Flaws and All
„Flaws and All“ е песна од американската пејачка Бијонсе Ноулс, вклучена на делукс изданието на нејзиниот втор студиски албум, B'Day (2007). Била компонирана од Ноулс, Не-Јо, Ши Тејлор и Соланж Ноулс, додека Бијонсе Ноулс и Тејлор ја продуцирале песната. Во неа, Ноулс ја покажува љубовта која ѝ ја дава маж, кој ги занемарува сите нејзини мани и ја сака безусловно. „Flaws and All“ добила позитивни критики од критичарите кои ја пофалиле емоцијата на Ноулс и ранливоста на песната.
„Flaws and All“ | |
---|---|
Песна од Бијонсе Ноулс | |
од албумот B’Day Делукс Издание | |
Жанр | Р&Б |
Должина | 4:07 |
Марка | Columbia |
Песнописец | Не-Јо, Ши Тејлор, Бијонсе Ноулс, Соланж Ноулс |
Продуцент(и) | Ши Тејлор, Бијонсе Ноулс |
Музичкото видео било режирано од Клиф Ватс и ко-режирано од Ноулс за B'Day Anthology Video Album (2007). Содржи снимки од реклама за B'Day од Вал-Март повезани заедно, а Ноулс во видеото не пее за време на песната, туку глуми како да го изведува своето секојдневно сценарио. Ноулс кажала дека концептот на видеото бил таков за да се прикаже нејзината друга страна, која папараците и обожавателите не ја гледаат секојдневно. Ноулс ја изведувала „Flaws and All“ на The Beyoncé Experience (2007) на I Am... Турнејата (2009–10) и била вклучена на нејзиниот албум во живо The Beyoncé Experience Live (2007). Исто така била испеана на Шоуто на Елен Деџенерес во 2008.
Заднина
уреди„Flaws and All“ е напишана од Бијонсе Ноулс, Соланж Ноулс, Не-Јо и Ши Тејлор. Бијонсе Ноулс и Тејлор исто така ја продуцирале песната.[1][2] Иако била оригинално вклучена во повторното издавање на B'Day, „Flaws and All“ исто така била подоцна вклучена и на нејзините компилациони албуми. Во 2007 песната била вклучена во саундтракот на Тајлер Пери, Why Did I Get Married?.[3] Во 2008, Ноулс ја вклучила песната во компилационене албум посветен на караоке нсатапите и бил наречен Beyoncé Karaoke Hits, Vol. I.[4] Аутор Латрис Глен ја навел песната во мемоар наречен My Life's Journey (2010).[5]
Прием
уредиПроблеми со пуштањето? Помош. |
„Flaws and All“ добила позитивни критики од музичките критичари, кои ја пофалиле баладата за нејзината оригиналност и им се допаднало што песната била подоцна вклучена во Делукс изданието на B'Day. Крис Вилијамс од Entertainment Weekly ја нарекол песната неговото најубаво дополнение на делукс изданието на B'Day, изјавувајќи, „Подобра е 'Flaws and All', балада во која Б[ијонсе] ја прикажува нејзината мелизматична благодарност, таа работохолична кучка (нејзини зборови!) заслужно сака.“[6]
BET ја вклучил „Flaws and All“ како една од „Топ 10 Р&Б Песни со Добро Чувство“, на деветтото место.[2] Коментирајќи го својот избор, тие искоментирале „'Flaws and All'... ја откри Бијонсе како најранлива. Песна во која дури и суперѕвезда ќе се мачи со несигурност поради потребата за некој да ја сака.“[2] Кели Роуланд од Destiny's Child дискутирала за песната за време на интервју со Билборд. Таа изјавила, „Бијонсе е вистински артист кој постојано пее убаво. Мојата омилена песна секогаш ќе биде 'Flaws and All.' Толку чувства, толку убавина; нејзиниот глас звучи чудесно.“[7]
Музичко видео
уредиПа, јас сум малку глупава, малку сум смешна и добро излезе. Има многу работи кои ги чувам за себе, бидејќи тоа е единствениот начи да го зачуваш твоето здравје. Ова [видео] е начин на кој мојата фамилија ме гледа, во него јас сум вистинската јас. Поминаа десет години и време е луѓето да ја видат мојата друга страна. Не се работи за гламур, не се работи за слава, не се работи за мене како дива — се работи за некој што те сака. | ||
—Бијонсе Ноулс, Бијонсе: Зад Сцените на Музичките видеа за B'Day'[8]
|
Музичкото видео за „Flaws and All“ било режирано од Клиф Ватс и Ноулс.[9] Видеото за песната е снимено во евтин Супер 8 филм за време на две неделното снимање на видеа за B'Day Anthology Video Album.[10] Критичарите забележале дека Ноулс ги имитира Мерилин Монро, Бриџит Бардо и Барбра Стрејсанд за време на видеото.[10] За време на интервју со MTV за „Бијонсе: Зад Сцените на Музичките видеа за B'Day“, MTV ја коментирале појавата на Ноулс во видеото и додале дека глуми „глупава девојка“ и „изгледа дека конечно ја видовме вистинската [неа].“[11] Ноулс одговорила, „Јас сум многу поразлична во мојот секојдневен живот. Мојот приватен живот и мојот славен живот — ги одделив како два различни луѓе. Но добро сум избалансирана меѓу нив. Претерувам и сум природна.“[11]
Во интервју со Вајб, Ноулс објаснила дека концептот на видеото е суштинско откако била прашана како „секојдневна жена.“[12] „Јас не пеам никоја од песните. Целото видео е тивко и јас сум своја. Не настапувам. Откривам моја страна која никој досега не ја видел. Смешна сум и глупава и не ...пробувам да бидам дива, не пробувам да бидам ѕвезда – само себеси.“[12] Видеото е во црно-бела тема и има зрнеста текстура. Ноулс не ја отвора устата за време на песната, но глуми делови од песната и позира. Неколку од сцените искористени во видеото биле претходнос нимени за рекламата од 2006 за B'Day преку Вал-Март.[13]
Настапи во живо
уредиНоулс ја извела песната на различни места, а исто така „Flaws and All“ била дел од нејзината сет-список на The Beyoncé Experience (2007). Џон Парелес од The New York Times ја пофалил изведбата во Медисон Сквер Гарден, Менхетен изјавувајќи, „На Бијонсе не ѝ треба одвлекување од нејзиното пеење, кое може да биде кое може да биде воздушесто или металично, насолзено или опасно, скорострелно со продолжени слогови. Но, таа беше во постојано движење, во костими [...].“[14] Во Лос Анџелес, Ноулс имала целосен настап на песната, облечена во бронзен и прозирен корсет и златни и светлечки панталони. Изведбата била направена со неколку женски и машки позадински танчери и инструментација во живо.[15] Крис Вилијам од Entertainment Weekly ја пофалил изведбата на Ноулс озјавувајќи, „Вистинскиот дефибралаторен момент, сите 'фрикум фустани' се сменети настрана и за време на 'Flaws and All', Бијонсе исплака вистински солзи (навечер, според репортерите на првите емисии) додека се извинуваше за тоа што е вистинска кучка. Тоа е ретка банална, мелодраматична изведба во помалку од два часа.“[16] Настапот исто така го привлекол вниманието на пишувачот Џон Парелес од The New York Times кој изјавил, „Со начинот на кој беше прикажан концертот за нејзината издолжена музика, од кинетичките денс ритми на песни како 'Get Me Bodied' до драматични балади како 'Flaws and All', во кои Бијонсе пееше со широко отворени очи.“[14] За време на настапот таа ги прикажувала своите несовршености за човекот кој ја сака безуслвоно.[17] Настапот од Лос Анџелес бил вклучен во нејзиниот албум во живо The Beyoncé Experience Live.[18] Настапот на „Flaws and All“ бил прикажан незавсно на MTV.com[19] и бил издаден за дигитално спуштање на iTunes Store на 19 ноември 2007.[20]
Ноулс ја извела песната на Шоуто на Елен Деџенерес на 25 ноември 2008 додека го промовирала нејзиниот трет албум I Am... Sasha Fierce.[21] Кога Ноулс ја извела „Flaws and All“ за време на I Am... Турнејата, таа носела златно трико. Додека пеела зад неа се појавувале снимки од маси кои се превртуваат и други графички анимации.[22] „Flaws and All“ не била вклучена на албумот во живо I Am... World Tour (2010).[23]
Кредити и личности
уредиКредитите се земени од B'Day Deluxe Edition.[1]
|
|
Белешки
уреди- ↑ „Still in Love (Kissing You)“ била овозможена само на подоцните изданија на B'Day Делук Издание; била заменета со „If“ на подоцните копии.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 (2007) Album notes for B'Day deluxe edition. Sony Music BMG Entertainment.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „10 Feel Good R&B Songs“. Black Entertainment Television. Архивирано од изворникот на 2011-04-15. Посетено на April 15, 2011.
- ↑ „Tyler Perry's Why Did I Get Married? (Music from and Inspired By the Motion Picture)“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на January 29, 2011.
- ↑ „Beyoncé Karaoke Hits, Vol. I Beyoncé“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на January 29, 2011.
- ↑ Gleen, Latrice (July 2, 2010). My Life's Journey. Bloomington, Indiana: AuthorHouse. стр. 5. ISBN 9781452045900.
- ↑ Chris Willman (March 30, 2007). „B'Day: Deluxe Edition (2007)“. Entertainment Weekly. Time Inc. Архивирано од изворникот на 2012-10-20. Посетено на January 29, 2011.
- ↑ „Beyoncé's Fans“. Billboard. том 121 no. 40. Nielsen Business Media. October 10, 2009. стр. 28. ISSN 0006-2510.
- ↑ Jennifer Vineyard. „Beyonce: Behind The B'Day Videos“. MTV Вести. MTV Networks. стр. 1. Архивирано од изворникот на 2016-08-19. Посетено на January 29, 2011. Text "MTV News" ignored (help)
- ↑ „Flaws and All“. MTV. March 28, 2007. Архивирано од изворникот на 2014-08-26. Посетено на April 8, 2011.
- ↑ 10,0 10,1 Jennifer Vineyard. „Beyonce: Behind The B'Day Videos“. MTV Вести. MTV Networks. стр. 3. Архивирано од изворникот на 2012-06-19. Посетено на January 29, 2011. Text "MTV News" ignored (help)
- ↑ 11,0 11,1 Jennifer Vineyard. „Beyonce: Behind The B'Day Videos“. MTV Вести. MTV Networks. стр. 2. Архивирано од изворникот на 2007-12-14. Посетено на January 29, 2011. Text "MTV News" ignored (help)
- ↑ 12,0 12,1 Cliff Watts (March 16, 2007). „Get To Poppin'“. Vibe (magazine). InterMedia Partners. стр. 29. Посетено на January 29, 2011.[мртва врска]
- ↑ „Beyoncé – Flaws and All (deleted scenes)“. Nuts. IPC Media. Посетено на January 29, 2011.
- ↑ 14,0 14,1 Jon Pareles (August 6, 2007). „Romance as a Struggle That She Will Win“. The New York Times. Посетено на January 29, 2011.
- ↑ Beyoncé Knowles. (2007). The Beyoncé Experience Live. Columbia Records.
- ↑ Chris Willman (July 13, 2007). „The Beyonce Experience“. Entertainment Weekly. Time Inc. Архивирано од изворникот на 2012-10-20. Посетено на January 29, 2011.
- ↑ J. Freedom du Lac (August 11, 2007). „A Blast of Beyonce“. The Washington Post. Посетено на June 28, 2011.
- ↑ „Beyoncé Experience Live [DVD] by Beyoncé“. Yahoo! Music. Yahoo!. Архивирано од изворникот на 2011-06-24. Посетено на April 15, 2011.
- ↑ „Beyoncé – "Flaws and All (Live)"“. MTV Networks. November 27, 2007. Архивирано од изворникот на 2010-04-03. Посетено на January 29, 2011.
- ↑ „Flaws and All (Live)“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на January 29, 2011.
- ↑ „Video: Beyonce on 'Ellen DeGeneres Show'“. Rap-Up. Devin Lazerine. November 25, 2008. Посетено на January 29, 2011.
- ↑ Parke Puterbaugh (June 29, 2009). „Review: Beyonce is ... Fierce talent“. New Records. Архивирано од изворникот на 2012-03-08. Посетено на January 29, 2011.
- ↑ „I Am... World Tour by Beyoncé – Download I Am... World Tour on iTunes“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на January 29, 2011.
Надворешни врски
уредиКнига:B'Day | |
Книги се колекција на статии кои можат да бидат спуштени или нарачани за принтање. |
- Beyoncé.com Архивирано на 5 јануари 2009 г.