Аксис

(Пренасочено од Читал)
Аксис
Аксис од Државната ботаничка градина и зоолошка градина Асам.
Женка аксис како го дои своето младенче
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Парнокопитни
Семејство: Елени
Потсемејство: Вистински елени
Род: Аксис
Вид: Аксис
Научен назив
Axis axis
(Erxleben, 1777)
Подвидови

Axis axis axis
Шриланечки аксис

Распостранетост на еленот аксис

Аксис (научAxis axis),[2] познат и како читал, дамчест еленелен кој вообичаено ги населува шумите во Индија, Шри Ланка, Непал, Бангладеш, Бутан, и во помал број во Пакистан. Станува збор за најраспостранетиот елен во шумите во Индија. Името шитал потекнува од бенгалскиот збор читрал (চিত্রল)/читра (চিত্রা), што означува „дамчест“ на бенгалски јазик (од санскритскиот збор „читра“, „разнобоен“ или „дамчест“). Аксисот е монотипичен во родот аксис, но вој род вклучува и други три видови кои се вбројуваат во свинските елени според истражувањата на генетските материјали.[3][4]

(Видео запис од аксис кој се храни во зоолошка градина во Јапонија.

Опис

уреди
 
Цртеж на черепот

Крзното на аксисот е розово-кафено, испошарано со бели дамки, додека пак екстѕремитетите се бело обоени. Неговите рогови, кои се менуваат секоја година, вообичаено се на налик на дрво и закривени во облик на лира и можно е да имаат должина од 75 см. Споредени со свинскиот елен, близок роднина, аксисот е со градба на тркач. Тој исто така има поразвиена морологија која со изразено куси подлошки за роговите а и тапанскиот дел на слепоочната коска е доста помал. Тој исто така има големи ноздри. Посечниот мажјак аксис има висина од 90 см. кај рамењата, со вкупна должина од 170 см., вклучувајќи ја тука и опашката со должина од 20 см. Мажјаците, имаат тежина од 30-75 кг., и се поголеми од женките, кои имаат тежина од 25-45 кг.[5] Exceptionally large males can weigh up to 98-110 кг.[6] Нивниот животен век се движи од 8–14 години.

 
Дамчест шумски елен со рогови во Резерваттот за диви животни во Лејкланд, Флорида

Аксисот има добро развиени предочни жлезди кои пак имаат влакна кои се цврсти како мали гранчиња.[7] Тие исто така имаат добро развиени ножни и копитни жлезди на задните нозе. Мажјаците имаат поголеми предочни жлезди од женките и истите се честопати отворени, реагираат на одредени дразби.[8][9]

Животна средина

уреди

Дамчестиот елен може да се забележи во поголеми броеви во густи или ретки шуми како и на отворени пасишта.[10] Најголемиот број на дамчестиот елен може да се забележи во шумите на Индија, каде тие се хранат со високата трева или пак грмушките.[7] Овие елени се забележани и во Резерватот за див свет Фибсо во Бутан, кои се единствените природни шуми кои останале во таа земја. Тие не можат да се забележат во шумите на повисоките надморски висини, каде тие се заменети со други видови како што е на пример индискиот замбар. Тие исто така претпочитаат да се движат во густи шуми бидејќи не трпат изложеност на светлина.[7][10]

 
Елен кој брсти.
 
Елени во зимзелена област.
 
CЕлени кои пијат вода.

Дамчестите елени претежно се хранат со пасење на ниска трева, односно со штотуку никната трева.[7][10] Сепак, тие и брстат, исто така јадат и треви, овошје, гранки на дрвја, особено оние кои се флени од мајмуните на дрвјата.[7][10] Мажјаците, моат да стојат исправени на задните нозе и на тој начин се хранат со младите лисја на гранките.[7][10] Дамчестите елени истот ака ги јадат и отфрлените рогови како начин на добивање на дополнителни хранливи состојки, особено минерали.[7][10] Тие сакаат живеалиштето да биде о близина на вода и тие од ситото ќе пијат наутро и навечер за време на жешките периоди. Грабливци кои се хранат со овој вид на елен се: волци, тигри, лавови (само во Гирската шума), леопарди, тигрести питони, кучиња, диви кучиња и крокодили. Црвените лисици и обичните шакали понекогаш ги ловаат дамкастите елени. Младенчињата се најчестите жртви на грабливците,[7] додека пак дивото азиско чуче е поуспешно во фаќањето на возрасни елени за разлика од леопардите и тигрите.[7] Елените можат да трчаат со брзини од 65 км/ч, во обид да им избегаат на грабливците.[11][12]

Забележано е интересно поведение меѓу стадата на аксисот и хануманскиот лангур (научPresbytis entellus), широко распостранет листојаден мајмун кој живее во Јужна Азија. Аксисот има корист од добриот вид на мајмуните кои се високо горе на крошните, и се огласуваат со предупредување кога некол грабливец се приближува.[10] За возврат елените го користат своето добро чувство за мирис да ги предупредат кога се приближуваат грабливци, и во присуство на елените лангурите се симнуваа на земја во потрага на храна.[10] Аксисот исто така има корист и од овошјата кои им паѓаат на мајмуните од дрвја како што се: (научTerminalia bellerica) и (научPhyllanthus emblica).[13] Предупредувачките повици на двата вида на животни се најчесто знак за присуство на грабливец како што е тигарот.

Социјализација и размножување

уреди
 
Два дамчести елени.

Дамчестиот елен најчесто се сретнува во стада од по 10 до 50 единки од двата пола. Поголемите доминантни мажјаци се во центарот на стадото и се обиколени со женки и нивните младенчиња.[7] Помалите мажјаци се на надворешните граници на стадото. Мажјаците внимаваат кога во стадото ќе влезе мажјак со подеднаква големина во групата.[7] Тие ќе го следат, ќе пасат, и ќе се движат заееедно со тој елен. Борбите се почести меѓу младите мажјаците, постарите, поголеми мажјаци претпочитаат да гребат со роговите или пак копитата трева и да ја одбележуваат територијата.[7] Поголемите мажјаци со цврсти рогови се на распостранети на соодветни растојанија едени од други. Познато е мажјаците да сртојат на задните нозе и да ја бележат својата територија на гранките кои се на одредена висина.[7][10]

Овој вид на елен има долготрајна сезона на размножување поради тропската клима, примшто раѓањата на младенчињата може да бидат низ целата година. Од оваа причина, мажјаците не ги имаат синхронизирано промените на роговите и некои женки можно е да бида тплодни во секој период од годината. Мажјаците кои имаат големи рогови се доминантни над оние мажјаци кои имаат влакнести или пак воопшто немаат рогови, независно од нивната големина и останатите фактори. Мажјаците четопати за време на размножувањето бревтаат и рикаат.[10] Женките пак имаат тринеделние циклуси. Додворувањето кај овие елени се заснова на долготрајни врски.[7][10] Мсжјак ќе ја следи и чува женката која е во сезона на парење.[7] За време на овој период, мажјакот не се храни. Парот во неколку наврати ќе се бркаат меѓусебно и меѓусебно ќе го лижат крзното пред да дојде до парење.[7][10] Женките обично раѓаат едно младо но ретко можат да родат и две млади.[7] Помладите циццат подолг период од постарите младенчиња кои цицаат само 55 секунди. Женките и младенчињата се послободни па неретко се случува младенчето да биде одвоено од својата мајка.[7] Сепак, бидејќи овие елени се во групи близу едни до други, без особени тешкотии женката ќе го најде своето младо.[7] Младите може да се собираат и во групи.

 
Албино аксис во Нациионалниот парк Рантамборе, Индија.

Дамчестите елени се тивки кога пасат заедно.[7] Но сепак, испуштаат високочестотни звуци додека се движат. Додека пасат,овие елени си оддаваат меѓусебна почит со одредена гестикулација кога се раминуваат еден со друг.[7] Рикањето на мажјаците е многу сллабо и примитивно развиено за разлика од оние на црвениот елен или вапитите. Повиците се состојат од еден или повеќе следствени рикови и ’ржења, кои најверојатно послаби рикови.[7] Рикањето е следствено со сезоната на парење.[10][14] Мажјаците кои ги чуваат женките кои се во сезона на парење ќе испушатаат високчестотни звуци кн помалите мажјаци кои се во непосредна близина.[7] Мажјаците исто така ќе брефтаат кога се агресивни или пак кога одмараат.[15] Кога се вознемирени, овие елени лајат. Овие лаежи се карактеристични за женките и нивните младенчиња, и се разменува меѓу истите. Младенчињата кои се одвоиле од својата мајка ќе цвилат. Кога се во опасност тие трчаат во групи. Вообичаено тие имаат наплив на брзина по што изморени се упатуваат кон густи шуми или грмушки во кои се засолнуваат.[7]

Распостранетост

уреди

Дамчестиот елен се движи од 8 – 30º СГШ во Индија, Непал, Бутан, Бангладеш и Шри Ланка.[16] Западната граница на распостранетоста е источен Раџастан и Гуџарат. Северната граница е по должина со Бабар-терајскиот попис на подножјето на Химелаите и од Утар Прадеш и Утаранчел низ Непал, во северниот дел на Западен Бенгал и Сиким понатамошно низ западен Асам и зашумените области и долини на Бутан кои се под 1.100 м.[1] Источната граница на распостранетоста е низ западен Асам[17][18] до Сундербанс во западен Бенгал Индија и Бангладеш.[1] Шри Ланка е јужната граница.[10] Дамчестиот елен се сретнува спорадично во зашумените области во остатокот на Индискиот Потконтинент.[19] Сепак, денес може да се забележи само во Сундербанс во Бангладеш, но е истребен во останатите делови на Бангладеш.[1]

Австралија

уреди

Дамчестиот елен бил првиот вид на елен кој бил донесен во Австралија на почетокот на 1800-ите од страна на Д-р Џон Харис, хирург во војската на Нов Јужен Велс, и тој самиот држел во заробеништво 400 единки до 1813 година. Овие не преживеале во првичната распределба и сега се само на неколку бачила во Северен Квинсленд во близина на Чатерс Таверс и неколку диви стада по крајбрежјето на Нов Јужен Велс. Дел од животните се со потекло од Шри Ланка, но најверојатно има и примероци од Индија.

Во 1860-ите, дамчестите елени се воведени на островот Молокај, Хаваи, како подарок од Хонгконг до кралот Камеамеха V. Денес, овој вид на елени е распостранет на Ланај, друг остров од Хавајските острови. Панилосите (каубои) започнале да ги фаќаат со ласо елените на островот Молокај И д ги носат на островот Ланај. Припадниците на друштвото за заштита на дивиот свет веруваат дека некој луѓе ги пренеле елените со хеликоптери или пак со бродови на островот. Во август 2012 година, пилот на еден хеликоптер се изјаснил за виновен за пренесување на елени од Мауи до големиот остров.[20]

Елените биле донесени на островот Мауи во 1950-ите како дел од повените обиди за создавање на можности за лов на ветераните кои живееле на островот. Бидејќи еленот нема граблици кои се хранат со него на островите, нивниот број се зголемува за 20 до 30% секоја година.[21] Денес хавајските закони забрануваат пренос и ослободување на диви елени на островите на кои идтите ги нема.[22]

Во 1932 година, дамчестите елени биле донесени во Тексас. Во 1988 година, самоопстојувачки стада биле забележани во 27 области во централен и јужен Тексас.[23] Елените најбројни се на Едвардовото плато, каде климата е слична со онаа на Индија.[24]

Статус

уреди

Дамчестиот елен според МСЗП се класифицира како вид со најмала загрозеност „може да се сретне на поголеми простори каде живеат големи популации на животни“.[1] Моментално, не постојат закани од големи размери, и тие живеат во многу области кои се заштитени. Сепак, густината на популациите се под еколошкиот минимум во многу области поради претераниот лов и натпреварувањето со домашните животни. Ловот на елените како извор на исхрана довеле до значително намалување на месните популации и до месни истребувања.[1] Дамчестиот елен е заштитен според статутот III од индискиот закон за заштита на дивиот свет од 1972 година,[19] и според законот за зачувување на дивиот свет од 1974 година во Бангладеш.[1] Две првични причини за добриот статус се законската заштита и мрежа на заштитни центри.[1]

Дамчестиот елен е присутен и во Андаманските Острови, Австралија, Мексико, Чиле, Аргентина, Уругвај, Бразил, Парагвај, крајбрежен резерват во близина на Сан Франциско, Калифорнија, Тексас, Флорида, Мисисипи, Алабама, и Хаваи во САД и Хрватска.[25][26][27]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Axis axis. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 8 April 2009. Database entry includes a brief justification of why this species is of least concern.
  2. Grubb, P. (2005). Wilson, D.E.; Reeder, D.M. (уред.). Mammal Species of the World: A Taxonomic and Geographic Reference (3rd. изд.). Johns Hopkins University Press. ISBN 978-0-8018-8221-0. OCLC 62265494.
  3. Pitra, C; Fickel, J; Meijaard, E; Groves, PC (2004). „Evolution and phylogeny of old world deer“ (PDF). Molecular Phylogenetics and Evolution. 33 (3): 88 0–95. doi:10.1016/j.ympev.2004.07.013. PMID 15522810. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-06-12. Посетено на 2015-08-20.
  4. Groves, Colin (2006). „The genus Cervus in eastern Eurasia“ (PDF). European Journal of Wildlife Research. 52: 14–22. doi:10.1007/s10344-005-0011-5. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-06-29. Посетено на 2015-08-20.
  5. Axis Deer (Cervus axis) Архивирано на 31 декември 2017 г.. Nsrl.ttu.edu. Посетено на 2012-08-23.
  6. Preliminary study of the behavior and ecology of axis deer on Maui, Hawaii Архивирано на 16 август 2023 г.. Hear.org. Посетено на 2012-08-23.
  7. 7,00 7,01 7,02 7,03 7,04 7,05 7,06 7,07 7,08 7,09 7,10 7,11 7,12 7,13 7,14 7,15 7,16 7,17 7,18 7,19 7,20 7,21 7,22 7,23 Valerius Geist. Deer of the world: their evolution, behaviour, and ecology. Stackpole Books. 1998. pp. 58–73 ISBN 0811704963.
  8. Groves, C. P. and P. Grubb (1987). "Relationships of living deer". pp. 21–59 in Biology and management of the Cervidae: a conference held at the Conservation and Research Center, National Zoological Park, Smithsonian Institution, Front Royal, Virginia, 1–5 August 1982. Smithsonian Institution Press ISBN 0874749808.
  9. Müller-Schwarze, D (1987). "Evolution of cervid olfactory communication". pp. 223–234, in Biology and management of the Cervidae: a conference held at the Conservation and Research Center, National Zoological Park, Smithsonian Institution, Front Royal, Virginia, 1–5 August 1982. Smithsonian Institution Press ISBN 0874749808.
  10. 10,00 10,01 10,02 10,03 10,04 10,05 10,06 10,07 10,08 10,09 10,10 10,11 10,12 10,13 The Deer and the Tiger: A Study of Wildlife in India. George Schaller. University Of Chicago Press. 1967. Pg. 37–92. (Midway Reprint)
  11. Chital. The Animal Files. Посетено на 2012-08-23.
  12. Parc Zoologique de Fréjus : Cerf axis : Présentation détaillée de l'animal Архивирано на 2 април 2012 г.. Zoo-frejus.com. Посетено на 2012-08-23.
  13. Prasad, S.; R. Chellam; J. Krishaswamy & S. P. Goyal (2004) Frugivory of Phyllanthus emblica at Rajaji National Park, northwest India Архивирано на 24 септември 2015 г.. Current Science 87(9):1188–1190
  14. Mishra, H. and Wemmer, C. 1987. "The comparative breeding ecology of four cervids in Royal Chitwan National Park, Nepal". Washington, D.C.: Smithsonian Institution Press.
  15. Albes, E. 1977. The Axis deer in Texas. Texas Agricultural Experimental Station, Texas A&M University: Caesar Kleberg Research Program in Wildllife Ecology and Department of Wildlife and Fisheries Sciences.
  16. Grubb, P. 2005. Artiodactyla. In: D. E. Wilson and D. M. Reeder (eds), Mammal Species of the World. A Taxonomic and Geographic Reference (3rd ed), pp. 637–722. Johns Hopkins University Press, Baltimore, USA.
  17. Gee, E.P. (1964). The wild life of India, Collins, London
  18. Choudhury, A.U. (1994). Checklist of the mammals of Assam. Gibbon Books, Guwahati, India. ISBN 81-900866-0-X.
  19. 19,0 19,1 Sankar, K. and Acharya, B. 2004. Chital (Axis axis (Erxleben, 1777)). ENVIS Bulletin (Wildlife Institute of India, Dehra Dun) 7: 171–180.
  20. Audrey McAvoy (22 August 2012). „Alleged animal smugglers used helicopters to fly sheep to Maui, deer to Big Island“. Associated Press. Посетено на 22 August 2012.
  21. McAvoy, Audrey (24 May 2012). „Mystery deer growth pitting hunters against Hawaii“. Associated Press. Посетено на 24 May 2012.
  22. „New law prohibits having or releasing feral deer in Hawaii“, Honolulu Star-Advertiser, 21 June 2012, Архивирано од изворникот на 2012-06-26, Посетено на 21 June 2012
  23. Davis, William B., and David J. Schmidly. „Axis Deer“. The Mammals of Texas – Online Edition. Texas Tech University. Архивирано од изворникот на 2017-12-31. Посетено на 24 May 2012.
  24. Ables, Ernest D. „Axis Deer“. Handbook of Texas Online. Texas State Historical Association. Посетено на 24 May 2012.
  25. http://www.scielo.br/scielo.php?script=sci_arttext&pid=S1676-06032011000300032
  26. http://www.iucnredlist.org/details/41783/0
  27. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 2015-08-22.

Надворешни врски

уреди