Мик Хакнал

(Пренасочено од Мик Хукнал)

Мик Хакнал (англиски: Mick Hucknall) (роден 8 јуни 1960 во Манчестер, Англија) е британски пејач и текстописец. Хакнал е познат и како „Mik 'Red Mik' Huknal“ и е главниот водачки пејач (фронтмен) на британскиот бенд Simply Red.

Мик Хакнал во Бремен

Младост

уреди

Хакнал е роден во болницата „Света Марија“ и е син на Рег и Морин Хакнал. Неговата мајка го напуштила семејството кога тој имал три години[1]. Тој и неговиот татко кратко време живееле во Бредбури, а потоа се преселиле во Дентон, каде што Хакнал пораснал. Тој одел во училиштето за момчиња Оденшо Гремар Скул (Audenshaw Grammar School).

Музичка кариера

уреди

Хакнал изјавува дека бил меѓу луѓето присутни во Lesser free Trade Hall во Манчестер во јуни 1976 година, каде што свиреа Sex Pistols. Неговиот интерес за музика го доведе до започнување на сопствена кариера во доцните седумдесетти, кога бил дел од составот на бендот Frantic Elevators. Frantic Elevators издадоа четири песни, вклучувајќи ја и верзијата на „Holding Back the Years“, којашто тој подоцна ја сними со Simply Red и од неа направи вистински хит. Како водечки пејач и суштински член на Simply Red, со неговото лице почна да се идентификува бендот. Неговото лице и неговата кадрава црвена коса видно се појавија на насловната страна на албумот и видеата. Хакнал раководи со „simplyred.com“.

Политика и филантропија

уреди

Хакнал е активен во политиката и е истакната славна личност која ѝ дава поддршка на британската работничка партија, тој е и близок пријател со бившиот премиер Тони Блер. Се вели дека огорченоста на Хакнал кон бившата премиерка Маргарет Тачер е очигледна во трите песни на Simply Red: „She’ll Have to Go“, на албумот A New Flame, Your Morror и Wonderland на албумот Stars. По појавата на цунами во Азија во 2004 година, Хаканл јавно изјави поддршка за добротворни цели[2] и ги замоли неговите обожаватели да размислат за тоа.

Приватен живот

уреди

Хакнал и неговата партнерка Габриела Весбери добија девојче, Роуми Тру Хакнал, во јуни 2007. Во октомври 2007 година во емисијата на Дејвид Џенсен на каналот Gold тој го најави разделувањето на бендот во 2009 година. Заедно со Џони Деп, Џон Малкович и Шон Пен, Хакнал делумно е сопственик на парискиот бар-ресторан World Place.

Наводи

уреди
  1. Младост
  2. SOS Children. Архивирано од изворникот на 2010-07-06. Посетено на 2007-12-10.

Надворешни врски

уреди