Бенгалски тигар

(Пренасочено од Panthera tigris bengalensis)
Бенгалски тигар
бенгалски: বাঘ <br
Бенгалски тигар во заробеништво
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Ѕверови
Семејство: Мачки
Род: Panthera
Вид: P. tigris
Подвид: P. t. tigris
Триномен назив
Panthera tigris tigris
(Лине, 1758)

Бенгалскиот тигар (Panthera tigris tigris или Panthera tigris bengalensis) познат и како Кралски бенгалски тигар, е подвид на тигар кој главно живее во Индија и Бангладеш. Го среќаваме и во делови на Непал, Бутан, Мјанмар и јужен Тибет. Бенгалскиот тигар е еден од најголемите и најбројните подвидови на тигри. Владата на Индија пријавила дека има околу 1411 тигри во дивината[2][3][4].

Единствено живеалиште на овој подвид е индискиот потконтинент. Поради ширењето на човекот, природното живеалиште на бенгалскиот тигар драстично е намалено[5]. Повеќето тигри во Индија, каде живеат околу 50% од вкупната популација на тигрите, се фрагментирани на мали изолирани популации, што ги прави ранливи и во опасност од изумирање[6].

Бенгалските тигри се сметаат за втор најголем подвид на тигар по сибирскиот [7]. Ова е најбројниот подвид, живее во најразлични животни средини вклучувајќи пасишта, тропски и суптропска дождовни шуми, суви и влажни листопадни шуми и мангруви. Бенгалскиот тигар е национално животно на Бангладеш, а видот тигар е национално животно на Индија[8].

Особености

уреди

Во минатото се сметало дека бенгалскиот тигар е вториот најголем подвид на тигар по сибирскиот, сепак, неодамнешните истражувања покажале дека е можно бенгалскиот да е најголем подвид[9]. Должината на мажјаците изнесува од 270-310 сантиметри, а на женките е помеѓу 240 и 265 сантиметри[10]. Опашката им е долга 85-110 сантиметри, а висината до рамениците е околу 90-110 см[11]. Просечната тежина изнесува 221,2 килограми кај мажјаците, и 139,7 килограми кај женките[12]. Единките што живеат во северните делови на Индија и Непал се потешки од просекот: измерени се 235 килограми кај мажјаците и 140 кг кај женките[13].

Официјално, најтешкиот бенгалски тигар тежел 258,6 килограми и бил убиен во северна Индија во 1938 година[14]. Сепак, на најтешкиот мажјак со непотврдено мерење му биле измерени 270 килограми. Овој тигар бил фатен и означен од научник во Непал во 1984 година[15]. Бенгалскиот тигар со најголеми измерени димензии бил уловен од страна на Аркибалд Дунбар Брандер, и бил долг 221 сантиметар, имал висина до рамениците од 109 сантиметри, обем на градите од 150 сантиметри и опашка долга само 81 сантиметар (се претпоставува дека дел од опшаката му е скинат за време на борба). Оваа единка не била измерена, но со пресметки се проценува дека тежела не помалку од 270 килограми[16]. Според Гинис, најтешкиот тигар бил мажјак уловен во 1967 година, кој бил долг 322 сантиметри и тежел 388,7 килограми. Оваа единка била уловена во северниот дел на Индија од страна на Давид Хасингер, и во моментот е дел од изложбата на Институтот Смитсониан [17].

На почетоток на 20 век, се појавиле неколку пријави за мажјаци кои биле долги 3,6 метри, сепак не постојат точни научни докази и најверојатно овие димензии се основаат на мерење и на облините на телото (не директна линија од главата до коренот на опашката) [18].

 
Бел бенгалски тигар

Тигрите можат да живеат и на ниски температури, бидејќи нивното крно ги штити од сурово време. Крзното е жолто до светлопортокалово, а пругите се темнокафени или црни. Стомакот е со бела боја, а опашката е бела со црни прстени. Мутација на бенгалскиот подвид се и белите тигри кои имаат темнокафени или црвеникаво-кафеави пруги на бела позадина, а некои се и сосема бели. Црните тигри имаат жолто-кафеави, жолти или бели пруги на црна позадина. Кожа на црн тигар долга 259 сантиметри, е изложена во Националниот Природонаучен музеј во Њу Делхи. Постојат пријави за црни тигри без пруги меѓутоа ова никогаш не било докажано[19].

Генетски маркери

уреди

Бенгалските тигри се дефинирани со три посебни митохондриални нуклеотидни положби и 12 уникатни микросателитски алели. Моделот на генетската варијација кај бенгалските тигри одговара со претпоставката дека овие тигри дошле во Индија пред околу 12 000 години. Оваа историја за тигрите на индискиот потконтинент е во согласност со непронаоѓањето на фосили на тигри во Индија од времето пред доцниот плеистоцен, и отсуството на тигри во Шри Ланка, која се одвоила од континентот по зголемувањето на нивото на морињата за време на раниот холоцен [20][21]. Сепак, неодамнешно истражување класифицирало како тигри два независни фосила од локации во Шри Ланка, од кои едниот датира од пред 16 500 години[22].

Исхрана

уреди

Бенгалските тигри се класифицирани како строги месојади, што значи дека се хранат исклучиво со месо. Бенгалските тигри се хранат со голем број различни животни кои ги среќаваме во нивните живеалишта како елен (самбар, читал, мунџак), дива свиња, водно бафало, гаур, антилопа нилгаи, а повремено и други копитари како Nilgiritragus hylocrius, јарци и такин. Забележани се и тигри кои ловат мал плен како мајмуни, зајаци, птици и бодликави прасиња. Сепак најголем дел од исхраната на тигрите отпаѓа на големи и средноголеми копитари[23][24][25][26][27].

Бенгалските тигри понекогаш убиваат и други грабливци како леопарди, волци, чакали, лисици, крокодили, азиски црни мечки, тромави мечки и азиски диви кучиња – животни кои нормално не се дел од пленот на тигарот. Возрасните слонови и носорози се премногу големи за да бидат убивани од тигрите, но сепак регистрирани се неколку вакви случаи: познатиот индиски ловец и биолог Џим Корбет опишал инцидент каде два тигри успеале да убијат возрасен слон мажјак[28]. Поради навлегувањето на човечките населби на териториите на кои живеат бенгласките тигри, овие големи мачки повремено напаѓаат и добиток, а доколку се стари или повредени се случува да нападнат и луѓе. Начинот на лов на тигрите и пристапноста до плен, ги условува да бидат животни кои се хранат во стил на „прејадување или глад“. Тигрите кога има плен се прејадуваат конзумирајќи 18-20 килограми месо одеднаш, а потоа доколу не успеат да уловат ништо, не јадат и неколку дена[23]. Бенгалските тигри ги напаѓаат ранливите единки, најчесто последното животно во стадото, потоа го убиваат и го носат на безбедно место каде го јадат[29].

Размножување

уреди
 
Мажјак и женка

Парењето може да се одвива во било кој период од годината, но сепак најчесто е помеѓу ноември и април. Женките достигнуваат зрелост на 3-4 годишна возраст, а мажјаците на возраст од околу 4 години. По носењето кое трае 103 дена, женката носи на свет 2-5 младенчиња. Новородените тигри се слепи и тежат околу еден килограм. Мајката ги храни со млеко 6-8 недели а потоа тие почнуваат да јадат месо. Младенчињата остануваат до мајката околу година и пол а потоа почнуваат сами да си ловат плен[2][29].

Ловокрадство

уреди

Владата на Индија и Индиското друштво за заштита на дивиот свет (Wildlife Protection Society of India - WPSI) работат на апсење на ловокрадците и трговците со делови од тигри. WPSI ги истражува сите случаи на запленување на делови од тигри или на неприродна смрт кај овие животни.

До денес оваа организација ги има регистрирано следниве случаи (податоците се добиени од [WILDLIFE PROTECTION SOCIETY OF INDIA. Tiger Poaching Statistics of India 2007] :

Податотека:A tiger in Pilibhit Tiger Reserve.jpg
тигрица со младенче
Година Познат број на убиени тигри
1994 95
1995 121
1996 52
1997 88
1998 44
1999 81
2000 53
2001 72
2002 43
2003 35
2004 34
2005 43
2006 37
2007 27

WPSI има и податоци за голем број на тигри кои се „пронајдени мртви“. Без потврда дека се работи за ловокрадство, овие случаи не се вклучени во бројките кои се презентирани во табелата.

Големата побарувачка на коските на тигрите кои се употребуваат во традиционалната кинеска медицина, како и меѓународната трговија со крзното од овие животни, продолжуваат да бидат главните причини за ловокрадството во Индија.

Популација

уреди
 
Бенгалски тигар во резерват

Денешната популација на бенгалски тигри во дивината на индискиот потконтинент се проценува на 1300-1500 единки[30]. Од овие, 1411 живеат во Индија [31], а околу 280 единки во Бангладеш, најмногу во Сундербанс [32]. За време на последниот век, бројноста на тигрите е драстично намалена. Од осум подвидови кои постоеле во 1900-тите, денес три од нив се изумрени, а изгубени се и над 90% од дивите тигри[33].

Во минатото, пребројувањето на тигрите во Индија се правело со собирање отисоци од шепите (најчесто левата задна нога) во одреден временски период. Потоа овие отисоци биле анализирани за да се добие бројот на тигри. Овој метод долго бил критикуван од научниците како лесно подложен на грешки[34]. Денес се користи специјален софтвер PUGMARK 1.0м кој исто така се темели на теоријата дека секој тигар остава карактеристични отисоци. Од секоја трага се прават дигитални фотографии на отисоците, се земаат мерки на должината на чекорите, начинот на движењето и GPS локација. Потоа, овие податоци се внесуваат во компјутер и преку статистички анализи се создава „профил“ на секој тигар.

Популацијата на тигрите во Индија е намалена од 1642 во 1990-тите на нешто над 1400 од 2002 до 2008. Оттогаш, индиската влада преземала неколку мерки за да се намали уништувањето на природното живеалиште на овие животни. Од јуни 2009 година, бенгалски тигри има во 37 резервати на териториите на 17 индиски држави.[35]

Уништувањето на природното живеалиште и прекумерниот лов се најсериозната закана за преживувањето на овој вид. Ловокрадците убиваат тигри не само поради нивното крзно, туку и поради други делови од телото кои се користат во традиционалната источно азиска медицина.

Генетско загадување кај дивите бенгалски тигри

уреди

Во јули 1976 година, зоолошката градина Твикрос од Англија, донирала тигрица бенгалски тигар кој бил пуштен во Националниот парк Дудва во Индија, со цел да се докаже дека тигрите чувани во заробеништво можат успешно да се прилагодат на живот во дивина. Во 1990-тите, во овој национален парк се појавиле тигри со одлики на сибирскиот подвид : дебело крзно, широка глава и бели пруги. Благодарение на современите технологии, докажано е дека гени од сибирски тигар го „загадиле“ генетскиот код на претходно чистокрвниот бенгалскиот тигар од Дудва. Подоцна се дознало дека зоолошката градина Твикрос не чувала податоци од програмите за разможување, и поради тоа на Индија и бил даден хибрид од сибирски и бенгалски тигар. Иако популацијата во овој индиски национален парк изнесува само 1 процент од вкупната популација, се стравува декае можно ова генетско загадување да се прошири и на другите популации со што би можело да се загрози и постоењето на бенгалскиот тигар како посебен подвид[36][37][38][39][40][41][42][43][44][45].

Наводи

уреди
  1. Panthera tigris tigris. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 23 март 2009.
  2. 2,0 2,1 http://www.indiawildliferesorts.com/royal_bengal_tiger.html
  3. Wade, Matt (15 февруари 2008), "Threat to a national symbol as India's wild tigers vanish", The Age (Melbourne): 9
  4. „Најбројниот тигар истиснат од неговиот дом“. Светски фонд за природа. Посетено на 30 април 2007.
  5. Tooth and Claw - By Ted Lewin
  6. Saving Wild Tigers 1920-2000 - By Valmik Thapar
  7. Amur Leopard and Tiger Alliance (ALTA)
  8. National Animal- Panthera tigris Архивирано на 21 јули 2011 г. Страна на Индиската влада.
  9. Slaght, J. C., D. G. Miquelle, I. G. Nikolaev, J. M. Goodrich, E. N. Smirnov, K. Traylor-Holzer, S. Christie, T. Arjanova, J. L. D. Smith, and K. U. Karanth. 2005. Chapter 6. Who‘s king of the beasts? Historical and recent body weights of wild and captive Amur tigers, with comparisons to other subspecies. In D.G. Miquelle, E.N. Smirnov, and J.M. Goodrich (Eds.). Tigers in Sikhote-Alin Zapovednik: Ecology and Conservation. PSP, Vladivostok, Russia (in Russian), pages 25-35.[1]
  10. Mazák, V. (1981). Panthera tigris. (PDF). Mammalian Species, 152: 1-8. American Society of Mammalogists.
  11. Karanth, K. U. 2003. Tiger ecology and conservation in the Indian subcontinent. Journal of the Bombay Natural History Society, Vol. 100, No. 2&3 август-декември 2003. стр. 169-189.[2] Архивирано на 29 април 2007 г.
  12. Slaght et al. Op Cit.
  13. Sunquist, M. & Sunquist F. 2002. Wild cats of the world. University of Chicago Press, Chicago. Стр. 462. ISBN 0-226-77999-8
  14. Hewett, J. 1938. Jungle trails in Northern India. London. 276 pp. (видете страна 162).
  15. Dinerstein, E. 2003. Return of the Unicorns. Columbia University Press. 384 pp. ISBN 0-231-08450-1
  16. Brander, A. 1923. Wild Animals in Central India. E. Arnold & Co. 296 pp.
  17. Wood, G. 1983. The Guinness book of animal facts and feats. Sterling Pub. Co. Inc. 3ra. edición. 256 pp.). ISBN 978-0-85112-235-9
  18. Sterndale, R. 1884. Natural History of the Mammalia of India and Ceylon. Thacker, Spink and Co., Calcutta, 540 pp. (See No. 201. Felis tigris).[3]
  19. http://animal.discovery.com/tv/tiger-spy-jungle/tigers-world/bengal-tiger.html
  20. Kitchener, A.C. & Dugmore, A. J. 2000. Biogeographical change in the tiger, Panthera tigris. Anim Conserv 3: 113–124.
  21. Luo, S. J.; Kim, J. H.; Johnson, W. E.; Walt, J. vd.; Martenson, J.; et al. 2004. Phylogeography and Genetic Ancestry of Tigers (Panthera tigris). PLoS Biol 2(12): e442 doi:10.1371/journal.pbio.0020442. [4]
  22. Manamendra et al. A Second Extinct Big Cat From The Late Quaternary of Sri Lanka. The Raffles Bulletin of Zoology, 2005 http://rmbr.nus.edu.sg/rbz/biblio/s12/s12rbz423-434.pdf Архивирано на 25 декември 2018 г.
  23. 23,0 23,1 http://www.tigerhomes.org
  24. Bagchi, Goyal and Sankar: ‘ ‘Prey abundance and prey selection by tigers (Panthera tigris) in a semi-arid, dry deciduous forest in western India’ ‘Journal of Zoology (2003), 260:3:285-290 Cambridge University Press http://journals.cambridge.org/action/displayAbstract?fromPage=online&aid=164131
  25. Andheria, Karanth and Kumar: ‘ ‘Diet and prey profiles of three sympatric large carnivores in Bandipur Tiger Reserve, India.’ ‘ Journal of Zoology 273 (2007) 169–175 http://www3.interscience.wiley.com/journal/118535546/abstract[мртва врска]
  26. Mehta Prachi and Jayant Kulkarni, 2006. ‘ ‘Monitoring of Tiger and Prey Population Dynamics in Melghat Tiger Reserve, Maharashtra, India. Final Technical Report.’ ‘ Envirosearch, Pune
  27. S. Biswas and K. Sankar: ‘ ‘Prey abundance and food habit of tigers (Panthera tigris tigris) in Pench National Park, Madhya Pradesh, India.’ ‘ Journal of Zoology (2002), 256:3:411-420; Cambridge University Press http://journals.cambridge.org/action/displayAbstract;jsessionid=83CA4526A8D51978D0C60F84FEC8BCB7.tomcat1?fromPage=online&aid=96653
  28. Vratislav Mazak: Der Tiger. Nachdruck der 3. Auflage von 1983.Westarp Wissenschaften Hohenwarsleben, 2004 ISBN 3 894327596
  29. 29,0 29,1 "Indian Tiger Welfare Society" 2005
  30. „Bengal tiger population re-estimated“. Yahoo News. August 4 2007. Посетено на 2007-08-04. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  31. „India's Missing Tigers“. Архивирано од изворникот на 2009-08-20. Посетено на 2009-09-26.
  32. Pittsburgh Post-Gazette - 12 мај 2007
  33. McGregor, Tessa. INTO THE TIGER'S LAIR Geographical; Oct2001, Vol. 73 Issue 10, p36, 8p, 1 map, 11 color
  34. Bagla, Pallava. India's Tiger Tracking Criticized Science Now; 5/29/2003, p3, 1p, 1 bw
  35. India steps up tiger conservation plans
  36. [https://web.archive.org/web/20110204152542/http://www.indianexpress.com/res/web/pIe/ie/daily/19981119/32350524.html Архивирано на 4 февруари 2011 г. Indian tiger isn't 100 per cent “swadeshi (Made in India)”; by PALLAVA BAGLA; Indian Express Newspaper; November 19 1998]
  37. [https://web.archive.org/web/20080630013849/http://www.india-today.com/itoday/17111997/wild.html Архивирано на 30 јуни 2008 г. Tainted Royalty, WILDLIFE: ROYAL BENGAL TIGER, A controversy arises over the purity of the Indian tiger after DNA samples show Siberian tiger genes. By Subhadra Menon. INDIA TODAY, November 17 1997]
  38. The Tale of Tara, 4: Tara's Heritage from Tiger Territory website
  39. Genetic pollution in wild Bengal tigers, Tiger Territory website
  40. „Interview with Billy Arjan Singh: Dudhwa's Tiger man, October 2000, Sanctuary Asia Magazine, sanctuaryasia.com“. Архивирано од изворникот на 2008-12-02. Посетено на 2009-09-26.
  41. „Mitochondrial DNA sequence divergence among big cats and their hybrids by Pattabhiraman Shankaranarayanan* and Lalji Singh*, *Centre for Cellular and Molecular Biology, Uppal Road, Hyderabad 500 007, India, Centre for DNA Fingerprinting and Diagnostics, CCMB Campus, Uppal Road, Hyderabad 500 007, India“. Архивирано од изворникот на 2016-07-12. Посетено на 2009-09-26.
  42. Central Zoo Authority of India (CZA), Government of India
  43. "Indians Look At Their Big Cats' Genes", Science, Random Samples, Volume 278, Number 5339, Issue of 31 октомври 1997, 278: 807 (DOI: are you gay10.1126/science.278.5339.807b) (in Random Samples),The American Association for the Advancement of Science
  44. BOOKS By & About Billy Arjan Singh
  45. Book - Tara : The Cocktail Tigress/Ram Lakhan Singh. Edited by Rahul Karmakar. Allahabad, Print World, 2000, xxxviii, 108 p., ills., $22. ISBN 81-7738-000-1. A book criticizing Billy Arjan Singh's release of hand reared hybrid Tigress Tara in the wild at Dudhwa National Park in India

Надворешни врски

уреди