Simply Red (музичка група)

(Пренасочено од Simply Red)

Симпли ред (англиски: Simply Red) е англиска музичка поп група, предводена од пејачот Мик Хакнел. Во текот на својата кариера, групата продала над 50 милиони примероци од своите албуми.

Simply Red
Главниот пејач, Мик Хакнал
Животописни податоци
ПотеклоМанчестер, Англија
Жанрови
Период на активност
  • 1985–2010
  • 2015–денес
Издавачи
Мреж. местоsimplyred.com
Членови
  • Мик Хакнал
  • Ијан Киркхем
  • Стив Луисон
  • Кенџи Сузуки
  • Кевин Робинсон
  • Роман Рот
  • Гери Сенкчуари

Историја на групата

уреди

Корените на „Simply Red“ водат потекло од рок свирката на „Sex Pistols“ одржана во „Lesser Free Trade Hall“ во Манчестер. Еден од многуте музички обожаватели кои биле присутни, бил и студентот по уметност Мик Хакнал, заедно со оригиналните членови на „Joy Division“, „The Smiths“ и „Buzzcocks“, кој како сведок на овој настан беше инспириран да формира бенд. Тој бенд првпат беше олицетворен со панк групата „Frantic Elevators“, која постоела седум години, а се распаднала во 1984 година. Во својата кариера, групата постигнала само ограничен локален успех и позитивна критика за нивната последна песна „Holding Back the Years“.

По периодот на „Frantic Elevators“, Хакнал се поврзал со менаџерот Елиот Рашман. До раната 1985 година Хакнал и Рашман беа собрале бенд од група локални музичари и почнаа да го привлекуваат вниманието на издавачките компании. Во овиј период групата го присвои името „Simply Red“, (по прекарот на Хакнал кој означувал боја на коса, наклонетост кон фудбалскиот тим „Manchester United“ и политичката определеност кон левото крило). Потпишаа за „Elektra“ во 1985 година. Со некои променливи регистри на Хакнал, Toni Bowrs (бас), Fritz McIntyre (тастатура), Tim Kellett (дувачки инструмант), Sylvan Richardson (гитара) и Chris Joyce (тапани).

Нивната прва песна, издадена во 1985 година, беше „Mone’s Too Tight (To Mantion)“, наслов за стандарната песна оригинално снимена од браќата Valentine. Оваа песна имаше голем меѓународен успех, достигнувајќи до британската и ирската топ 20 листа, подоцна американската, француската и германската топ 30 листа и италијанската топ 5 листа, почнувајќи успешна кариера во Италија, честопати поуспешна за разлика во Велика Британија.

Нивниот деби албум бил издаден во 1985 година. Во 1986 година бендот повторно ја сними песната која беше претходно снимена од Frantic Elevators, „Holding Back the Years”, во поприфатлив поп стил, кој овој пат беше водечи хит, достигнувајќи до второто место во Велика Британија, трето место во Холандија, дваесетто место во Италија и подоцна прво место во Ирска и САД, востановувајќи го името „Simply Red“ како домашно. Оваа песна останува да биде најпризнатото дело на бендот. Почнаа да се продаваат повеќе копии на албумот и тој стана интернационале хит албум.

За нивниот втор албум во 1987, Men and Women бендот се појавува со капи во форма на цилиндар и шарени костуми наместо поранешниот уличен изглед и антроспективниот и општествен коментар за нивното деби, заменето со синоооената душа имаше фани влијание. Со нивниот трет албум „A new flame“ во 1989 година, „Simply Red“ се здоби со уште поголема популарност и појавувања во јавност, со повеќе комерцијален отколку критички успех, запецатен со нивниот наслов од поп класичната песна на Harold Melvin, „If You Don’t Know Me By Now“, која стана нивниот втор хит во САД и една од најголемите песни на меѓународно ниво, а исто така беше и нивен најголем успех до тогаш. Хукнал до овој период стана меѓународна ѕвезда и беше фотографитран со модели и холивудски славни личности. Ова изгледаше како да ја нарушува единственоста на бендот со изјавувањето на Хакнал во 1991 година дека „Simply Red“ беше само „во суштина соло проект“.

Популарната кариера на бендот се искачи на врвотистата година со издавањето на албумот „Stars“, кој стана најдобро продаваниот албум по неговото две годишно присуство на топ листите во Европа и Велика Британија (иако имаше забелезително помал успех во САД за разлика од нивните претходни албуми). „Stars“ ги измеша анти- политичките песни со џез звук, лесен за слушање, најверојатно за да го избегнат оттуѓувањето од постечката база на обожаватели.

По презентирањето на „Stars“ преку турнеи за време од две години, „Simply Red“ се појавува повторно со „Fairground“ во 1995 година кој беше под влијание од проектот „Good men“ на Zki & Dobri. Масовниот радио хит „Fairground“ станал број еден во Велика Британија и покрај вознимерената критика. Албумот „Live“ продаде повеќе од еден милион копии само во Велика Британија, правејќи од бендот четврт најголем продавач во светот. По ова следуваше „Blue“ во 1998 година и „Love and Russian inter“.

Наредните изданија главно беа колекција од најголемите хитови, иако бендот го издаде „Home“ во 2003 година, микс од оригинални песни и наслови вклучувајќи ја и верзијата на песната „You Make Me Feel Brand New“ од „The Stylistics“. „Simplified“ следуваше во 2005 година, тоа беше воглавно албум од верзии на нините класични хитови. Песната „Oh! What a girl!“ беше издадена во септември 2006 година вnо нивниот десетти албум „Stay“ издаден на 12 март, 2007 година. По ова следеше песната „So not over you“ издадена на 28 мај, 2007 година. Третата песна „The world and you tonight“, беше само 104 на британската топ листа во ноември 2007. Бендот се појави на сезонската премиера на „Family Guy“ 2007 година која траеше еден час како последен член на Red Sguadron.

Својот последен настап, групата го одржала во декември 2010 година, во лондонската „О2 арена“.

Возобновување на групата и нови албуми

уреди

Во ноември 2014 година, Мик Хакнел објавил дека членовите на групата ќе се соберат повторно во 2015 година за да одржат турнеја по повод 30-годишнината од основањето на групата. Почетокот на големата турнеја бил најавен за 20 октомври 2015 година, со концертите во Данска, а биле предвидени вкупно 35 концерти.[3]

На 19 април 2015 година, на нивната официјална страница на Фејсбук било наведено дека ќе објават нов студиски албум под наслов Big Love. Албумот со 12 нови нумери бил објавен на 1 јуни 2015 година.[4] Shine On бил водечки сингл од албумот. Покрај турнејата на отворено, тие се појавиле и на џез-фестивалот Монтре во 2016 година. По нивниот студиски албум Blue Eyed Soul (2019),[5] Simply Red објавија уште еден нов албум насловен Time на 26 мај 2023 година. Првото сингл издание било под насловот Better With You.[6]

Дискографија

уреди
Студиски албуми
  • Picture Book (1985)
  • Men and Women (1987)
  • A New Flame (1989)
  • Stars (1991)
  • Life (1995)
  • Blue (1998)
  • Love and the Russian Winter (1999)
  • Home (2003)
  • Simplified (2005)
  • Stay (2007)
  • Big Love (2015)
  • Blue Eyed Soul (2019)
  • Time (2023)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Schmidt, Veronica (24 October 2007). „Simply Red splitting up after 25 years“. London: Times Online. Архивирано од изворникот на 16 June 2011. Посетено на 24 October 2007.CS1-одржување: неподобна URL (link)
  2. Larkin, Colin, уред. (2011). „Simply Red“. Encyclopedia of Popular Music (5th. изд.). Omnibus Press. ISBN 978-0-85-712595-8.
  3. „Симпли ред ќе прослави 30 години со нова турнеја“, Дневник, година XVIII, број 5609, среда, 5 ноември 2014, стр. 21.
  4. „Simply Red to release new album Big Love“. Entertainment Focus. 20 April 2015. Посетено на 20 April 2015.
  5. „Simply Red - Blue Eyed Soul Official Online Store : Merch, Music, Downloads & Clothing“. Simplyred.tmstor.es.
  6. „New album Time“. simplyred.com. Посетено на 4 March 2023.

Надворешни врски

уреди