Ѓорѓи Желчески

македонски пејач на народна музика
Ова е објавената верзија, проверена на 9 октомври 2023. Промени во предлошки чекаат на преглед.

Ѓорѓи Желчески (1938 - 24 февруари 2020) — македонски пејач на народна музика. Во својата долгогодишна кариера, постојано настапувал во дует со сопругата Кевсер Селимова.

Животопис

уреди

Ѓорѓи Желчески е роден во Прилеп во 1938 година. Се оженил за пејачката Кевсер Селимова со која живеел во Белград, а летните месеци ги поминуваат во нивнот апартман на полуостровот Истра во Хрватска. Селимова и Желчески имаат едно дете — ќерката Ана, родена во 1980 година, во Белград, од која го имаат внукот Ерол, роден во 2012 година.[1]

Музичка кариера

уреди

Желчески и Селимова се запознале на еден концерт во Титово Ужице, во 1959 година, каде Селимова настапила со "КУД Орце Николов", а програмата ја најавувал Желчески. Во тоа време, Желчески настапувал заедно со Никола Бадев, Анка Гиева и Верица Исјановска. За време на една голема турнеја, Исјановска се вљубила и решила да остане во Шабац, така што Желчески морал да бара друга партнерка за пеење во дует. Разговарајќи со својот менаџер, тој се сетил на средбата со Селимова, која во 1961 година му се придружила, пеејќи во дует со него. Со текот на времето, нивната популарност растела, но Македонија станала претесна за нивните амбиции. По една голема турнеја на Желчески низ Македонија, која вклучувала настапи во Ресен, Титов Велес, Штип, Струмица, Охрид, Кичево, Струга итн., „РТВ Белград“ побарала пејач од Македонија и Желчески заминал во Белград. Таму, тој одржал концерт во Домот на синдикатот и постигнал голем успех, така што започнале да пристигнуваат други понуди и тој решил да остане во Белград.[1]

Дуетот Селимова-Желчески е најпознат по нивната изведба на народните песни: „Елено, ќерко“, „Бело лице љубам јас“, „Врати ми се, љуби ме“, „Брала мома капини“ итн. На 15 ноември 2013 година, Селимова и Желчески одржале концерт во Домот на АРМ, во Скопје, со кој го одбележале јубилејот „Пет децении творештво“.[1]

Смрт

уреди

Желчески починал во Белград на 24 февруари 2020 г. на возраст од 82 години.[2]

Дискографија

уреди
  • Selimova Želčevski, PGP RTB, EP 12 980

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Андријана Андова, „Македонската песна може да се пее и од Тунгузија“, Антена, бр. 803, 15.11.2013, стр. 4-5.
  2. „Почина Ѓорѓи Желчески од познатото дуо Селимова-Желчески“. Нова Македонија. 24 февруари 2020. Посетено на 24 февруари 2020.