Имре Наѓ
Имре Наѓ (унгарски: Imre Nagy), (Капошвар, 7 јуни 1896 - Будимпешта, 16 јуни 1958) – унгарски комунистички политичар кој бил назначен за Претседател на Советот на министрите на НРУ во два мандати. Вториот мандат на Наѓ бил прекинат со советската инвазија и сломот на Унгарската револуција од 1956 година. Две години подоцна Наѓ бил погубен под обвинение за предавство.
Имре Наѓ Imre Nagy | |
---|---|
Претседател на Советот на министри на Народна Република Унгарија | |
На должноста 4 јули 1953 – 18 април 1955 | |
Претходник | Маќаш Ракоши |
Наследник | Андраш Хегедуш |
На должноста 24 октомври 1956 – 4 ноември 1956 | |
Претходник | Андраш Хегедуш |
Наследник | Јанош Кадар |
Лични податоци | |
Роден(а) | 7 јуни 1896 Капошвар, Кралство Унгарија, Австроунгарија |
Починал(а) | 16 јуни 1958 Будимпешта, Народна Република Унгарија | (возр. 62)
Националност | унгарска |
Партија | Унгарска комунистичка партија, Унгарска работничка народна партија |
Сопружник | Марија Егете |
Деца | 1 |
Животопис
уредиДо револуцијата
уредиНаѓ е роден во Капошвар во селско семејство и учел за бравар. Неговиот татко, Јозеф Наѓ (1869-1925) бил властелински слуга, работник во грофовијата, а подоцна работник на монтажа. Мајка му, Розалија Сабо (1877-1969) пред да се омажи била слугинка.
За време на Првата светска војна Наѓ служел во Австроунгарската армија на Источниот фронт каде бил заробен во 1915 година. Станал член на Руска комунистичка партија и ѝ се придружил на Црвената армија.
Наѓ се вратил во Унгарија во 1921 година. Во 1930 година оди во Советскиот Сојуз и повторно ѝ се придружува на Комунистичката партија, а станал и советски државјанин. Бил ангажиран на истражувања во земјоделството, но исто така работел во унгарската секција на Коминтерната. Во 1936 година бил исклучен од партијата и подоцна работел за советските статистички служби. Гласини дека Наѓ бил агент на Советската тајна служба се појавиле подоцна, ги започнал водачот на Унгарската партија Карољ Грос во 1989 година, наводно во обид да го дискредитира Наѓ.[1] Сепак постои евиденција дека Наѓ служел како информатор за НКВД за време на неговиот престој во Москва и ѝ дава имиња на тајната полиција како начин да ја докаже својата лојалност (општа тактика за странските комунисти во Советскиот Сојуз во тоа време).[2]
После Втората светска војна, Наѓ се вратил во Унгарија. Тој бил министер за земјоделство во владата на Бела Миклош, делегиран од Комунистичката партија на Унгарија. Тој му ја поделил земјата на селското население. Во следната влада, предводена од Золтан Тилди, тој бил министер за внатрешни работи. Во овој период тој играл активна улога во протерувањето на унгарските Германци.[3]
Наѓ исто така бил Претседател на Националното собрание на Унгарија од 1947 до 1949 година.
После две години како Претседател на Советот на министрите на НРУ (1953-1955), во кој период тој го промовирал својот „нов курс“ на социјализмот, Наѓ паѓа во немилост на Советското политбиро. Тој го губи местото во Унгарскиот централен комитет, Политбирото и сите други партиски функции и на 18 април 1955 година тој е разрешен од Претседател на Советот на министри.
Револуција
уредиНаѓ повторно станува Претседател на Советот на министрите на НРУ, овој пат на народно барање за време на антисоветската револуција во 1956 година.
На 1 ноември, тој најави повлекување на Унгарија од Варшавскиот пакт и апелираше преку Обединетите нации до големите сили, како САД и Обединетото Кралство, да го признаат статусот на Унгарија како неутрална земја. .[4] Во овој период Наѓ му останал цврсто посветен на марксизмот, но неговата концепција на марксизмот била како „наука која не може да остане статична“ и тој се борел против „ригидниот догматизам“ на „сталинистичкиот монопол“.[5]
Кога Советите извршиле инвазија на Унгарија и ја задушиле револуцијата, Наѓ и неколкумина други добиле азил во амбасадата на Југославија во Будимпешта. И покрај писмените гаранции за безбедно поминување кои ги издал Јанош Кадар, на 22 ноември, на автобусот во кој се наоѓале азилантите му била променета рутата и советските снаги го уапсиле Наѓ и бил одведен во Романија.
Тајно судење и погубување
уредиПодоцна, Наѓ е вратен во Унгарија каде бил тајно оптужен за рушење на унгарската народна демократска држава и за предавство. Судено му е тајно, прогласен е за виновен, осуден на смрт и пресудата е извршена со бесење во јуни 1958 година.[6] Неговото судење и егзекутирање биле обзнанети дури по извршувањето на пресудата. .[7] Според Федор Бурлацки, внатрешен човек на Кремљ, Никита Хрушчов го егзекутирал Наѓ „како лекција за другите водачи на социјалистичките земји“. ".[8]
Наѓ, заедно со своите соборци, бил закопан во дворот на затворот каде биле извршени погубувањата и години подоцна бил преместен на оддалечен крај на Новите гробишта во Будимпешта,[9] со лицето надолу и со врзани раце и нозе со бодликава жица. До неговиот гроб се наоѓа спомен ѕвоно изгравирано на латински, унгарски, германски и англиски јазик. На латински стои: „Vivos voco / Mortuos plango / Fulgura frango“, што преведено би било: „Го викам животот / ги оплакувам мртвите / ги бркам молњите“.[10]
Споменици и политичка рехабилитација
уредиВо времето кога сталинистичкото водство на Унгарија не дозволувало обележување или пристап до неговиот гроб, на гробиштата Пер Лашез во Париз во негова чест бил изграден кенотаф.
Во 1989 година, Имре Наѓ бил рехабилитиран и неговите посмртни остатоци биле повторно погребани на истото место на 31. годишница од неговото погубување на погреб кој делумно го организирале противниците на сталинистичкиот режим. .[11] Се проценува дека на погребот присуствувале повеќе од 100 000 луѓе.
Дела
уредиСобраните дела на Наѓ, од кои поголемиот дел биле напишани откога бил разрешен од должноста премиер во април 1955 година, се прокриумчарени од Унгарија и издадени на Запад под наслов „Имре Наѓ за комунизмот“.
Семејство
уредиНаѓ бил женет со Марија Егете. Тие имале една ќерка, Ержебет Наѓ (1927-2008), унгарска писателка и преведувачка.[12] Ержебет Наѓ се омажила за Ференц Јанош. Имре Наѓ не се противел на врската и евентуален брак со протестантски свештеник и присуствувал на нивната религиозна свадбена цеременоја во 1946 година без дозвола на Политбирото. Во 1982 година, Ержебет се омажила за Јанош Веси.[2]
Наѓ на филм
уредиВо 2003 и 2004 година, унгарската режисерска Марта Месарош продуцирала фил заснован на животот на Наѓ после револуцијата со наслов „Непогребаното тело“ (унгарски: A temetetlen halott) (IMDb entry).
Наѓ е споменат во филмот „Деца на славата“.
Домот на Имре Наѓ во Будимпешта
уредиНаводи
уреди- ↑ János Rainer: Nagy Imre, (Budapest, 2002), 26.
- ↑ 2,0 2,1 Gati, Charles (2006). Failed Illusions: Moscow, Washington, Budapest and the 1956 Hungarian Revolt, p. 42. Stanford University Press. ISBN 0-8047-5606-6.
- ↑ (hu) Imre Nagy's unknown life, in Magyar Narancs Архивирано на 28 септември 2020 г.
- ↑ Gyorgy Litvan, The Hungarian Revolution of 1956, (Longman House: New York, 1996), 55–59
- ↑ Stokes, Gale. From Stalinism to Pluralism. p. 82–3
- ↑ Richard Solash, "Hungary: U.S. President To Honour 1956 Uprising", Radio Free Europe, 20 June 2006
- ↑ The Counter-revolutionary Conspiracy of Imre Nagy and his Accomplices White Book, published by the Information Bureau of the Council of Ministers of the Hungarian People's Republic (No date).
- ↑ David Pryce-Jones, "What the Hungarians wrought: the meaning of October 1956", National Review, 23 October 2006
- ↑ Kamm, Henry (8 February 1989). „Budapest Journal; The Lasting Pain of '56: Can the Past Be Reburied?“. The New York Times.
- ↑ 1798 Friedrich Schiller "Song of the Bell"
- ↑ Kamm, Henry (17 June 1989). „Hungarian Who Led '56 Revolt Is Buried as a Hero“. The New York Times.
- ↑ „Erzsebet Nagy, only child of Hungary's 1956 revolution prime minister Imre Nagy, dies“. Associated Press. PR-inside.com. 29 January 2008. Архивирано од изворникот на 15 February 2008.