Стејтус Кво

англиска рок-група

Status Quo или познати како The Quo или само како Quo — британска рок група основана во Лондон во 1962 година. Групата ја основале тогашните средношколци Френсис Роси и Алан Ланкастер.[1] [2] По неколку промени на името и на составот на групата, во 1967 година групата била преиминувана во The Status Quo и во Status Quo во 1969 година. Групата без прекин е активна и денес (2024 година) (и покрај тоа што објавиле дека се распаѓаат во 1984 година, тие следната година настапиле на Live Aid и во 1986 година продолжиле со вообичаените активности).[3]

Status Quo
Животописни податоци
Познат(а) и какоThe Quo
Quo
The Status Quo
Traffic Jam
The Spectres
The Scorpions
The Specters
ПотеклоЛондон, Англија
Период на активност1962–present
ИздавачиFourth Chord
Sanctuary
Eagle
Polydor
Vertigo
Pye
Мреж. местоStatus Quo Official Website

Тие имале преку 60 песни кои се пласирале на топ-листата во Обединетото Кралство, најмногу песни за една група на таа топ-листа.[4] Меѓу нив најпознати се: „Pictures of Matchstick Men“, „Down Down“, „Rokin' All Over the World“, „Whatever You Want“, „In the Army Now" и „What You're Proposing". Дваесет и две нивни песни влегле во топ-10 на Британската топ-листа за синглови, а педесет и седум стигнале до топ-40.[5] Групата има издадено преку 100 синглови и 33 албуми, од кои повеќето биле бестселери. Во 1972 година со албумот Piledriver се искачиле на 5-то место на Британската топ-листа за албуми, а потоа уште 24 нивни албуми се пласирале во топ-10 на топ-листата во Обединетото Кралство, заклучно со нивното последно издание, Backbone од 2019 година. Во 2012 година, со 7,2 милиони продадени синглови само во ОК, групата била ставена на десетто место на списокот на „Групи со најмногу продадени синглови во Обединетото Кралство на сите времиња“.[6] Во 2015 година, тие биле една од само 50-те музичари кои успеале кумилативно да се задржат повеќе од 500 недели на топ-листата за албуми во ОК.[7] Status Quo се една од најуспешните и најпродаваните групи на сите времиња, особено во Обединетото Кралство.

Во јули 1985 година, групата го отворила фестивалот Live Aid на Вембли со песната „Rockin' All Over the World“.[8] Во 1991 година, Status Quo добиле Британска музичка награда за исклучителен придонес во музиката.[9] Во 2014 година ја освоиле наградата „Service to Rock“ на Керанг! Наградите.[10] Status Quo е група со најмногу настапи во емисијата Top of the Pops на BBC.[11] Поради нивниот успех и долгогодишна кариера, а делумно и поради нивната поврзаност со британското кралско семејство, медиумите во Британија често ги нарекуваат „национална институција“.[12] [13] [14] Групата продала околу 108-118 милиони плочи ширум светот.[15]

Членови

уреди

Сегашни членови

  • Френсис Роси – главна гитара, вокал (1962-денес)
  • Енди Боун – клавијатури, ритам гитара, хармоника, вокал (1981–денес; дополнителен музичар во текот на 1976–1981)
  • Џон „Рино“ Едвардс – бас, ритам гитара, вокал (1985–денес)
  • Леон Кејв – тапани, перкусии, придружни вокали (2013–денес)
  • Ричи Мелоун – ритам гитара, вокал (2016-денес)

Поранешни членови

  • Алан Ланкастер – бас, вокал (1962–1985; повторно обединување во текот на 2013–2014 година; починал во 2021)
  • Алан Ки – тапани, перкусии (1962–1963)
  • Џес Јаворски – клавијатури (1962–1965; починал во 2014)
  • Џон Коглан – тапани, перкусии (1963–1981; повторна средба во текот на 2013–2014)
  • Рој Линс – клавијатури, вокал (1965–1970)
  • Рик Парфит – ритам гитара, вокал (1967–2016; починал 2016)
  • Пит Кирчер – тапани, перкусии, вокал (1981–1985)
  • Џеф Рич – тапани, перкусии (1985–2000)
  • Мет Летли – тапани, перкусии, вокал (2000–2013)

Дискографија

уреди
  • Picturesque Matchstickable Messages from the Status Quo (1968)
  • Spare Parts (1969)
  • Ma Kelly's Greasy Spoon (1970)
  • Dog of Two Head (1971)
  • Piledriver (1972)
  • Hello! (1973)
  • Quo (1974)
  • On the Level (1975)
  • Blue for You (1976)
  • Rockin' All Over the World (1977)
  • If You Can't Stand the Heat... (1978)
  • Whatever You Want (1979)
  • Just Supposin' (1980)
  • Never Too Late (1981)
  • 1+9+8+2 (1982)
  • Back to Back (1983)
  • In the Army Now (1986)
  • Ain't Complaining (1988)
  • Perfect Remedy (1989)
  • Rock 'til You Drop (1991)
  • Thirsty Work (1994)
  • Don't Stop (1996)
  • Under the Influence (1999)
  • Famous in the Last Century (2000)
  • Heavy Traffic (2002)
  • Riffs (2003)
  • The Party Ain't Over Yet (2005)
  • In Search of the Fourth Chord (2007)
  • Quid Pro Quo (2011)
  • Bula Quo! (2013)
  • Aquostic – Stripped Bare (2014)
  • Aquostic II – That's a Fact! (2016)
  • Backbone (2019)

Наводи

уреди
  1. Young, Bob (2000). Status Quo: Just Doin' It! (1st. изд.). London: Cassell Illustrated. стр. 27. ISBN 1-84403-562-X.
  2. Strong, Martin C. (2000). The Great Rock Discography (5th. изд.). Edinburgh: Mojo Books. стр. 927–929. ISBN 1-84195-017-3.
  3. „Status Quo legend John Coghlan to hang up his drumsticks after 60 years“. Planetradio.co.uk.
  4. „Status Quo hold UK singles record“. BBC News. 19 September 2005. Посетено на 14 February 2009.
  5. „Whatever You Want“. Official Charts. Посетено на 28 December 2021.
  6. https://www.officialcharts.com/chart-news/the-official-top-20-biggest-selling-groups-of-all-time-revealed-__2515/
  7. „Status Quo land 500th week on Official Albums Chart“. Official Charts.
  8. „Aaaaaay-o! Aaaaaay-o! Why Live Aid was the greatest show of all“. The Independent. Архивирано од изворникот на 24 May 2022. Посетено на 13 July 2020.
  9. "1991 – Outstanding Contribution to Music Award – Status Quo" Архивирано на {{{2}}}.. Brits.co.uk. Retrieved 30 October 2012
  10. https://www.leehawkins.com/NoFrames/Reviews/jun14.htm
  11. „Status Quo: Top of Top of the Pops“. BBC News. 21 June 2006. Посетено на 2 March 2020.
  12. „Quiz: They'll be rocking all over Llangollen - but are you in the know about the Quo?“. Walesonline.co.uk. 26 June 2014.
  13. „Status Quo turned Knockhill into a forest of air guitars after Dunkeld pit-stop“. Thecourier.co.uk. 23 August 2021.
  14. „Status Quo rock the forest“. Eadt.co.uk. 9 June 2008.
  15. „Quo Facts“. Statusquo.co.uk. Архивирано од изворникот на 2009-12-26. Посетено на 15 July 2011.

Надворешни врски

уреди