спротивставила на СССР. По задушувањето на револуцијата, бил протеран во Романија, но за разлика од Наѓ ја преживеал чистката. Во Будимпешта се вратил една година подоцна, откако јавно се откажал од своите ставови од 1956 година. До крајот на животот, Лукач повеќе не ѝ се спротивставил на комунистичката ортодоксија.

Будимпештанска школа

уреди

Иако кон крајот на својот живот Лукач имал многу ученици, понекогаш познати под општиот поим „будимпештанска школа“ (Агнеш Хелер, Ѓерѓ Маркуш, Ференц Фехер, Михај Варга), кои ги продолжиле филозофските истражувања на својот учител во доменот на марксизмот. Сите претставници на будимпештанската школа по смртта на Лукач се откажале не само од него, туку и воопшто од марксистичката идеја. Мнозинството од нив, како последица на малите изгледи да предаваат во Унгарија се преселиле во Австрија, каде што крајно го издигнале социјалниот либерализам. Агнеш Хелер која повеќе од другите ја заштитувала левичарската идеја, подоцна се пренасочила кон неолиберализам и неоконзерватизам.[6] Иштван Месарош и Миклош Крашо, кои по Унгарската револуција од 1956 година пребегале во Велика Британија, се меѓу ретките ученици на Лукач кои останале леворадикални марксисти.

Основни дела

уреди
  • Душа и форми (1910);
  • Историја на развојот на современата драма (1912);
  • Теорија на романот (1920);
  • Историјата и класната свест (1923) — во ова дело тој за првпат во план ја истакнал тезата за целокупноста на первый план тезис о целостности, при што настојувал дека решавачката разлика меѓу марксизмот и буржоаската мисла не треба да се бара во тоа што главната улога при објаснувањето на историскиот процес им се придава на економските мотиви, туку дека најважна е категоријата на целокупноста;
  • Ленин: скица на заемната врска на неговите идеи (1924);
  • Литературни теории на XIX век и марксизам (1937);
  • Кон историјата на реализмот (1939);
  • Историски роман;
  • Гете и неговата епоха;
  • Младиот Хегел;
  • Уривање на разумот (1954);
  • Спецификата на естетското (1963).

Награди

уреди

Наводи

уреди
  1. А. С. Стикалин. Дьердь Лукач-мыслитель и политик. М., 2001. С. 16.
  2. 2,0 2,1 Gyorgy Lukacs Архивирано на 30 октомври 2017 г., Британика.
  3. Judith Marcus и Zoltán Tarr. Предисловие к «Georg Lukács: theory, culture, and politics», стр. 123
  4. The «Lukács Effect» in Twentieth-Century Hungarian Literature and Film Архивирано на 27 јуни 2010 г.: Вертхајмеровци биле едно од најблагородните еврејски семејства во Австроунгарија.
  5. „Georg Lukács sobre la cuestión judía“. Архивирано од изворникот на 2011-05-06. Посетено на 2016-10-30.
  6. Tormey, Simon (1998) From "Rational Utopia" to "Will-to-Utopia". On the "Post-modern" Turn in the Recent Work of Agnes Heller. Daimon, 17. Pp. 133-149.

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: