Чаир (Тремник)

археолошко наоѓалиште во Тремник, Македонија
Чаир - Градиште

Остотоци од темели во средишниот дел на наоѓалиштето

Карта

Местоположба 41°26′21″N 22°09′12″E / 41.43917° СГШ; 22.15333° ИГД / 41.43917; 22.15333
Основни податоци
Место Тремник
Општина Неготино
Тип

 утврдена населба  некропола

Период старохристијанско време
Портал „Археологија“

Чаир - Градиште археолошко наоѓалиште во неготинското село Тремник. Претставува утврдена населба и некропола од старохристијанско време. На 0,5 км северо-северозападно од селото има висок рид со зарамнето плато на кое по површината се гледаат остатоци од одбранбен бедем, фрагменти од керамички садови и питоси, како и градежен материјал. На јужниот крај на наоѓалиштето се пронајдени гробови.[1]

Местоположба

уреди
 
Ридот на кој се наоѓа наоѓалиштето.
 
Ридот фотографиран од тремничкиот дол.

Наоѓалиштето Чаир Градиште се наоѓа на 0,5 км северо-северозападно од селото Тремник, на јужниот крај на една 30-60 м висока тераса, која се наднесува над тремничкиот дол. На тоа место постои силен извор со добра вода, што ги привлекло жителите да создадат населба уште од хеленистичко време.[2]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 236, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
  2. Микулчиќ, Иван (1999). Антички градови во Македонија. Скопје: МАНУ.
  3. Ископувања на Мали Дол. Архивирано од изворникот на 2016-03-18. Посетено на 2020-12-29.