Домашна коза

(Пренасочено од Јаре)
Домашна коза
припитомен
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Парнокопитни
Семејство: Шуплороги
Потсемејство: Кози
Род: Кози
Вид: Дива коза
Подвид: C. a. hircus
Триномен назив
Capra aegagrus hircus
(Линеј, 1758)

Домашната коза (лат. Capra aegagrus hircus) ― домашно животно, подвид на дивата коза од Азија и Источна Европа.

Нејзиното припитомување се одвивало уште во текот на 11 век п.н.е, на подрачјето на Блискиот Исток. Обично се претпоставува, дека припитомувањето многу брзо доведува до морфолошки промени на скелетот на таквите животни, како што е промената на роговите, и нивната помала големина. Луѓето од козите го користат месото, кожата, млекото и волната.

Историја

уреди

Козите се меѓу најраните животни припитомени од луѓето.[1] Најновата генетска анализа[2] ги потврдува археолошките докази дека дивата анадолска коза од планините Загрос е веројатно изворниот предок на веројатно сите домашни кози денес.[1]

Неолитските фармери започнале да пасат диви кози првенствено за лесен пристап до млеко и месо, како и до измет, кој се користел како ѓубриво; а нивните коски, коса и жила се користеле за облека, градби и алатки.[3] Најраните остатоци од домашни кози кои датираат 10.000 години пред денес се наоѓаат во Ганџ Дарех во Иран. Остатоци од кози се пронајдени на археолошките места во Ерихон, Чога Мами,[4] Џејтун и Чајону, датирајќи го припитомувањето на кози во Западна Азија пред околу 8.000 до 9000 години.[1]

Студиите за докази на ДНК предложуваат 10.000 години БП како датум на припитомување.[2]

Историски гледано, козјата кожа била користена за шишиња за вода и вино и при патување и при превоз на вино за продажба. Користена била и за производство на пергамент.

Исхрана

уреди

Ако ги имаат на располагање сите делови на билки, козите јадат околу 60% листови и стеблести растенија, околу 20% зелено растение и само околу 20% трева. Порано, но и денес се чуваат во повисоките места, зошто се способни за искачување како и за подрачја на кои не можат да се одгледуваат говеда.

Размножување

уреди

Козата достигнува полна зрелост на 5 месеци (мажјакот), односно на 7 месеци (женката) од животот. Таа може да носи млади до својата седма година, а вообичаено раѓа 1 до 3 млади. Циклусот кај козите трае 21 ден, започнувајќи во есен и повторувајќи се неколку месеци до оплодувањето.

Козата како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
 
Жена во народна носија како молзе коза.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Breeds of Livestock; Goats: (Capra hircus)“. Oklahoma State University Board of Regents. Наводот journal бара |journal= (help)
  2. 2,0 2,1 Naderi, Saeid; Rezaei, Hamid-Reza; Pompanon, François; Blum, Michael G. B.; Negrini, Riccardo; Naghash, Hamid-Reza; Balkiz, Özge; Mashkour, Marjan; Gaggiotti, Oscar E.; Ajmone-Marsan, Paolo; Kence, Aykut; Vigne, Jean-Denis; Taberlet, Pierre (18 ноември 2008). „The goat domestication process inferred from large-scale mitochondrial DNA analysis of wild and domestic individuals“. PNAS. 105 (46): 17659–17664. Bibcode:2008PNAS..10517659N. doi:10.1073/pnas.0804782105. PMC 2584717. PMID 19004765.
  3. Hirst, K. Kris. "The History of the Domestication of Goats". Архивирано на 7 април 2022 г. About.com. Пристапено на 16 април 2021.
  4. Maisels, C.K. The Near East: Archaeology in the Cradle of Civilization Routledge, 1999; стр. 124
  5. Браќа Грим, Храбриот кројач, Детска радост, Скопје, 1980.
  6. Браќа Грим, Сказни, Наша книга, Скопје, 1972, стр. 14-17.
  7. Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 144-145.
  8. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 330-332.
  9. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 71.
  10. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 77.
  11. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 80-81.
  12. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 75.
  13. Alphonse Daudet, Pisma iz mog mlina. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 41-48.
  14. Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 65-66.
  15. Funk Shui, R.E.M., TR003, 22 Records.