Глуварче

род растенија од фамилијата на главоцветните
(Пренасочено од Taraxacum)
Глуварче
Сложен цвет (горе) и семеносна топка (долу)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Ред: Ѕвездовидни
Семејство: Главоцветни
Племе: Голици
Род: Глуварче
F. H. Wigg.
Типски вид
Taraxacum officinale [1]
F. H. Wigg.

Глуварче[2], млечка[3] или млечна козица (научTaraxacum) — голем род на цветни растенија од фамилијата на главоцветните (Asteraceae) со потекло од Евроазија, Северна и Јужна Америка. Од нив, обичното (T. officinale) и црвеносеменото глуварче (T. erythrospermum) се среќаваат како плевел ширум целиот свет.[4] Обата се целосно погодни за исхрана.[5] Како и другите членови на фамилијата штитоцветни, глуварчињата имаат голем број мошне ситни цветчиња сместени во соцветие. Многу видови го создаваат семето бесполово (со апомиксија, односно без опрашување) и затоа секое ново поколение е генетски истоветно со родителите.[6]

Опис

уреди

Членовите на овој род се двегодишни или повеќегодишни зелјести растенија од умерени подрачја на стариот и Новиот Свет.

Листовите се долги 5–25 см (или повеќе), прости и целосни или со залистоци. Имаат розовиден распоред над глацниот корен. Соцветијата се жолти до портокалови, отворени дење и затворени ноќе. Стојат на шупливо стебленце што се издига 1–10 см (или повеќе)[4] над листовите и лачи гумена млеч (латекс) ако се поткрши. Едно растение може да има неколку вакви стебленца. Соцветијата имаат пречник од 2–5 см и се состојат зрачно поставени цветчиња. Кога ќе узреат, соцветијата стануваат топчести семеносни глави[7] со голем број едносемени плодови наречени ахени. Секоја семка има „падобранче“ со тенки влакненца (папус) која овозможува расејување на големо растојание со помош на ветерот.

Соцветијата се обиколени со прицветници во две низи. Внатрешните прицветници се испаравени додека не узрат семињата, а потоа се наведнуваат за да ги расеат. Надворешните секогаш се наведнати. Дршките на падобранчињата се издолжуваат со созревањето на семето и потоа лесно се одвојуваат од него.

Разнесување на семињата

уреди

Повеќе видови глуварчиња се шират со значителна брзина и виреат на буништа и соголена почва. Ова особено важи за обичното глуварче. Кога ќе заврши цветањето, соцветието се суши во текот на еден до два дена. Сувите делови овенуваат и паѓаат, прицветниците се свиваат наназад и излегува топка од падобранчиња со семки.

Лажни глуварчиња

уреди
 
Соцветија на четинарката која е површно слична на глуварчето

Постојат разни слични растенија со жолти цветови од фамилијата на главоцветните кои се нарекуваат „лажни глуварчиња“. Особено слично на глуварчето е мачкиното уво (Hypochaeris). Обете имаат слични цветови и семки на падобранчиња Разликата е во тоа што глуварчето има единечно неразгрането шупливо стебленце, без влакненца и листови, додека пак мачкиното уво има разгрането и цврсто стебленце со прицветници. Листовите кај глуварчето се мазни, а кај мачкиното уво се влакести.

Површни сличности со глуварчето имаат и јастребинката (Hieracium) и четинарката (Crepis), но видно се разликуваат по разгранетите цветни стебленца што обично имаат влакненца и листови.

Класификација

уреди

Родот е таксономски сложен. Некои ботаничари го делат родот 34 макровидови и околу 2000 микровидови.[8] Во Британија и Ирска се забележани приближно 235 апомиксни и полиплоидни микровидови.[9] Некои стручњаци даваат мошне потесна дефиниција, прифаќајќи само 60 вида.[8]

Примена

уреди
 
Динстано глуварче со кафеав ориз

Во исхраната

уреди

Глуварчињата се собирале како прехранбена состоја уште од праисторијата, а почнале да се одгледуваат во Евроазија. Листовите се кинат и повторно растат бидејќи глуварчето е повеќегодишно растение. Се приготвуваат со бланширање за да се отстрани горчината.[10] или се динстаат како спанаќот.[11] Листовите и цветовите на глуварчето се составен дел од сефардската, кинеската и корејската кујна. Се приготвуваат и како салата.

Од цветните ливчиња се правати се прави сок, а од корењата се прави напиток налик на чај или кафе.[12]

Листовите изобилуваат со витамините А, Ц и К, калциум, калиум, железо и манган.[13]

Лековити својства

уреди

Глуварчето низ историјата се ценело како растение со различни лековити својства поради тоа што содржи најразлични фармаколошки активни соединенија.[14] Застаоено е во треварството во Европа, Северна Америка и Кина[14] како лек за инфекции и проблеми со жолчката и црниот дроб,[14] и како диуретик.[14]

Корист во градинарството

уреди

Во градинарството, глуварчето важи за благотворен плевел со голем број намени и може да биде добро придружно растение. Бидејќи корењата им се длабоки, глуварчињата ги земаат хранливи состојки од подолните слоеви и ги ставаат на располагање на растенијата со поплитки корења. Ја збогатуваат почвата со минерали и азот, привлекуваат инсекти-опрашувачи и испуштаат етилен кој помага при созревањето на плодовите.[15]

Глуварчето е познато медоносно растение во пчеларството.

Извор на гума

уреди

При повредување на ткивото, глуварчето лачи гумодајна млеч. Дивите видови даваат малку млеч и начелно, количината во голема мера се разликува. Во Германија е создадена сорта погодна за добивање на гума. Добиената млеч има исти својства како каучук од каучуково дрво.[16] и веќе се испробува за употреба за автомобилски гуми.[17]

Глуварчето како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Некои видови

уреди

Галерија на видови

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Adrian John Richards (1985). „Sectional nomenclature in Taraxacum (Asteraceae)“. Taxon. 34 (4): 633–644. JSTOR 1222201.
  2. „Глуварче“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „Млечка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. 4,0 4,1 Luc Brouillet. Taraxacum F. H. Wiggers, Prim. Fl. Holsat. 56. 1780“. Flora of North America.
  5. „Wild About Dandelions“. Mother Earth News.
  6. J. Doll & T. Trower. „Dandelion“. WeedScience. University of Wisconsin. Архивирано од изворникот на 2008-10-22. Посетено на 2014-07-31.
  7. „blowball“. McGraw-Hill Dictionary of Scientific & Technical Terms, 6E. The McGraw-Hill Companies, Inc. 2003. Посетено на 26 January 2013.
  8. 8,0 8,1 A. J. Richards (1970). „Eutriploid facultative agamospermy in Taraxacum“. New Phytologist. 69 (3): 761–774. doi:10.1111/j.1469-8137.1970.tb02461.x. JSTOR 2430530.
  9. Richards, A.J. (1997). Dandelions of Great Britain and Ireland (Handbooks for Field Identification). BSBI Publications. стр. 330. ISBN 978-0-901158-25-3.
  10. McGee, Harold (2004). „A survey of common vegetables“. On Food and Cooking: the science and lore of the kitchen. New York: Scribner. стр. 320. ISBN 0-684-80001-2.
  11. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-05-16. Посетено на 2014-07-31.
  12. Castronovo Fusco, MA (2008-04-15). „Dandelion as underrated as underfoot“. New Jersey On-Line. Посетено на 2011-03-07.
  13. „Dandelion greens, raw“. Nutritiondata.com. Посетено на 2011-03-07.
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 Katrin Schütz, Reinhold Carle & Andreas Schieber (2006). „Taraxacum—a review on its phytochemical and pharmacological profile“. Journal of Ethnopharmacology. 107 (3): 313–323. doi:10.1016/j.jep.2006.07.021. PMID 16950583.
  15. Anon. „Companion Planting for Vegetables & Plants“. Country living and farm lifestyles. countryfarm-lifestyles.com. Архивирано од изворникот на 2020-08-01. Посетено на 2011-03-07.
  16. „Making Rubber from Dandelion Juice“. sciencedaily.com. sciencedaily.com. Посетено на 22 November 2013.
  17. „Fraunhofer and Continental come together when the dandelion rubber meets the road“. Посетено на 31 May 2014.
  18. Летаат приказни. Скопје: Темплум, 2019, стр. 39.
  19. Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 16.
  20. Васко Попа, Поезија (избор). Скопје: Култура; Београд: Нолит, 1968, стр. 10.
  21. „Plants for a future: Taraxacum kok-saghiz“.
  22. „Flora of North America“. Efloras.org. Посетено на 2012-08-29.
  23. „Alberta Biodiversity Monitoring Institute - Taraxacum ceratophorum“. Архивирано од изворникот на 2014-07-08. Посетено на 2013-08-29.

Надворешни врски

уреди