Франкфуртска школа

Франкфуртската школа (германски: Frankfurter Schule) е школа на општествена теорија и филозофија делумно поврзана со Институтот за социјални истражувања на универзитетот Гете во Франкфурт, Германија. Училиштето првично било формирано за време на меѓувоениот период во Германија, и се состои од дисиденти кои не се согласувале со капиталистичките, фашистичките ниту комунистичките системи кои биле формирани за време на меѓувоениот период. Многу од овие теоретичари верувале дека традиционалната теорија не можела адекватно да го објасни турбулентиот и неочекуван развој на капиталистичките општества во дваесеттиот век. Критични и кон капитализмот и кон советскиот социјализам, нивните дела, укажале на можноста за алтернативен пат на социјален развој.[1]

Иако понекогаш само лабаво поврзани, теоретичарите на Франкфуртската школа разговарале со заедничка парадигма на ум, со што ги имале истите претпоставки и се преокупирале со слични прашања.[2]

Следејќи го Маркс, тие биле загрижени со условите кои ги предизвикувале социјалните промени и воспоставувањето на рационални институции. Нивниот акцент на "критичката" компонента на теоријата е изведен значително во нивниот обид да ги надминат границите на позитивизмот, материјализмот и детерминизмот.[3]

Критичка теорија и критика на идеологија

уреди

Работата на Франкфуртската школа не може да биде целосно сфатена без подеднакво да се разбираат целите и задачите на критичката теорија. Првично е наведено од страна на Макс Хоркхајмер во Традиционална и Критичка Теорија (1937), критичката теорија може да се дефинира како самосвесна општествена критика која се залага за промени и еманципација преку просветлување, и не се држи догматично кон сопствените доктрински претпоставки.[4][5] Првобитната цел на критичката теорија била да го анализира вистинското значење на "владејачките разбирања" кои се произведуваат во буржоаското општество со цел да се покаже како тие ја мисрепрезентирале вистинската човечка интеракција во реалниот свет - и со тоа ја оправдувале или озаконувале доминацијата врз луѓето од страна на капитализмот. Беше обезбеден одреден вид на приказна (нарација) за да се објасни она што се случува во општеството, но приказната криеше колку што и откриваше. Франкфуртските теоретичари генерално претпоставувале дека нивната задача беше, главно, да ги протолкуват областите на општеството кои Маркс не ги протолкувал, особено во суперструктурата на општеството.[6]

Хоркхајмер ја поставува критичката теорија како спротива на традиционалната теорија, која се однесува на теоријата во позитивистичкиот, научниот, или чисто набљудувачкиот начин - т.е. која произлегува од генерализации и "закони" за различни аспекти на светот. Согласувајќи се со учењата на Макс Вебер, Хоркхајмер тврди дека општествените науки се разликуваат од природните науки, и генерализациите не можат да бидат лесно направени врз основа на т.н. искуства, бидејќи разбирањето на "социјално" искуство самото по себе секогаш е обликувано од идеите кои се во самите истражувачи. Она што истражувачот не го реализира е дека тој е фатен во историски контекст во кој идеологиите го обликуваат размислувањето; со што теоријата ќе биде во согласност со идеите во умот на истражувачот отколку со самото искуство.[7]

Одговарајќи на интензивирањето на отуѓувањето и ирационалноста во напреднатото капиталистичко општество, критичката теорија е една сеопфатна, историски само-рефлективна теоријата која ја критикува идеологијата, со цел истовремено да се објасни доминацијата и да ги покаже можностите за воведување на рационално, хумано и слободно општество. Франкфуртските теоретичари развиле голем број теории за економските, политичките, културните и психолошките структури на доминација на напреднатата индустриска цивилизација.

Критиката во марксистичката смисла значи преземање на идеологијата на општеството - на пример, верувањето во поединечната слобода или слободниот пазар во капитализмот - и критикувајќи ја со тоа што ќе се спореди со општествената стварност на тоа општество - на пример, социјалната нееднаквост и експлоатацијата.

Дијалектички метод

уреди

Хегел не се интересирал за размислувањата за иднината, според него филозофијата може да го разбере само она во ретроспективата. Така проучувањето на историјата е ограничено само на опис на минатите и сегашните реалности.[8]

Ова беше жестоко критикувано од Маркс и на младите Хегелиани, кои тврделе дека Хегел отишол предалеку во одбраната на својата апстрактна концепција за "апсолутниот разум" и не успеал да ги забележи "вистинските" -т.е. непожелните и ирацоналните- услови за живот на работничката класа. Превртувајќи ја идеалистичката дијалектика на Хегел, Маркс ја напредна сопствената теорија за дијалектичкиот материјализам, тврдејќи дека "не е свеста на луѓето што го одредува нивното битие, туку, напротив, нивното социјално битие е тоа што ја одредува нивната свест."[9] Марксовата теорија следи материјалистички закон на историјата и просторот,[10] според кој развојот на производните сили се смета како примарен мотив за историските промени, и според кој социјалните и материјалните противречности својствени за капитализмот неизбежно ќе доведат до неговата негација - заменувајќи го капитализмот со нова рационална форма на општество: комунизмот.[11]

Кога Маркс познато изјави во Тези за Фојербах дека "Филозофите само го толкуваа светот, на различни начини; поентата е да го променат", неговата вистинска идеја според Франкфуртските теоретичари била дека единствената важност на филозофијата е во тоа како ја известува акцијата. Франкфуртските теоретичари ќе се спротивстават на ова мислење, тврдејќи дека кога акцијата не успева, тогаш теоријата која ја предводела акцијата мора да се ревидира. На кратко, социјалистичката филозофска мисла мора да даде способност да се критикуват и "надминат" своите грешки. Иако теоријата мора да ја информира праксата, исто така праксата мора да има можност да ја информира теоријата.

Наводи

уреди
  1. Held, David (1980). Introduction to critical theory: Horkheimer to Habermas. University of California Press, p. 14
  2. Finlayson, James Gordon. (2005). Habermas: a very short introduction. Oxford: Oxford University Press, p.1
  3. Held, David (1980), p. 15
  4. Geuss, Raymond (1981). The idea of a critical theory: Habermas and the Frankfurt school. Cambridge University Press, p. 58
  5. Carr, Adrian (2000). "Critical theory and the management of change in organizations". In: Journal of Organizational Change Management, 13, 3, p. 208-220
  6. Martin Jay, The Dialectical Imagination. A History of the Frankfurt School and the Institute of Social Research 1923–1950. London: Heinemann, 1973, p. 21.
  7. Horkheimer, Max (1976). "Traditional and critical theory". In: Connerton, P (Eds), Critical Sociology: Selected Readings, Penguin, Harmondsworth, p. 213
  8. Little, D. (2007). "Philosophy of History", The Stanford Encyclopedia of Philosophy (Sun Feb 18, 2007), http://plato.stanford.edu/entries/history/#HegHis
  9. Karl Marx (1859), Preface to Das Kapital: Kritik der politischen Ökonomie.
  10. Soja, E. (1989). Postmodern Geographies. London: Verso. (esp. pp. 76–93)
  11. Jonathan Wolff, Ph.D. (уред.). „Karl Marx“. Stanford Encyclopedia of Philosophy. Stanford. Посетено на 2009-09-17.

Надворешни врски

уреди