Џанлука Фработа (роден на 24 јуни 1999 година, во Рим) — италијански фудбалер, играч од одбраната на Фрозиноне на заем од Јувентус.

Џанлука Фработа
Лични податоци
Роден на 24 јуни 1999(1999-06-24)(24 г.)
Роден во Рим, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Фрозиноне Фрозиноне
Број 99
Младинска кариера
Савио
Болоња Болоња
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2017-2019 Болоња Болоња 0 (0)
2018-2019Ренате Ренате 12 (0)
2019Порденоне Порденоне 7 (0)
2019-2020 Јувентус Јувентус U23 20 (1)
2020- Јувентус Јувентус 16 (0)
2021-Верона Верона 2 (0)
2022-Лече Лече 0 (0)
2022-Фрозиноне Фрозиноне 18 (0)
Репрезентација
2017 Италија Италија 18 6 (0)
2017 Италија Италија 19 9 (2)
2019- Италија Италија 20 5 (2)
2020- Италија Италија 21 3 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 јануари 2012

Клупска кариера уреди

Првите фудбалски чекори ги направил во екипата Савио Калчо, клуб од главниот град сместен во областа Пренестино-Лабикано. На 15-годишна возраст, тој бил забележан од скаути на Болоња, кои го приклучиле во тимот до 17 години. Неговите добри перформанси му донеле прогрес во Примавера тимот на Болоња, каде тој го продолжил својот развој. Во сезоната 2016-2017, тој бил повикан од тогашниот тренер на првиот тим Роберто Донадони, за натпреварот од Купот на Италија против Интер, во кој, сепак, тој останал на клупата како неискористена замена. Следната сезона, тој бил повикан во два натпревари од Серија А, но како и при првиот повик така и во овие натпревари останал неискористена замена и не добил можност да дебитира за првиот тим на Рособлу.

Пред почетокот на сезоната 2018-2019, Фработа бил позајмен на Ренате во Серија Ц,[1] каде го направил своето деби како професионалец, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Џакомо Качин во првото коло од Купот на Италија, против Рецато во поразот со 0-2 на домашен терен.[2] На 16 септември, дебитирал во Серија Ц играјќи како стартер во гостинската победа над Самбенедетесе. После 14 настапи за Ренате, во јануари 2019 Фработа се вратил во Болоња, а оттаму бил проследен на нов заем во Порденоне. За фриуланците тој забележал 7 настапи во 6 месеци, придонесувајќи за нивната историска промоција во Серија Б.

Во летото 2019 година, отакако бил забележан од Јувентус, Фработа потпишал за славниот клуб од Торино приклучувајќи се на нивниот тим под 23 години. Во првата сезона со Јувентус У23 тој го освоил Купот на Италија за екипи од Серија Ц, откако ја совладале Тернана во финалето со 2-1.

По одличната сезона со тимот под 23 години, во завршницата од сезоната 2019-2020 во Серија А, Фработа бил повикан од тренерот Маурицио Сари за последните два натпревари од првенството. Откако на гостувањето кај Каљари останал неискористена замена, во последното коло во поразот со 1-3 од Рома на домашен терен, Фработа го направил своето деби во Серија А за првиот тим на Јувентус играјќи го целиот натпревар.

На 20 септември 2020, го одиграл својот втор натпревар за Јувентус, во победата со 3-0 на домашен терен против Сампдорија, во првото коло од Серија А 2020-2021.[3] По солидната минутажа на почетокот од сезоната, неговите настапи станале се поретки по враќањето од повредата на почетниот лев бек Алекс Сандро. Сепак, на 4 ноември 2020, тој го направил своето деби во Лигата на шампионите во победата со 1-4 на гостувањето кај Ференцварош, влегувајќи како замена во последните 15-тина минути на местото на Хуан Квадрадо.[4] Откако Алекс Сандро бил позитивен на тест за COVID-19, по пауза од повеќе од месец дена Фработа повторно се нашол во почетната постава на Јувентус за дербито против Милан и неговиот настап бил солидно оценет во победата на бјанконерите со 1-3.

Статистика уреди

Клупска статистика уреди

Статистиката е ажурирана на 27 септември 2020.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2018-јан. 2019   Ренате Ц 12 0 КИ+КИ-Ц 1+1 0 - - - - - - 14 0
јан.-јун. 2019   Порденоне Ц 5 0 КИ+КИ-Ц - - - - - СЦ 2 0 7 0
2019-2020   Јувентус У23 Ц 18+2 0+1 КИ-Ц 6 0 - - - - - - 26 1
2019-2020   Јувентус А 1 0 КИ - - ЛШ - - СИ - - 1 0
2020-2021 A 10 0 КИ 0 0 ЛШ 1 0 СИ - - 11 0
Вкупно Јувентус 11 0 0 0 - - - - 12 0
Вкупно во кариерата 48 1 8 0 1 0 2 0 59 1

Титули уреди

  Порденоне уреди

2018-2019 (група Б)
2019

  Јувентус У23 уреди

2019-2020

  Јувентус уреди

2019-2020
2020-2021
2020

Наводи уреди

  1. „UFFICIALE: Renate, arrivano Frabotta e Pattarello dal Bologna - TUTTOmercatoWEB.com“. Посетено на 2018-10-09.
  2. „Renate vs. Rezzato - 29 July 2018 - Soccerway“. uk.soccerway.com (англиски). Посетено на 2018-10-09.
  3. „Le pagelle di Juve-Samp 3-0: Ramsey rinato, Kulusevski-CR7 coppia del gol“. Eurosport. 2020-09-20. Посетено на 2020-09-25.
  4. „Juventus – Il club celebra sui social l'esordio europeo di Frabotta“. JuveNews.eu. 5 November 2020. Посетено на 6 November 2020.

Надворешни врски уреди