Them (група)

рок-група од Северна Ирска

Them ― рок-група од Северна Ирска основана во Белфаст во април 1964 година. Најпознати се по рок-стандардот „Gloria“ и по пуштањето на музичката кариера на пејачот Ван Морисон.[5]

Them
Them во 1965
Од лево кон десно: Били Харисон, Алан Хендерсон, Ван Морисон, Питер Барденс, Пет Меколи.
Животописни податоци
Познат(а) и како
  • Belfast Gypsies (1966–1967)
  • The Belfast Blues Band (1990–2015)
ПотеклоБелфаст, Северна Ирска
Жанрови
Период на активност
  • 1964 (1964)–1972
  • (едно возобновување: 1979)
Издавачи

Нивната песна „Gloria“ од 1964 година, во 1999 година била примена во Гремиевата куќа на славата.[6] Музичкиот критичар, Дејв Марш во 1989 година ја ставил на 69-то место во неговата книга „Срцето на рокот и соулот, 1001 најдобар сингл досега“ а „ Mystic Eyes“ била ставена на 458-мо место.[7] „Gloria“ се наоѓа на 208-мото место на списокот од 500 најдобри песни на сите времиња објавена од списанието Ролинг стоун во 2004 година.[8]

Историја на групата

уреди

Во 1962 година, Алан Хендерсон (бас), Били Харисон (гитара) и Рони Милинг (тапани) ја основале групата The Gamblers.[9] [10] Во април 1964 година, на групата ѝ се придружиле Ван Морисон (вокал, хармоника) и Ерик Риксон (клавијатури),[11] и го смениле името во Them кое било преземено од хорор филм од педесетите - „Them!.[12]

Групата имала солидни R&B настапи во хотелот Maritime кои го привлекле вниманието на издавачките куќи. На сцената во хотелот Maritime, Морисон за прв пат ја испеал „Gloria“. Во зависност од неговото расположение, песната можела да трае и до дваесет минути. Морисон рекол: „Them живееа и умреа на сцената во хотелот Maritime“, сметајќи со тоа дека групата не успеала да ја долови спонтаноста и енергијата од нивните настапи во живо на нивните плочи.[13] Изјавата, исто така, ја одразува нестабилноста на составот на Them, многу членови доаѓале и си заминувале од групата. Морисон и Хендерсон биле единствени константни членови, а понеуспешната верзија на Them продолжила по заминувањето на Морисон.[14]

Дик Роу од Decca Records потпишал стандарден двегодишен договор со Them. Во овој период, тие издале два албума и десет синглови, и уште два сингла откако Морисон ја напуштил групата. Имале три хита на топ листите, „ Baby, Please Don't Go“ (1964), „ Here Comes the Night“ (1965) и „Mystic Eyes“ (1965),[15] но на Б-страната од „Baby, Please Don't Go“ се наоѓала „Gloria“,[16] кој станала рок-стандард препеан од Пети Смит, Дорс, the Shadows of Knight, Џими Хендрикс и многу други.[17]

Во 1966 година, за време на турнејата во САД, Морисон ја напуштил групата за да продолжи со соло кариера - која трае до денес (2023 година). Групата продолжила со: пејачот Кен Мекдауел, Џо Бони, Алан Хендерсон и новите инструменталисти - Реј Елиот (клавијатури) и Дејвид Харви (тапани) и се обиделе да го искористат од угледот на претходната постава. Групата се распаднала во 1972 година. Била возобновена во 1979 година, но конечно била распуштен истата година.

Ван Морисон за заминувањето од Them рекол: „Немаше никаков мотив зад она што го правевте [тогаш]. Го правевте зошто така сакавте и уживавте во тоа. Така тргнаа работите, но попатно тие се извртеа и сите кои бевме вклучени исто така се извртеа, вклучувајќи ме и мене.“ (1967) „Не можете да земете нешто туку-така, да го ставите во кутија и на неа да напишете читко име, а потоа да се обидете да го продадете. Тие се обидоа да го направат тоа на тој начин. Тоа е она што ги уби Them" (1973).[18]

Иако Them имале релативно малку хит синглови, групата имала значително влијание врз други рок изведувачи, како што се Doors.[5]

Наводи

уреди
  1. „Van Morrison Biography“. The Rock and Roll Hall of Fame and Museum. Архивирано од изворникот на 25 April 2016. Посетено на 19 September 2014.
  2. Nathan Brackett; Christian David Hoard (2004). The New Rolling Stone Album Guide. Simon and Schuster. стр. 560. ISBN 978-0-7432-0169-8.
  3. Ingalls, Chris (11 August 2016). „Van Morrison: It's Too Late to Stop Now... Vols. II, III, IV and DVD“. PopMatters. Посетено на 14 December 2020.
  4. Erik Hage (2009). The Words and Music of Van Morrison. ABC-CLIO. стр. 22. ISBN 978-0-313-35862-3.
  5. 5,0 5,1 Unterberger, Richie. „Them Biography on All Music.com“. Allmusic. Посетено на 1 July 2011.
  6. „GRAMMY Hall of Fame Award“. National Academy of Recording Arts and Sciences. 1999. Архивирано од изворникот на 2 April 2015. Посетено на 12 October 2010.
  7. „Dave Marsh the 1001 greatest Singles Ever“. Rocklistmusic.co.uk. Архивирано од изворникот на 2023-12-01. Посетено на 8 April 2007.
  8. „The Rolling Stone 500 Greatest Songs of All Time“. Rocklistmusic.co.uk. 9 December 2004. Архивирано од изворникот на 2011-07-18. Посетено на 22 May 2010.
  9. Buckley, Peter (31 July 2002). The rough guide to rock – Google Book Search. Rough Guides. ISBN 978-1-84353-105-0. Посетено на 24 April 2009.
  10. „THEM the Belfast Blues-Band“. Thembelfast.com. Архивирано од изворникот на 17 August 2009. Посетено на 24 April 2009.
  11. „Eric Wrixon Biography – AOL Music“. Music.aol.com. Архивирано од изворникот на 29 November 2012. Посетено на 24 April 2009.
  12. Rogan (2006), pp. 79–83
  13. Turner (1993), page 44.
  14. Heylin (2003), page 118
  15. Buckley, Peter (2003). The rough guide to rock – Google Book Search. Rough Guides. ISBN 978-1-84353-105-0. Посетено на 17 April 2009.
  16. Turner (1993), pages 48–51
  17. Janovitz, Bill. „Gloria:Them:song review“. AllMusic. Посетено на 21 May 2010.
  18. Heylin, p. 112

Надворешни врски

уреди