Шесте Куќи (Тремник)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Шесте Куќи“
| |
Местоположба | 41°26′21″N 22°09′12″E / 41.43917° СГШ; 22.15333° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Тремник |
Општина | Неготино |
Тип |
|
Период | железно време |
Портал „Археологија“ |
Шесте Куќи — археолошко наоѓалиште во неготинското село Тремник. Претставува некропола од железно време. Се наоѓа на околу 1 км западно од селото, веднаш покрај патот што води за селото Долни Дисан. При подготвувањето на нивата за лозов насад Н. Василев открил и раскопал еден гроб со конструкција од големи монолитни плочи во кој нашол висулец - амулет со кружна форма, чешел, двојна секира и салталеони изработени од бронза. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Неготино.[1]
Поврзано
уреди- Список на археолошки наоѓалишта во Неготинско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија;
- Анска Чешма — некропола од римското време;
- Белогурија — населба и некропола од римското време;
- Бунарје — градиште од доцноантичкото време;
- Градиште — населба од бронзеното време;
- Лесково Чешмиче - Камено — населба од доцноантичкото време и средниот век;
- Мали Дол — некропола од средниот век;[2]
- Романов Гроб — некропола од римското време;
- Студена Чешма — населба од римското време;
- Црквиште — старохристијанска црква;
- Чаир — градиште — утврдена населба и некропола од доцноантичкото време.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 236, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ „Ископувања на Мали Дол“. Архивирано од изворникот на 2016-03-18. Посетено на 2020-12-29.