Типски вид
Типски вид се подразбира вид трајно поврзано името на еден род. Ова е видот што го содржи видот биолошкиот типски примерок на таксонот. Типскиот род не е само концепт, туку и практичен систем што се користи во класификацијата и номенклатурата (именувањето) на животните и растенијата. Има големо значење како начин на јасно претставување на значењето на називите на родовите, особено кога таксонот содржи повеќе видови што треба да се поделат во разни родови. Типскиот вид автоматски го задава името на изворниот таксон на еден од новодобиените таксони, така намалувајќи ја можноста од забуна.
Според зоолошките и ботаничките правилници, секој именуван род или негова составна единица треба да има типски род, без оглед на тоа дали е моментално признаен како важечки или исправен. Во практика, постои заостаток на нетипизирани имиња.
Кај супрародовите групи се користи сличен концепт, наречен типски род.
Во зоологијата
уредиЗначењето на „типски род“ во зоолошката е определено во уредбата 42.3 од Меѓународниот правилник за зоолошка номенклатура (ICZN), каде се вели дека типскиот род е именосен тип на називот на родот или подродот (назив на родова група).
Творец на концептот за типскиот вид е францускиот зоолог Пјер Андре Латреј (1762–1833).[1]
Во ботаниката
уредиВо ботаничката номенклатура, типот на секое дадено таксономско име (ако има тип) технички претставува примерок (или илустрација).[2] Кога се работи за назив на род (или негова составна единица), обичн се користи типот на вид што влегува во него и може да се означи само со името на тој вид.[3] Иако поимот „типски род“ во правилникот нема формално значење, истиот понекогаш се позајмува од зоолошката номенклатура.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Claude Dupuis (1974). „Pierre André Latreille (1762–1833): the foremost entomologist of his time“. Annual Review of Entomology. 19: 1–14. doi:10.1146/annurev.en.19.010174.000245. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-03-20. Посетено на 2012-08-19.
- ↑ Меѓународен правилник за зоолошка номенклатура (ICBN), членови 10.1, 8.1 и 10.4 (Виенски правилник, 2005)
- ↑ ICBN, Член 10.1 (Виенски правилник, 2005)