Јака Чешма (Тремник)

археолошко наоѓалиште во Тремник, Македонија
Јака Чешма - Црквар

Чешмата

Карта

Местоположба 41°26′15.34160″N 22°09′15.33348″E / 41.4375948889° СГШ; 22.1542593000° ИГД / 41.4375948889; 22.1542593000
Основни податоци
Место Тремник
Општина Неготино
Тип

 некропола  сакрален објект


Период римско време
среден век
Портал „Археологија“

Јака Чешма - Цркварархеолошко наоѓалиште во неготинското село Тремник. Претставува некропола од римско време и среден век. Во 1981 година Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата извршил истражување и документирање на 10 гроба со конструкции од камени плочи - тип циста. Само во 4 гроба биле најдени прилози карактеристични за XIV век.[1] Наоѓалиштето е поделено на две целини: Јака Чешма кое е самата чешма и аквадуктот, и Црквар кое е некрополата.

Местоположба

уреди

Наоѓалиштето се наоѓа на југоисточната периферија од селото на простор со големо сакрално значење. Од јужната страна наоѓалиштето е отсечено од суводол формиран од поројни дождови. Од северната страна се наоѓа селската џамија, и муслиманските гробови. Низ локалитетот поминува жив селски пат, кој од сретсело во Тремник, води преку Орманков Гроб и Буки кон селото Прждево.[2]

Особености

уреди

Јака Чешма

уреди
 
Остатоци од аквадуктот.

Аквадуктот на наоѓалиштето Јака Чешма датира од римскиот период (1-3 век н.е). Овој аквадукт е сè уште функционален, и дел од селото се снабува со вода од него. Околу 40 метри од аквадуктот е истражен. Аквадуктот е со височина од 1 метар. Единствен аквадукт сличен на наведениот е пронајден во Стоби.[3]

Ископувања во делот Црквар

уреди
 
Местоположбата на Црквар (веднаш до црквата „Св. Троица“).

На еден мал дел од просторот на селските гробишта, се наоѓаат многубројни парчиња од архитектонска пластика. Столбови, камени и мермерни блокови и др. Сите овие елементи припаѓаат на римски сакрален објект. На наоѓалиштето се најдени антички гробови од типот тегули на две води од периодот 2-4 век.[4]

Со археолошките истражувања биле откриени вкупно 10 гробови. Сите се градени во вид на цисти со плочи од зеленикав шкрилец. Сите гробови се ориентирани запад-исток, со главата на западна страна. Во гробовите 1, 3, 4, 7, 9, и 10 рацете се скрстени во пределот на стомакот. Во гробот 2, левата рака е испружена покрај телото, а десната е положена на стомакот. Во гробот 6, левата рака е свиткана во лактот кон левото рамо, а десната рака положена на стомакот. Во гробот 5, сочувани се само долните екстремитети, според кои сепак може да заклучиме дека се од лице од детска возраст.[2]

Потоа во гробовите 2, 3, 4, 5, 6, 9, 10 е погребано по едно лице. Во гробовите 1 и 7 се погребани три лица, од различна пред се од детска возраст. Во гробот 8 е сочуван само тилниот дел од черепот.[2]

Од вкупно 10 гробови, само 4 се со прилози. 1, 2, 4, и 10. Откриени биле два прстена, еден прапорец, две лимени приврзоци, една масивна алка од лошо сребро и три наушници. Прстенот од гробот 4 има плочеста елипсоидна глава од тенок сребрен лим. На прстенот не се забележани траги од украсување. Прстенот од гробот 10 е изработен од лошо сребро. Алката од прстенот е од потенот сребрен тел.[2]

Наушницата од гробот 1 им припаѓа на типот мешлести округли наушници. Директна сличност имаме од некрополата околу црквата кај селото Манастир, Мариово. Наушницата е од бронза и шупло леана. Другите две наушници сосема се разликуваат по формата. Тоа се две сребрени ливчиња, пронајдени од левата страна на черепот во гробот 4.[2]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 236, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Мандиќ, Милоје (1986). Зборник посветен на Бошко Бабиќ. Прилеп.
  3. Јованов, Марјан; Јакимовски, Антонио. „Balcanoslavica“. 45 (1-2. изд.). Прилеп: 124. ISSN 0350-0179. Наводот journal бара |journal= (help)
  4. Винчиќ, Живојин (1996). 1000 години антика во тиквешијата. Неготино: Собрание на Општина Неготино.
  5. Ископувања на Мали Дол. Архивирано од изворникот на 2016-03-18. Посетено на 2020-06-01.