Кевсер Селимова
Кевсер Селимова — македонска пејачка на народна музика. Во својата долгогодишна кариера, постојано настапувала во дует со Ѓорѓи Желчески.
Животопис
уредиКевсер Селимова е родена во Ресен во 1945 година. По националност, таа е Турчинка. Селимова и Желчески живеат во Белград, а летните месеци ги поминуваат во нивнот апартман на полуостровот Истра, во Хрватска. Селимова и Желчески имаат едно дете - ќерката Ана, родена во 1980 година, во Белград, од која го имаат внукот Ерол, роден во 2012 година.[1]
Музичка кариера
уредиНа почетокот од својата музичка кариера, Селимова пеела турски народни песни. Таа го запознала Желчески на еден концерт во Титово Ужице, во 1959 година, каде настапила со "КУД Орце Николов", а програмата ја најавувал Желчески. Подоцна, во 1961 година, Селимова му се придружила на Желчески, пеејќи во дует со него и тогаш, таа започнала да пее македонска народна музика.
Дуетот Селимова-Желчески е најпознат по нивната изведба на народните песни: "Елено, ќерко", "Бело лице љубам јас", "Врати ми се, љуби ме", "Брала мома капини" итн. На 15 ноември 2013 година, Селимова и Желчески одржале концерт во Домот на АРМ, во Скопје, со кој го одбележале јубилејот - пет децении творештво.[2]
Дискографија
уреди- Selimova Želčevski, RTB, EP 12 980